Не се ни сомневам дека ставот ти се заснова на рандом слики од луѓе на веселба. Нешто ко да извам слика од бациња во кафана, пијани, препотени, мрсни, и да речам сите стрејт мажи се исти. Којзнај. Изгледа сте. Прајд и понатаму се заснова на љубов. Нема да сфатиш. Треба љубов и емпатија за да сочувствуваш со туѓи искуства и да поддржиш лица кои се во незавидна позиција. Ок е. Не ни го очекувам то.
Е ова веќе личи на коментар на хомофоб, нервозно, исфрустрирано и полно со лошотилук. Ај и до тебе љубов
О гледам си се смирила од претходниот коментар на кој ти одговорив па почна и да праќаш , фалаа ти, и не се нервирај друг пат ти праќам
Некако како стареам сфаќам дека вакви паради немаат никаква поента. За што всушност се парадира? Who cares кој со кого го дели креветот? Морам ли да знам. Јас не излегувам да парадирам за мојата сексуалност, напротив тоа за мене е интима, била стрејт, геј, шта год. Барем да беше протест, пологичен ќе ми беше. Стварно, што се сака да се докаже со оваа парада?!?!? Ајде во 80тите да има, ама во 2021 веќе луѓето се тотално индиферентни на ова прашање, тие со желба за прогон се веќе во изумирање. Не ми се интересни веќе.
А ти каде виде дека сакам у кафани да одам и со испотени бациња да се дружам? Оф боже ако немаш аргументи само глупости да се тропат Ти како што гледам си ја пропуштила минатата геј парада , па не се сеќаваш на сликата, оди подржувај и децата да не ги заборавиш , ќе има што да гледаат
Со почетен собир од 10 до 12 часот во Жена парк, па потоа со рута покрај Владата и до Школка во Градски парк, каде ќе се одржи и прослава, на 26 јуни ќе се одржи втората Парада на гордоста (Skopje Pride), овој пат под мотото „Вон ѕидовите“. Организирана од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија, настанот ќе ги реафирмира надежите за посолидарно, похумано, поправедно општество. Односно, славење на слободата, различноста, прифаќањето и љубовта.
Се надевам дека нашето општество ќе стане поблаго во однос на лгбт луѓето со тек на време. Без разлика дали некој мисли дека е погрешно или грев, тие луѓе сеуште во најдобар случај се срамат, а во најлош се тепани по улицине. Подобро да можат отворено да си кажат кои се отколку да се заробуваат во хетеро бракови само „ради народот“.
Парадираш секој пат кога ќе излезеш со дечко ти. И ај да го завршиме овој муабет, оти мислам го апсолвиравме денес.
Ама исто е. Се шетаат по улица луѓе. Некои се парови, некои не се; некои се држат за рака, некои не; некои се бакнуваат во јавност, некои не; некои се облекуваат провокативно, некои не Во што гледаш разлика?
Јас не сум за парада на гордоста(може некој ќе се зачудат за ова што го пишав), а тоа е од причина што однесувањето на тие што парадираат не ми се допаѓа и не ми е јасно што сакаат да покажат со некој смешни костуми, некој чудни работи што ги прават се обидувам да сфатам ама не ми успева. Нашето општество да, заглавено е со размислувањата не знам во кој век, но со парадата не може да се промени менталитетот на тој што си размислува така како што си размислува. Апсолутно почитувам секаков избор, сметам дека секој има право да го живее животот како што сака.
Ама,и ние што сме стрејт кажуваме дека имаме право на слобода на говор и се буниме кога ова право и други права ни се прегазени. Баш ради тоа дека никој нема да смени став ради нечија прошетка по градов и нема зошто да пречи. Не сме власт,па да кажуваме дали има поента и кој смее да искача на улици,а кој не смее.Уредно си е пропишано во Уставот и законите во кои околности се ограничуваат правата и слободите.Па,и власта е ограничена од Уставот при давање забрани.
Јас колку што знам ( може грешам) лгбт се бунеа дека биле окарактеризирани како " болни", дека така се раѓале... дека тоа било лично нивен избор за партнер.
Добро рече. Се бунеа дека биле окарактеризирани како "болни". Пошто не се. Јас пак ќе те прашам, ако имам избор да прам како шо треба по норма, а спротивното има лоши последици за мене ради општествена неприфатеност, оти би го "избрала" тоа? Партнери сите сами си бираме, сексуалност не. Партнер бираме во граници на нашата сексуалност и други субјективни критериуми покрај нагонското ( сексуалноста). Не се разбудваш еден ден и одлучваш да си геј. Не се разбудваш другиот и решаваш дека е доста од педерскиот живот. Или си геј, или не си. Толку е.
Како тоа парадирам, а јас не знам?!? Туку, ајде да се покаже дека нешто прави нивната заедница, а не лапа само пари. Што си толку наивна, не знам. На крај краева, што сакаат нека прават. Мене ме интересира каде се овие со стриптиз штикличиња натегнати у латекс хеланка кога се протестира за загаден воздух, едно прашање и мотив најкруциални за живот. Туку ја стојам со двајца без тројца. Или само излагаат за нивни интереси и прашања?! И пак не ми е одговорено прашањето, што е целта на парадата?! Утредента, ќе се склучуваат истополови бракови, посвојуваат деца?!? Нема, а нема ни за 500 години. Всушност, никој не им брани да живеат со своите партнери, ниту пак да видам на улица ќе реагирам некако. Мислам дека веќе доволно сме цивилизирани за да прифатиме една група на луѓе, со спротивна сексуална ориентација од нашата и нема воопшто потреба истото да се експонира. Мислам, види ме мамо јас сум геј, who gives a fuck...