Епа ајде бе да излеземе пред да биде парадава за се ова што набројав...Ајде!!! Ќе излезе некој??? Не!! Сериозно овие ќе парадираат, а државава и луѓево у гомна сите??? Како бе не ви смета ова што се случува, поскапување на пример?? Се си мислам некогаш дека се овде фамилијата на Рокфелер собрана па не и смета јер сите милионери, никој не знае како е државно здравство јер сите у приварно одат... Многу битна работа ќе парадирале ниеден геј што познавам нема излезено не дека се плашат сите знаат за нивната сексуална ориентација, туку викаат за што да излезам??? Како што кажав повеќе стрејт има на парадава него ли геј.
Јас искочив и на протестот за загаден воздух, и за јавна соба и за поскапувањето маршот и за убиството на девојчето на Партизанска. Смеам или не смеам да идам на парада?
Никој не рече дека некој не смее да оди на парадата, ама они како заедница излегоа ли за нешто освен за нив самите? Зошто како заедница не дадат поддршка за жениве кој ги изгубија органите заради лекарска грешка, заради загинатите по патиштава...заради куп работи кој се дешаваат во државава, а штетат за сите нас вјлучувајќи ги и нив зошто се дел од неа. Не зборам за поединци кој туку цела заедница сосе знаменцата нека излезат и дадат поддршка, па тогаш нека излезат и нека парадираат за нив. Себичност е ова на се што се дешава општо во светов овие ќе си парадираат...
Секогаш е така геј луѓето, бар тие што јас ги познавам не се замараат со ова си тераат свој живот си имаат партнери и никој до сега не ги чепнал или имале проблем околу тоа. Не мора да се " докажуваат" пред светот кој се.
Нешто што приметувам често во ваквите дискусии е тоа што мислите дека ЛГБТ заедница е некоја основана заедница каде луѓето се потпишуваат да се дел од неа, па ајде заедно ќе дејствуваат. Уствари ЛГБТ заедницата се едноставно поединци кои се идентификуваат како геј итн., дали ќе излезат на парада или не, дали се замараат со тоа или не, а некои невладини организации организираат прајдови. Не е тоа политичка партија па да кажеш зошто не излегоа да дадат заедничка поддршка за тоа или тоа, кога не функционира така.
Сепак е заедница и се знаат меѓусебно повеќето имаат и преставник кој секогаш зборував во името на сите, башка дебели пари земаат од разни спонзори парадата некој ја плаќа.
Не е воопшто така. Значи не разбираш, ЛГБТ заедница нема одредени луѓе кои се во неа, ти велам тоа се поединци и кои излегуваат и кои не излегуваат, ЛГБТ заедница може да е татко ми ако потајно е геј или брат ти кои има 15 години и си седи дома. Не е никаква организација, партија, група која се знае и заеднички и организирано дејствува.
Никој не рече дека стрејт нема да има ама дека побеќе ги има од геј тоа да. Башка кој им брани некој нешто? Пример премиерката на Србија Брнабиќ има жена и дете и премиерка е. Има уште примери каде геј луѓето се на високи позиции мислам и еден советник на Бајден е. Така да не знам што уште сакаат...имаат права како и сите луѓе.
Лгбт заедница не е унија на жени на вмро или невладина организација хера, туку луѓе кои се собираат за нивна кауза. Исто како да прашаш зошто луѓето од протестот за загаден воздух не излегле со изјава за случајот на родилката.
Па не е баш дека во малите гратчиња во Македонија имаат права. Во Скопје можеби да , таму се и организации и лоби и ваљда бројчано најсилни. Во мало место се невидливи : или се кријат, или не смеат да гукнат. Некни на улица видов пар мажи, двата беа со новороденче или доенче како год, во кенгур. Никој не ги гледаше накриво. Во некоја земја ќе те запалат. Во мк ќе те плукаат како си смеел да посвоиш, па кутри деца па мајка-татко причата итн итн.
Протестот е скапа работа, пред некој ден Апасиев кажа дека добар протест кошта околу 200 000€, а во МК ако не стои партија зад протестот, 100% странски пари се во прашање, како на пример за Парада на гордоста.. Некој од страна финансира, а кој, е тоа не знам, а инфлација сегде има, во Литванија има незабележана инфлација, најголема во цела Европа, единствено по овие скандинавските земји не се забележува толку пад на стандардот на луѓето бидејќи и онака таму имаат високи плати па не ги погодува инфлацијата, иначе низ цела Европа е сегде поскапено..
Другариве што ми се геј беа најгласни за случајот со родилката. Речиси сите се по протести затоа што знаат што значи неправда. Еден од тие што собираше потписи за родилката е во врска со маж. Во државава огромен број на луѓе што се бунат за ситуацијава и протестираат се лгбт. На друго место лути се
Па и ние што сме стрејт не одиме во доволен број на протести. За успешен протест потребно е ставање на разликите на страна и обединување.