Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Парада на гордоста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од WildMk, 16 јуни 2021.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Е за ова на пример, скроз се согласувам.

    Ако можев јас да си го влечкам со мене ѓубрето, сите можеа.

    Стварно сме гнасен народ...

    Никој не треба да остава ѓубре.
     
    На sparklie, buba4e89, Amellie13 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.254
    На mode-kristina и Stephen Amell им се допаѓа ова.
  3. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    Вајлд се сложувам дека никој не треба да остава ѓубре, ама буквално во темата за сѐ нешто ги нападнаа. Само колку да докажат дека нешто "им фали".
     
    На Mencia, buba4e89, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. SugarHoney

    SugarHoney Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2019
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.460
    Пол:
    Женски
    А како очекуваш циркузанти да се облекуваат?
     
  5. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.751
    Допаѓања:
    3.614
    Пол:
    Женски
    Праевме муабет за правење деца, на страна страсти и посвојувања. Природниот процес на правење деца го знаеме. Па и инвитро да е ти треба сперма.

    Препрочитај подобро што пишав. Коментаров си нема врска со поентата моја шо сакав да ја кажам ама нормално на секое различно мислење од вашите се вртат во друга конотација размислувањата.

    Еве не знам кажав. Не можам да се ставам на нивно место, значи не можам за да ти кажам како би се решило од аспект на тие кои навистина се чувствуваат така (0.01%). Има покомпетентни кои се занимаваат со наука јас се занимавам само со основни работи од биологија. За останатите, се знае дека нема да заврши никогаш ова, кажав дебел интерес е во прашање.

    Нека ме просветли некој како може цел живот да си машко и од еднаш ти текнува на 30 години дека си геј? Стварно барам објаснувања за ова а да не се од типот “нормално, се кријаат ради осудувањата“
     
    На Hoping му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Ни религијата не треба прва да се чепка во човековите права, во креветите на луѓето, во матките на жените, ама ете се чепкаат со векови и уште очекуваат безусловна почит од оние кои ги газат.
    Ако религиите и светите книги одредуваат што е природно, а што не - ај нека се создаде женски организам од ребро на машки и нека се оплоди некоја девица без секс ако може, м? Или уште полошо, да почнат дедовци да земаат за жени 5-6 годишни деца како тој Мухамед за којшто убиваат?
    Смешни сте, поминато е времето на вашите идеологии, жал ми е посебно за млади луѓе кои се водат по ова.
     
    На Bezimenka90, theowndemon, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Движењата за социјална правда воглавно се одликуваат со борба против сѐ што е уништено, нападнато или обесправено вклучувајќи ја и природата.
    Да, по ѓубрето излегува дека некои само на журка дошле. Гадно е, и некој кој тврди дека знае што е дискриминација не смее да си дозволи да ја дискриминира природата. Скопје е свињарник, да ми опростите на зборот, барем добар гест би било секој да си исчисти зад себе. Утре истите тие ќе протестираат демек против загадувањето.
     
    На Guns N` Roses, Ugly Duckling, mode-kristina и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.599
    Допаѓања:
    15.941
    Пол:
    Машки
    Да, излегуваат овие од влада баш затоа шо е фенси, а не затоа што ги поддржуваат, тоа е јасно.

    ВИДЕО:
    https://fb.watch/6ooZlycV5x/

    123.jpg
     
    Последна измена: 27 јуни 2021
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Особата од сликата што се коментира е гот по облеката ако можам да забележам. Користење на крстот наопаку во гот културата не е нова појава, и нема никаква поврзаност со парадата или со хомосексуалноста. Вие како прв пат да гледате ваков аутфит :?: со децении наназад постои, не ја разбирам малку шокантноста како нешто ново...

    Всушност и можам да ги разберам ако дел од хомосексуалците се свртат спроти црквата или религијата, затоа што тие се тие кои ги деградираат во општеството. На крајот, секој го сака најдоброто за себе.

    Навистина не знам зошто да ја мешаме религијата во сето ова, не сите се религиозни, и не сите припаѓаат на една иста религија. Користете барем други аргументи, религијата нели вели да не осудувате, има кој да суди. Не гледам дека се потепавте да коментирате за педофилијата во црковните редови низ светот.

