ЛГБТ си ако си ЛГБТ. Стрејт луѓе отсекогаш наоѓале начини да најдат дефиниција за да бидат ЛГБТ: асексуалност, демисексуалност, neo pronouns и уште триста милиони микроидентитети кои наштетуваат на заедницата, а особено на млади деца кои читаат на интернет и се обидуваат да се пронајдат себе си.
Не е ново, не е ни од Скопје Не паѓај барем ти на вакви ниски удари. Имаш горе слики од парадата во Скопје. Маж, жена и бебенце кое едвај прогледало, типично хетеросексуално семејство, тотално репрезентативен примерок за ЛГБТ.
Небитно од каде е. Нешто кога е грозно - грозно е. За парот со бебето кој го спомна ... не би знаела соодветен коментар
Точно и замисли колку побрзо би се пронашле да немаше идентитети како бисексуалност вс пансексуалност, или да бидеш хетеро/хоморомантичен бисекусалец. Има polyamorous врски кои се сметаат за ЛГБТ иако во самата врска нема геј врска, туку е само ЛГБТ пошто не е традиционална врска меѓу еден маж и една жена... Милион стрејт девојки си ја лепат етикетата хетероромантичен бисексуалец затоа што не би биле во вистинска врска со жена, ама немаат проблем да имаат секс со нив, а таа етикета ги одделува од реалноста дека се стрејт жени after all. Пансексуалноста стана популарна, и колку толку ја толерирам, ама буквално нема потреба за такво нешто, затоа што сексуалностите опишуваат спрема кого чуствуваш атракција а не на каков начин... не постои такво нешто да се чуствуваш „удобно во својата етикета“, ти можеш да кажеш дека си квир и во ред е да се почитува тоа, ама ако ти се допаѓаат и мажи и жени тоа те автоматски прави бисексуалец без разлика дали се „идентификуваш“ како бисексуалец.
Не е битно од каде е, апсолутно е грозно, ама нема потреба да се користи против парадата во Скопје. Вакви примероци има секаде, и на секакви врсти протести.
Вака и себе си се ставаш во ист кош кога се збори за група луѓе? Баш ти благодарам. Очигледно твојов пост е само да ме предизвикаш или навредиш. Извини ама ова не ме опишува мене, ниту јас сум го напишала. Мами4ки, како што сакаш да не' нарекуваш со доза на навреда, има од секаков калибар, и писмени и неписмени. Јас не сум ти ниту необразована ниту циркузант. Поздрав!
Ако ви се читаат мудри мисли: https://misli.mk/prostete-gej-drugari-ne-e-do-hormonite-do-logikata-e/ Не сум хомофоб АМА...
Различни сме... по милион основи. За да дојдеме до тоа сите да се гледаме со исти очи едни-со други и да 'изумрат' сите епитети, треба време. Исто е и за нација и за религија и за етничка припадност и за раса и за пол и за род и за сексуална ориентација и за се'... Сега сме уште во зачеток на прифаќањето на различностите. И таа секогаш почнува со идентификување на истите.
Извинете пријатели афроамериканци, не сум расист АМА..... Not to be racist or anything but ... Скроз сум за слобода на говор али на ваквите треба да им се забрани да ги споделуваат своите мисли во јавност.
Типкава што го напишала текстов е тежок морон. Ај стандарднине глупости као "не ни наметнувајте на децата", "и педофилија ли ќе биде нормално", ама "зошто пак пополните луѓе не излезат на вакви протести?!"! Не станува збор ни за затуцано размислување, туку едноставно за глупаво. Неразумно. Уште па се обраќа со "другари" као демек "еве јас знам нешто што вие не знаете па да ве освестам и притоа, не може да се љутите што ве вреѓам затоа што ве нарекувам другари, а тоа значи ви мислам добро".
И недодавање на нови етикети, епитети, како и да е. Вака излегува наместо да мислиме надвор од кутијата, секој си прави своја кутија.
Не ги мразам, немам ништо против. За да ви докажам прочитајте го текстов од 5 страни кај што ви објаснувам што се ми смета кај нив.