А, дали страдањата на децата се волја на господа? Поважно му е да нема педери или да нема невини страдалници?
Што е проблемот со Турција со солзавците нека им стаат солзавци на тие што силуваат и киднапираат, мочковци.
Истите хомофоби на фејбук коментарите злобни имаат еден заединчки синдром тоа е шовинистичко угнетено во главата, ако тој е против гееви, ке е и против права на жени, роми таквите мислат дека се најбитни и треба нив да ги следеме а пукат од несигурност.
Government, ало, не Goverment. Абе до толку еден обичен транспарент да не го проверевте како треба, Сто души вака грешен го носат.
Да де... тоа е круцијален проблем во глобалната борба за човекови права. ... дали некој лапнал буква на транспарент
Во Европа не им сметаат паради и лгбт. Таму фино лепо ќутат, а тука сејат отров. . Да. Има хетеро родители што ги млатат од ќутек децата, ги оставаат да растат сами, проповедаат семејни вредности, а ги тепаат жените. Има и мајки лезбејки кои си го гледаат детето со љубов и разбирање. Фала богу мрдна од точка 0 земјава и жена може да си роди дете и без партнер. Не ве разбирам стварно што мислите што е полошо. Две жени да растат дете со љубов или "мајка и татко" со злоставување.
Споредбава е многу глупава. Инаку не е поентата љубов и разбирање само како такви туку улога на мајка и улога на татко. Ниту мајката може да ја замени улогата на таткото ниту обратно. Прашајте стручни психолози каква улога има мајката во растот и развојот на детето, а каква таткото. Скроз лудо е да се спомнува дисфункционално семејство за споредба.
Можеби е така, но замисли го отсуството и на мајката и на таткото? Како живот тогаш има тоа дете? Или пак оние кои се одгледувани од баба им и дедо им.
Аха... А оние деца кои растат со самохран родител? 'Осудени се на пропаст' и тие? Прашај стручен психолог и ќе ти кажи дека дете може да најде father/mother figure во било кој човек со кого е блиско. Дедо му... на пример.
Во баба му ќе најде мајчинска фигура... Во мажи наоѓаат татковска фигура, во жени мајчинска. *Знаеш за што постојат тие 'фигури'? За детето да знае да се снаоѓа во вака организирано општество. Кое од темели е поставено на полови улоги. Наследство ни е од предците...
@MissChievous @WildMk Повторно споредување безврска. Сите ние знаеме дека има деца пораснати со самохран родител или со други роднини (познавам дури два такви случаи многу добро, едната израсната од баба и дедо, другата од тетка и тетин) кои се израснати во здрави и среќни личности, како и сите нас. Верувам дека им било потешко во одредени ситуации, верувам дека се соочиле со поинакви проблеми и грижи што е многу нормално и не знам зошто да се дискутира за тоа. Ама скроз лудо е да споредуваме недостаток на родител со наметнување родител кој би имал улога спрема дете која не постои и не е природно.
Ај повикај се на мојот претходен пост. На децата им треба родител. Мајчинска/татковска фигура, е правило кое не мора воопшто да постои... Колку повеќе правно и социолошки се израмнуваат родовите улоги, толку помалку ќе има потреба од (нужно) два различни модели на полови улоги.
И што е улога карактеристична за татко, а која за мајка? Која е таа улога толку важна што зависи од полот? @Traveler91 @Hoping
Тоа ли е страдање? Тоа ли се страдалници? Вистинско страдање е детето да е болно, а да нема пари да се лекува. Вистинско страдање е секоја вечер да си легнува гладно и утрото така да го дочекува. Страдање е да нема топлота во домот, да умира од студ по улиците. Да нема со кого да ужива во детските денови. Може да се искористи друг збор, ама страдање е преголем поим за такво нешто. Да не мешам баби и жаби, ама морав да реплицирам. Веќе еднаш реков, не поддржувам затоа што СПОРЕД МЕНЕ е против Божјата волја. Што не значи дека сите исто размислуваме и сметаме исто.