    Mода? Иако можеби поради тоа што поотворено се зборува и малку повеќе се прифаќа хомосексуалноста, па некои луѓе се послободни да пробаат како би било да се биде со човек од ист пол, не мислам дека е во подем хомосексуалноста, туку поради потиснатите емоции, неприфатеноста во општеството, срамот.. во минатото,.и тие што биле, не сте ги знаеле.

    И во хомосексуалноста постои разврат, постојат неверства, постојат фетиши, појави кои апсолутно постојат и во хетеросексуалноста. И во хомосексуалноста и во хетеросексуалноста постои педофилијата која никогаш нема да биде прифатена. Сите појави постојат и во едните и во другите врски. Има и религиозни хомосексуалци, колку што има и нерелигиозни хетеросексуалци. Не знам зошто некои "неморални" ствари им се препишуваат само на едните. И во хомосексуалноста постои силување, и сексуално малтретирање, кое за жал најчесто поминува неказнето, како и кај хетеросексуалноста. Тоа што некој е хомосексуалец и по автоматизам му се препишуваат најлошите човечки карактеристики е предрасуда на која треба да работите.
     
    На sparklie, Lianna Anna, Bezimenka90 и 16 други им се допаѓа ова.
  10. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.636
    Допаѓања:
    25.352
    Пол:
    Машки
    20210627_185807.jpg
     
    На Lianna Anna, Bezimenka90, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.
  11. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.751
    Допаѓања:
    3.614
    Пол:
    Женски
    А ај нека се оплоди маж тогаш. Глупости|(
    Религијата веќе не чепка нигде затоа и светот е моментално тука каде што е. Проценете сами, дали на подобро или полошо. И светите книги не одредуваат што е природно него науката. Јас така учев, во учебникот пишуваше дека човек поточно женско може да се оплоди со помош на машките сперматозоиди за вас не знам. Нигде не пишуваше дека маж со маж може да створат деца, нити дека маж може да раѓа рецимо. Не сум некој верник којзнае каков нити се залагам да бидам, едноставно кажав претходно религијата е водич за морален живот ама пак не те праи одењето во црква верник а после тоа излегуваш и крадеш, тоа не е до религијата него до нас луѓето.
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  12. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.838
    Допаѓања:
    5.584
    Никаде не пишува и дека треба ,,вештачки ,, да се добиваат бебиња со инвитро. Може се неплодни зошто господ така сакал. Што е со оние што не можат да имаат деца и тие се спротивни на вашето мерило нормално е се што се репродуцира.
     
    На WildMk и Stephen Amell им се допаѓа ова.
  13. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.503
    Пол:
    Женски
    Ако веќе тврдите дека хомосексуалноста е неприродна, тогаш и вештачкото оплодување е неприродно, и хемотерапијата исто така. Јас сум верник, во Библијата пишува како ТИ да живееш, а не како ти да им кажуваш на другите да живеат, за односот со другите во Библијата пишува две работи: 1. Сакај ги своите непријатели и 2. Не осудувај.
     
    Последна измена: 27 јуни 2021
    На WildMk, spacegirl92, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Во право си и ти...
    Се' се користи да се дискредитира борбата на толку ранлива категорија граѓани...

    Имаме уште муви за лапање...
    Јас на пример сметам, дека напредок е да се има либерална демократија и социјално општество.
     
    На Someonespecial, Stephen Amell и x-MajaEsposito-x им се допаѓа ова.
  15. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.486
    Пол:
    Женски
    Не разбрав дали ова е група само за ЛГБТ поддржувачи или секој може да напише што мисли за ова. Јас ќе напишам, еве.
    Јас лично НЕ поддржувам, затоа што според мене тоа е против вољата на Бога. Но исто така не осудувам никој, секој нека прави тоа што сака, си има право, нивен живот-нивен избор и така Бог ни кажува никого да не осудуваме, да почитуваме секого.
    Само, почнува да ми смета тоа што моментално прекумерено се дава значај на сево ова, се промовира секаде каде што може, со тоа и децата почнаа да се 'трујат'(да не бидам сватена погрешно). Ќе образложам што мислам под тоа 'трујат'. Знаеме какви се денешните деца, а видат некој 'тренд' тие веднаш се во него, а видат нешто популарно и тие се со тоа, а видат стана 'позната' ЛГБТ популацијата и тие веднаш се дел од ЛГБТ. Доста луѓе се дел од ова популација само да бидат дел од тој 'тренд'.

