Можеби, не велам не, може и да е еволуција. Јас не го негирам постоењето на хомосексуалноста и тоа дека датира одамна, ја дискутирам потребата од пропаганда и рекламирање на истата, а тоа дека треба ЛГБТ да добие права на еднаков третман, се согласувам. Сметам дека на сметка на "барање права" во позадина се туркаат уште еден куп работи. Башка, на никој не му дошло до тоа некому да отвара очи, туку тие што ја водат оваа работа ја водат за пари. Живееме во капитализам, сите сме почувствувале на своја кожа дека сѐ е за пари.
Навистина претажно што е тука каде што е моментално светов, што можеме да се образуваме, да гласаме, и што не може да нѐ пали црквата ко вештерки од ќеф на пример. Стварно не можам никогаш да разберам млади девојки што се држат до конзервативизам, религија, традиционални вредности и копнеат по минати времиња и правила во нив, сѐ тоа оди заедно со опресија на сите нас жените, дали стрејт, геј, би, транс. Како избирате при олку информации и role models да одите против самите себеси и да си ја мразите сопствената слобода (барем релативно до каде што дошла, бидејќи и од ова треба уште напред)? Друго, никој не тврди дека маж може да оплоди маж, ниту па им треба. Науката ја признава природата и законите на оплодување, но не го наметнува биолошкото размножување и потомство како нешто нужно во животот на човекот како свесно суштество за да биде признаен како „нормален“ и „природен“. Науката и официјално ја има признаено хомосексуалноста дека не е никакво нарушување пред децении, по точни параметри и фактори. Не може да биде нарушување нешто што никако не пречи на здравјето на индивидуата (освен што дискриминацијата од општеството влијае на менталното здравје), ниту на тие околу истата. Од друга страна, религијата зборува за „природни закони“, а куп настани во светите книги се косат со истите.
Па и јас ја открив својата сексуалност на 11-12 години. Тогаш почнав да се интересирам за 'видео касетите' со германски порничи на моите Прв пат доживеав оргазам со мастурбација на 12. Шок ме мана оти никој не ми имаше кажано што е и дека се случува ако 'се фаќаш долу'. Вечерта со плачење и' кажував на мајка ми што ми се случи. И ми вика: Ааа си свршила... За нејзе највообичаена физиолошка реакција, јас појма немам што значи зборот Како мине времето, ги истенчуваш интересите, ги зголемуваш знаењата, повеќе и повеќе се запознаваш себе си и своите потреби и на 20 и некоја (кога фронталниот кортекс ти е веќе сосема развиен), знаеш што те привлекува сексуално, а што не. Процес е тоа за сите луѓе на планетата кои некогаш постоеле, постојат и ќе постојат. Од друга страна, евидентиран факт е дека откако се води евиденција за човековата сексуалност, од прилика 5%, до 10% од глобалното население е со хомосексуална ориентација. И тоа не се менувало во зависност од тоа дали е хомосексуалноста прифатена во одредено општество, или не. И во времето кога постоеле римските оргии, и античо-грчкото општество во кое хомосексуалноста била сосема прифалива, и тогаш процентот бил во тие рамки. Нема повеќе луѓе да станат 'геј'. Еве, видете го и примерот од земјите во кои денес е општествено прифатена хомосексуалноста како сексуална ориентација, и земји во кои се легализирани истополови бракови, сеуште бројката се движи меѓу 5%-10%. Не сме загрозени никако... А за нив би значело да се исто интегрирани во општеството, како што сме ние кои преферираме хетеросексуални врски. Сум била со жена и ме привлекуваат жени на еден површен сексуален начин... Од секогаш било така, ама па и од секогаш преферирам мажи пред жени. Тоа што 'пробав со женско' не ме направи геј. Само 'пробав' како што пробав и еден куп други глупости.
Ооо, па сте се накотиле и тука еден куп хомофоби, не беше доволен фб, инста и твитер. Едно да ви кажам, па вие како сакате сфатете го. Оваа недела лгбт луѓето го изедоа секој можен хејт од хомофоби ко вас тука во темава, дури и многу, многу полошо, со закани за силувања, смрт, претепувања итн итн итн. Навикната сум за се да се коментира лошо за се, за обиди за самоубиство, за феминизам, за јавни соби, за семејно насилство, ама за парадава се преминаа сите граници, се отвори и искочи најзлобното од истиве нелуѓе. Квир популацијата гордо и достоинствено издржаа и јас не видов контра реплики ниту приближно со таков вокабулар или речник према хомофобите. Слободно корегирајте ме ако грешам. Тоа многу кажува до каде сме, каков калибар се првите, а каков вторите луѓе, што се однесува до човечност.
