Според вас чим е пристојно зошто вака не се облекувате и однесувате во јавност? Не знам каде реков дека е моја работа ама зошто толку ве боли ако некој изнесе мислење различно од вашето. И да, исто е, не ми се допаѓа и сметам дека не е пристојно.
Е како споредваш сега глупости? За навреди е муабетот. Објасни ми еве ти.... за тебе. Како одлучуваш што те навредува, а што не? Како одлучи дека тој со суќњата со икона, за тебе е навреда? Чекаше некој да ти 'дозволи' да се навредиш, или сама знајш шо те вреѓа, а шо не? И како можи јас да те сфатам тебе, дека тоа тие е навреда и да го осудам однесувањето на ликот, а ти не можеш да разбереш друг човек, дека нешто го навредува? Само за себе си мислиш. Не ти е ич гајле за другите. Финесата на социјалната правда е во почитувањето на различностите во него, а не некои да им кажуваат на другите што требало да ги навреди, што смееле да прават, дали смееле да имаат партнерска заедница, дали смееле да имаат деца... Па и глупости како: Не ми се допаѓа нивниот вкус на облека. И шо ако не ви се допаѓа? Ве облече некој вас така? Вие да мојте сите би ги напрајле исти ко вас, а тие шо не можат да се сменат, најрадо би да 'исчезнат'. Нарцисизам 101!
Јас не сакам да се облекувам така, ама не ми менва ништо ако некој друг сака баш така да се облечи. Зошо да ми е гајле како бил некој облечен? Од толку паметни работи за мислење, вие на какви тривијалности 'запнувате'
Секој има право да си го искаже своето мислење за нешто. Или ако е спротивно од вашето мислење е погрешно и не смееме да се осудиме да го искажеме?
Абе јас не кажувам мислења за тоа како се облечени другите, оти е беспредметен муабетот. Мислам дека доволно го демонстирав преѓе со тоа: “Еден по долна маица.“ Мислев ќе сфатите... ама ништо Апсолутно не прави разлика во мојот живот, кој-како е облечен. Ниту пак тебе ти прави разлика во животот, како бил некој облечен.
Тој со иконата гиба во работи кај шо не се гиба. Исмејува религија, нешто свето ако воопшто знаете што е свето. Второ не би сакала да мешам и други религии ама пробаа еднаш во Франција да го исмеваат Мухамет и со митролези му влегоа во новинарската куќа, сите знаеме како заврши (морам на секое дисклејмер да ставам зошто ќе пишите сеа аа да значи и за овие така треба. Не, не треба, кажав неколку постови погоре). Некои работи отидоа предалеку, не се дира сегде. Хомосексуалноста не е религија па да ја споредувам со тој со иконата, различни работи се и тоа како. Кажав јас, немам ништо против тие луѓе нека си живеат како сакаат само не сакам утре да бидат пример за детето мое. И да тоа што кажав дека не е природно РЕАЛНО не е природно. Не е навреда тоа. Ако е природно кажи ми друг начин на оплодување од тој со маж и жена. Нема значи. Не знам што е себичното тука. Природа и пари. Баби и жаби.
Е де.. во право си! Иссмејува религија... И јас тоа го разбирам и го осудувам - реков сто пати. А ти навредуваш цела една заедница на луѓе, нарекувајќи ги 'ненормални' Оти ако е во ред така да збораш, ко ќе те налути шефот, не му речиш дека е 'ненормален' и да му речиш: “Ами мислење имам“ Шо ебано мислење е то? Навредваш, па уште се чудиш: “Зошто некој се навредувал?“ ... ај сега пробај ти да ги разбериш тие што се чувствуваат навредени. ако си воопшто способна за таква 'длабока ментална анализа'.
Дали треба лгбт да убиваат луѓе што ќе се осмелат да ги исмејуваат за да ги сфатите озбилно? Ко со гордост или восхит да кажуваш како убиваат луѓе за исмејување во име на религија па може сите треба така да браниме свои верувања и ставови?
Човече не е природно јас не знам како да ви објаснам а на темите за бременост осудувате за сексуална едукација. Ако се изјаснив негде место неприродно со ненормално еве го дочекавте тој момент да се извинам, мислев на неприродно. И пак не сфаќам како е тоа навреда.
Нема шо ти да објаснуваш! Ни си геј, ни си доктор, ни некаков експерт. Ти ли ќе му кажуваш на другите што е за нив 'нормално'? Кој ти дал таква моќ?
Па еве кажав мислев на неприродно не ненормално. Бог да чува Ако банирате од х причини, сметајте ги и овие каде што се упатуваат директни навреди неколку постови погоре. Фала, пријатен ден.
Ама природно е, разбираш. Не можеш ти да одлучиш мене шо ми е природно. Еве на пример, јас не сакам анален секс. И сега треба сите кои го сакаат да им речам дека не се природни и дека не треба да ја експонираат нивната љубов во јавност, да не смеат да стапат во брак и да не смеат да имаат деца... и уз тоа, постојано да ги навредувам и иссмевам. ... и сето тоа, оти мене не ми се допаѓа аналниот секс. Не ти изгледа себично?
Нема воопшто да го даваш како пример пошто индиректно посочуваш што може да се случи, без разлика дали оправдуваш или не. Дали треба и вие да замолчите ако некој од лгбт реши да почне да стрела како што молчат критичарите за муслиманската вера?
Повторно не ми сосема одговори на прашањето. Да кажеме дека е вистина дека нема толку геј луѓе, туку многу од нив се само заради тренд. Сепак, со тоа што одамна постои сексуалноста, и самата треба да си свесна дека и природно доаѓа таа сексуална атракција. Што да правиме со таквите особи? Да исчезнат во воздух не можат. Не е достојно за една единка да го помине животот сама, затворена, неинтегрирана во општеството. Едноставно се обидувам да сфатам што сакате да се случи со ЛГБТ заедницата, на страна паради и виножита - како да постојат овие луѓе и притоа да имаат достоен, задоволителен живот кој го заслужува секоја особа (која не извршила криминал и такви работи)? Некој друг да е, ќе каже да најдат Бог, да идат на терапија за конверзија, ама не гледам солуција од твоја страна. Животот кој ти им го препорачуваш е да не доживеат романса, да живеат понижени од општеството, без права. Тоа оди против секоја природна човечка потреба. А ти нели, многу сакаше билогија?
Кој како сака нека си прави за себе и својот живот, додека не ги повредува другите - немам против, ама дајте луѓе малце поеколошки правете паради, настани, протести, митинзи: ДАЛИ ПАРАДАТА НА ГОРДОСТА ЗАВРШИ КАКО ПАРАДА НА СРАМОТ - зошто никој не го собра ѓубрето после настанот
Тој до иконата е од прајдот во Атина, не во Скопје. И секоја година ќе се рециклира истата слика и ќе пиздите во стил "видете што прават". Ептен лесно ве палат, пуф Коментарот под сликата омилен Ете решение, следен прајд на прочка во Прилеп да се организира и сѐ ќе биде дозволено. Да, ѓубрето е апсолутно ОД-ВРАТ-НО
https://novatv.mk/turistichkiot-biser-kako-deponija-domashnite-gosti-ostavaat-kup-gubre-zad-sebe/ Не знаев дека само лгбт луѓето оставаат ѓубре.