не можат да се израмнат затоа што мажот никогаш нема да може да раѓа...машки и женски пол не може да бидат исти, сега што некои жени личат на мажи и обратно, тоа Точна улога не може да се каже, сите луѓе се различни на карактер. Ама сепак начинот на кој мајките се однесуваат со децата повеќе е нежен, смирувачки и сериозен, додека татковците имаат поинаков пристап, тие повеќе си играат со детето. Интеракциите на таткото со детето се повеќе физички, помалку интимни, со повеќе смисла за возбуда и хумор. За детето односот со таткото е многу поразличен од оној со мајката.
Зошто е споредбата безвезе кога она што е единствено битно е секој да има среќен дом каде што ќе живее со некој кој ќе го сака, ќе се грижи за него, ќе му пружи услови да се школува/облече/најаде, итн. Без разлика дали тоа биле неговите биолошки мајка и татко, стрејт пар кој го посвоил, геј пар кој го посвоил, роднина, сосед, итн.
Мама мие садови, тато мие кола. Мене ми смета многу, премногу што сите молчат за дисфункционални семејства со мајка и татко, вртат глава и на никого не му е гајле што им се случува пред очи. Не е наша работа. Ама наша работа е ако две жени гледаат дете. Ни смета. Не е природно. Зборуваме, се буниме. Како ќе порасне?
Е само то не можи... За тоа не му треба двајца родители, па уште од различен пол... Секаде може да научи. Во се' што е дел од социјалната улога, можеме да бидеме сосема еднакви.
Ние вака се договоривме да биде... не е пишано во камен. Факт е дека може денес и жена да работи, да се образова, да е финансиски независна и да биде еднаква со било кој маж.
Дефинитивно. Подобро за некои е да има фамилии каде таткото ја матретира мајката отколку маж и маж да имаат детенце.
Цела психологија како наука се погазува. Докажани се сите девијации кај детето, тинејџер или возрасен како настанале во текот на неговиот развој. Ама неее, што знаат психолозите, нели нема нккакво значење односот на таткото спрема мајката во бременоста, односот на таткото спрема мајката додека е бебе, потоа односот на таткото спрема мајкатата додека е дете. Улогата на мајката спрема женското дете а скроз различна од таа спрема машкото дете. Исто и таткото, една улога и влијание има спрема женското а друга спрема машкото. Милион пати е кажувано пример како таткото влијае врз синот. Ама што знаат психолозите. И сето ова нема никаква врска со тоа кој мие садови и слично. И аман веќе со тоа дисфункционално семејство. Премногу е нефер таква споредба.
Замисли неандерталска романтика: На маж му се допаѓа некоја жена... Со стапо по гла и си ја влечка кај него в пештера!
Абе за вакви работи да тврдиш треба да си стручна во областа.А не вака да пласираш нешто што си прочитала на гугл како факт. Времето ќе покаже дали деца од истополови бракови имаат ист развој како деца од хетеросексуални бракови.И така е легално некаде, нека биде и кај нас, немам против да им се дозволи, ама моментално никој не може да кажува дали тој модел на семејство може да се израмни со моделот што го имаме сега.И малку глупаво е да мешате насилство кога подеднакво насилни можат да бидат и хетеро и геј луѓе.
Времето покажа веќе, дека нема разлика; освен, евентуално поради опресија од околината. Има држави во кои уште пред 20 години се легализирани истопловите бракови и посвојувањето деца од истите... Тие деца се пораснати веќе и од анализи се направени.