Оф туго, па отворив коментари и читам - Браво Битола, секоја чест, браво, браво... Просто не ми се верува Ко во некоја сатирична серија да сум моментално, дали ова вистина се случува? Монти Пајтон вода да ви носи.
И сега цела Македонија не' знај како хомофоби. Нека парадираја за шо сакат ако ги прај среќни, ама не мораше во ист ден.
Цела мкд не знај ко хомофоби, а најинклузивен јазик имаме. За сите исто. Ужас. Ах бе 30 души шо ќе ти напрат. Толку беа инаку. Колку да не оцрнат, да се бара од мене и ова: Не го менвам, let's make Bitola, great again.
Извинете за вулгарностите, поентата е битна И стварно е трагикомично и језиво како баграва се расправа и вреѓа главно со пцовки и закани во сексуален контекст. Тешки латентни фрустрации, јбг...
Гледам постојано децата ги спомнувате.Како мислете,на кој начин пропагандата ќе ја одреди нивната сексуална ориентација?Еве пробајте од себе,или можете да бидете со маж/жена или не.Едноставно не ве возбудува. Често се прашувам што ако детето ми е геј?Детето е единственото нешто кое го сакаш повеќе од себе.Нема да ми е сеедно,тоа е сигурно.Не ради поколенија,туку каде се родени.Тука нема да се прифатени,тоа е сигурно.Јас сакам само моите деца да се живи,здрави и среќни.Ништо повеќе.Да го прават во животот она што ги исполнува(нормално не да крадат,убиваат,дрогираат). Памтам гледав една емисија во Србија,за трансродово дете.До 18 год имаше три обиди за самоубиство.Мајката рече подобро детето да ми смени пол,наместо син да имам ќерка,него да имам син во гроб. Не можеме да ги разбереме затоа што не сме осетиле на своја кожа.Ама постои емпатија,разбирање за нив да покажеме. И секој еден што е геј да го прашате ќе ви каже да мора да бира сигурно не би избрал да е геј. Не се сеќавам која членка беше ама рече ако нејзиното дете е геј ќе се обвини себе,или пак Господ така сакал.Едно е сигурно,Господ така не сакал,нели според библијата не се поддржува истополов брак.Тогаш свали си ја вината на себе,зошто почесто не си му повторувала да не стане геј. Ама пак ќе ти е џабе човек или е геј или не е .
На факултет имав најдобар другар геј, кој никогаш не кажа дека е геј, а толку беше угнетуван од друштвото, навредуван и омаловажуван, па што остана од другите. Заедно спиевме, делевме се и од мене се криеше поради се што доживеал и се плашеше, дури некогаш кога ќе бевме излезени ќе ми речеше она мачето за некој дечко е секси ептен и одма после абе се заебавам за тебе е секси или ќе се вадеше, а знаев,а и сам знаеше дека знам. Еднаш ептен се начукавме и спиевме кај мене и јас му кажував демек некои работи од минатото и ми кажа, дека еднаш бил со маж, а сега бил заљубен во некој дечко исто геј и дека се сакаат, се слушаат, ама освен тоа ништо не можат да направат од срам и страв. После тоа јас морав да одам со нив на кафе, за да не изгледаат сомнителни и некој не дај боже да ги претепа, колку пати сум дремела сама за да се видат на раат, за да мислат луѓето дека сме сите тројца не сами тие, така да да, јас сум се осетила исплашено, параноично, лошо, депресивно и исфрлено, а како ли се осеќаат тие. Како да сме со времето пред прва светска, па да се кријат ко од ѓавол, да не ги видат луѓето, да не бидат претепани или озборувани од комшиите. Сега е во Малта со друг партнер, 2 години се во врска, ретко се слушаме, ама го гледам на инста, среќен, заљубен, насмеан до уши. И секој еден човек, кој по никој основ не прави никакво зло со своите постапки треба да биде таков. Среќен и слободен да ужива во среќата.
Ајде сега кажете, која од вас е овде на сликава? Сакам да дознаам првата која е, сакам да му ја наместам на еден другар
Колку тажно е да читаш вакви искуства... И после некој ќе кажува дека е 'верник', ќе постира слики од болни деца со муабет “Пишете Амин за детево“, за да 'докажи' колку е емпатичен и воедно ќе плука по хомосексуалците. Тој што има емпатија, има емпатија за сите. Тој што едни 'ги жали'- други не, нема емпатија, туку само глуми пред народ. Одвратно.