Аха, значи, лезбејките никогаш не почувствувале вистински маж покрај себе да ги допре, па затоа станале лезбејки? Хм, не знаев. Фан факт. Сите свештеници, попови, кои силуваат деца се гејеви скриени под мантил. Gay in the closet. Верските организации не се идеални. Никој не е, но кога се даваат вакви примери треба да се потенцира и чија сексуална определеност доминира во ваквите примери со силувани деца. Чисто да нема злоупотреби.
Не е точно! Педофилите најчесто не прават разлика по пол, затоа што предпубесцентни деца немаат големи полови разлики во телата. Исто им е дали е машко, или женско. Има каде да пенетрира... тоа им е 'битно'...
Педофили се. Педофили кои опресираат сѐ живо со векови преку пропагирање чистота, морал и токму заштита на деца како нешто најсвето - а ко такви би требало баш идеални да се. Лицемерни гнасни монструми. Тоа е единственото што треба да се потенцира. И да, ваквите примери им се во огромен број и уште којзнае колку допрва ќе се откриваат, уште поголем прашалник колку од нив одговараат за тоа. Тоа е далеку од занемарлив исклучок.
Верските организации, како и ЛГБТ+ организациите ги интересира само пари. Религија и црква се различни работи, како и право и правда.
Не е крива ниту една верска заедница што помеѓу нивните редови има ЛГБТ in the closet. Проблем е ако знаеле претходно, а ги толерирале и дозволиле сето тоа да се случува. Да, постојат калуѓерки лезбејки in the closet што силувале женски деца.
Да де не е крива што имаат педофили. Не знаеле јбг. Тешко е да се влезе во трага на организирана педофилија што била масовна и траела со години.
Да да Калуѓерки лезбејки што силувале женски деца Јас мислев поповите се тие машки деца што силуваа, нешто лошо сум зачула тогаш.
Читам, затоа и искоментирав. Место да осудиш таков чин ти ја банализираш работата. Калуѓерки лезбејки
Зошто нема? Факт е дека над 90% од силувачите се мажи, без разлика дали жртвата е од женски или машки пол. Зошто да го релативизираме тој факт? Силувањето е машко насилство, и битно е да го окарактеризираме како такво.
Тоа нема потреба да се дискутира, нема зошто да ставаме акцент на жртвата. Фокус на напаѓачите целосно. Ич не е битно која е жртвата, само е битно кој е силувачот.
Така е. Се сложувам со ова. Најголем дел од силувачите и педофилите се мажи. Неоспорен факт. Но, од друга страна реално е да се каже дека и помеѓу верските организации има членови, кои се lgbt in the closet и прават одвратни работи, а после се плука врз цела верска организација како тие со амин да го дозволувале тоа.
Да де, поповите се редовно на мета, веќе 30-40 години. Ама зборуваме за педофилија, не за припадници на ЛГБТИ заедницата. И верската заедница апсолутно го дозволува. Мислиш не знаат за силувањата? Така, зад очи им се случува. Никако тие информирани, таман работа. И да, кога зборуваме за деца зборуваме за педофилија, не за ЛГБТИ ин д клозет.