    Како и да е, животот е прекраток за омраза, така да секој нека прави она што мисли дека е исправно и она што го сака.:D
     
    На ReinaDeCielo, Kimberly11, Peanut Butter и 2 други им се допаѓа ова.
  16. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.007
    Новите генерации се со сè поотворени умови, се сè почуствителни на изборот на зборови и се со сè помалце предрасуди токму затоа што на нет, на социјални мрежи, во серии, филмови и музика, гледајќи од животот во поразвиените општества, можат да видат дека е океј да не си стрејт, да не си белец, да работиш нешто конкретно, а да не си жена, итн, бидејќи сето тоа е нормално и конечно се отвараат очите после толку време перење на мозок. Привилегирани луѓе со моќ убедувале други луѓе дека е подобро да си белец, дека е подобро да си маж, дека е подобро да си стрејт, а уствари во прашање се само луѓе. Сите сме само луѓе, сакаме кого што сакаме и изгледаме како што изгледаме.

    Дали е пропаганда или е еволуција?

    Еволуција во начинот на размислување, еволуција во зголемениот распон на гледања на нештата, еволуција во самосвесноста.

    Затоа што кога конечно на нормалните нешта не им се става етикета на "ненормално", туку се претставува реално како што е во секојдневието, не значи дека е тренд. Тоа значи дека се случува отварање на очи, се случува едукација, се случува промена во општеството со ослободување од стегите и наметнување на луѓето да се срамат да бидат тоа што се.

    Од кај знаеш дека децата во 2000та не ги привлекувал истиот пол? Само затоа што можеби не сте/се зборувале/ло, не значи и дека не се случувало.
    Со ова тренд се правите ко паднати од Марс, као демек од вчера има геј луѓе.
    Патем, луѓе сè уште држат разно разни диети и се искомплексирани, зошто се луѓе, и премалку време е поминато за да се направи некоја промена.

    @x-MajaEsposito-x а дали е океј геј човек кој може да има деца, да најде сурогат мајка (ако е маж) или дарител на сперма (ако е жена) и така да го оствари своето право да биде родител и да го ја искористи својата среќа дека не е стерилна личност?
     
    На Bezimenka90, spacegirl92, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    И што ако пробаат хомосексуална врска?
    Сите сме експиремнтирале со својата сексуалност.
    Не нужно со хомосексуални врски, ама со преференции и желби да.
    Повеќето сме пробале повеќе различни работи во кревет.

    И како не прави тоа 'отруени'?
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Од секогаш имало хомосексуалци.
    Не знам зошто сметаат дека е нова појава.

    1978ма сум родена и во мојата генерација и постари, познавам луѓе кои се на спектарот на сексуалноста.
     
  19. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.007
    Затоа што толку им е распонот на размислување, и не, не е ова навреда, туку факт е дека гледаат ограничено, само она што они виделе и чуле дур се живи, само тоа е вистина.
     
    На Bezimenka90, theowndemon, staycalm и 2 други им се допаѓа ова.
  20. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.486
    Пол:
    Женски
    За отруени не Ве сметам Вас како постари личности(мислам на зрели личности), затоа што сте добро запознаени со сé, знаете за што се зборува. Ама дали децата знаат што се тие поими? Или важно е да ги спомнат затоа што насекаде се зборува за тоа?
    Ова го зборувам затоа што на социјалните мрежи, па дури и во реалниот живот сé повеќе деца се истакнуваат како дел од популацијата, а премногу се мали за да знаат што тоа значи и да се свесни за својата сексуална определеност.
     
    На Kitten и Hoping им се допаѓа ова.