Ова најмногу го забораваат тие што се против дозволување геј пар да може да посвојува. Као демек не би биле исти условите за посвојување како кај стрејт парови. Као демек нема да биде екстремно селективно одбирањето кој ќе може да посвои. Као демек секој кој ќе посака да посвои, ќе му дадат дете.
Ок... Еве.. не мора уште годинава да усвоиме закон да присвојуваат деца Чејте... Прво научете да не ги дискриминирате. Со ред се прај то.
Тие што дискриминирате. Вклучувајќи те и тебе, пошто 'немаш доволно докази, дали ќе биле здрави децата одгледани од геј парови'
Значи според тебе невини тригодишни деца страдаат поради гревовите на нивните родители. Праведно е тоа? Така де, на тоа страдање мислев - мали деца кои никому не згрешиле ништо, а сепак се во тешка ситуација. На господа му е побитно да нема педери или невини деца да не страдаат?
Прекинете да ставате етикета на дискриминација на сѐ што не е климање со глава.Горе убаво напишав дека немам против да се легализира посвојување и кај нас, а тоа што има уште недоразјаснети работи околу ова комплексно прашање не е дискриминација туку нормален тек на размислување.
Дискриминирање е ти да имаш право на брак и семејство, а некому да сакаш да забраниш, оти тебе 'не ти се бендисвало'.
Овде владее една тешка хипокризија. Во едни теми скокаат како националноста, религијата, полот биле наметнати карактеристики кај децата. Тоа не било вродено кај нив, тие не знаеле што се, се дур родителите не ги индоктринирале и не им го „испрале“ мозокот, ама истите кога ги носат своите деца на ЛГБТ паради тоа не важи, тогаш тоа не е индокринација и следуваат одговори: - Што ти е тебе гајле, ти ли ќе ми кажеш како да си го воспитувам детето, мое си е“!
Ништо не е наметнатно што опстојува биолошки со милениуми. Луѓето се групирале по својата сличност, а не различност. Тоа не може ништо да го смени. Историјата ќе покаже, кои општества ќе опстанат, а кои ќе исчезнат. Постоеле разни експерименти, некои ги згазило времето и природни (или божјите) закони, а други се и ден денес тука.
И овие и нивните поданици утре ќе ми вриштат за тоа како не може да им се објасни и треба да се заштитат децата, дека ЛГБТ правата отвораат врата за нормализирање на педофилијата и дека абортусот е убиство. Буквално злосторничка институција што никогаш нема да може да се испере и искупи пред светот за сите свои зла. Ужас...
Значи, хомосексуалци, кои се криеле низ призмата на религијата злоупотребиле деца? Така? Во верски училишта најчесто децата се машки. Геј попови силувале деца. Нели е ужасно?
Да им било дозволено да имаат жени и да си ги работат нив немало да се попедерат. Колку се тие, толку е и црквата крива.
Криминал направиле не оти се геј, туку оти се педофили! Не се возбудуваат сите гееви на мали деца исто како што не се возбудуваат сите хетеросексуалци на мали деца. И во едните и во другите има педофили. Педофилијата не е сексуална ориентација, туку е сексуално пореметување. Затоа што има жртва *Башка шо заборајв. Уште поголем е проблемот оти црквата, како институција, веќе судски докажано во многу држави, ги прикрива свештениците кои се педофили.
Не разбираме ние. Од секирации за другиве деца дали ќе се посвоени од хомосексуален пар, веќе им се потрошила емпатијата за еднакво да се загрижат и за овие. Тоа ќе да е.
Ужасно е што само ова успеа да го извлечеш од веста и појавава, ужасно е што сте спремни на сѐ за да ги одбраните болните догми. Има и случаи на силувани калуѓерки од свештеници, и калуѓерки што малтретирале деца, побарај по вести од светот. Има и детски бракови (девојчиња невести со стари мажи) во други исто така конзервативни култури со слично хомофобичен мајндсет. Какви сака нека се по сексуалност, токму од конзерви што чуваат „традиционални“ вредности треба да се заштитат децата.