Која е целта на протестот? Да се покажат дека постојат, да бидат видени, дека се горди на тоа што се? Да се подигни свеста за различностите меѓу луѓето? Топ, знаеме дека постојат, не е ниту срамота ниту болно да имаш нагони спрема истиот пол или спрема двата пола или да си во врска со кого сакаш. Ама, џабе ви е и парадирање и се’ останато, кога од Влада немаат абер да ви признаат право да стапите во брак и сите права кои доаѓаат со тоа. За посвојување деца не ни праам муабет, светлосни години сме далеку од тоа. На минатиот протест парадираа од влада рамо до рамо со вас, цитати за поддршка, слогани и за што? Да ве заборават одма следниот ден. На тоа треба да се работи и да се лобира, а не да се парадира оти Стојан и Петкана ве колнеле и плукале.
Ем прашуваш зошто уште парадираат, ем кажуваш како не им даваат одредени права и како не ги ни фермаат. Самата си одговори зошто парадираат. И не е протест, парада е.
Уште не разбравте зошто парада, сериозно? Не, не е за да се шетаат. Не, не е за да се покажат дека се геј. Не, не е зошо немаат што да прават. Не, не е зошто пари треба некој да земе. Дајте веќе нема смисла. Стварно е срамота во време во коешто сме (Век и година) да не ја користите можноста на информации на дланка.
Мешате поими, парада е не протест. Го слушав Зоки Фаци, кажа дека не се замарал за паради не сакал докажување и ме зачуди. Ме интересира ставот на друг, ако има некој на форумов, ако сака нека кажи сопствено мислење. Пред месец дена дечкото од Тетово, нема да пишам име, имаше објавено слика како го претрпале. Така да Скопје можи и да не ви е чудно, Битола и така и така, ама во помалите градови уште е неприфатливо.
Мислам дека Зоки се нема декларирано како геј или што год. Јас знам многу припадници на лгбт заедницата што биле и ќе бидат дел од парадата, но исто така знам еден човек кој не е аутнат јавно па не сака да дојде на парада токму затоа што „ќе ме видат, ќе ме зборат у фирма ваму таму“. Доаѓаме до заклучукот за тоа дека живееме во Македонија и сите знаеме каква земја сме и дека се уште се грижиме за тоа што ќе кажат комшиите. Менталитетот игра улога, а не мало/големо место (според мене и примерите околу што ги имам).
Мене ставот за парадите ми е дека искрено, повише се како safe space за ЛГБТ заедницата, да излезат надвор меѓу истомисленици и да се слободни да бидат свои, отколку за борење за права. Тоа не го гледам во негативен контекст, затоа што политички гледано, ќе дојде до некој референдум кога властите сами ќе проценат дека е време, кога политички ќе одговара да изгледаме полиберални, макар 50 паради годишно да имаме. А, тоа што им смета на луѓето што некој излегува на улица и го покажува тоа што е, си е нивно, треба да си го разрешат во себе.
Што сакаат веќе овие, што им фали толку, кое право им е ускратено? Досадија со пропагандата и на народ и бога. Нека си живеат животите и нека не дават веќе.
Мене па чудни ми сте вие шо само на 1 работа се фиксирате и очекувате 2 работи: или 1) вашето да е ултимативно важно и се друго е срање или 2) не можи да замислите некој да се грижи за поќе од една тема. Еве за се шо наброја сум зборала и сум критикувала и ко сум можела сум излегвала. Еве ти не спомна деца со атипичен развој. Мене тие ахилова пета ми се. Ех да знајш шо проблеми имат и колку протести имаше само годинава, а не сме ни до пола. Кај си за нив да збораш? А? ццц дволични хипокрити само за дел работи ви е важно. Ко ќе ве видам за се да се борите тогаш ќе речам "ок, можи ви треба пауза од ова" ама до тогаш сус. Не смејш оти ова е помалку важно во нејзини очи. Не претерувај, да смеела та. Буквално.
Што ви смета парада? Секој човек има право да каже мислење, да изрази незадоволство и да побара нешто.Парадата е нивниот начин.
А да беше протест, а не парада, ќе имаше коментари од тип дека се агресивни, нападни, опасни итн., вака помирно и позабавно не може да биде.
Никој не го заболе за гејовите си живеат свој живот, работа кариера никој ништо не им брани. Тие што ќе излезат да мафтаат со тоа знаменцата се платени за тоа и по некој стерејт подржувач. ЛГБТ луѓето не се замараат со паради, повеќе стрејт се замараат од нив како што гледам.
Секоја парада повеќе сарказам и вреѓање има од поддржувачите на лгбт отколку обратно, темава го докажува тоа.
Ајде да објасниме некои работи. Да почнеме од почеток. Зошто парадата на гордоста уште е битна во 2022 година: 1. Помага сите ЛГБТ луѓе да се чувствуваат прифатено и сакано и притоа им ја дига самодовербата. Без разлика дали си openly ЛГБТ или не, парадата ти покажува дека не си сам во битката којашто ја водиш туку има многу други коишто те поддржуваат. Ова кај нас е и премногу битно за градовите надвор од Скопје кајшто има двајца геј луѓе коишто се центар на потсмев. 2. Покажува дека и покрај сето малтретирање што го претрпуваат (одредени) ЛГБТ членови, тоа не го брише нашиот идентитет, на крај пак заедно се сплотуваме против насилниците. Пред некој да рече ИмА и ДрУгИ нАчИнИ зА тОа, има разлика помеѓу тоа што јас со пишување на ова мислење онлајн се спротивставувам на хомофобите, и да излезам јавно да парадирам. Тука јас сум 100% безбедна, а надвор не сум воопшто, особено не поради оние што стојат од страна и те снимаат кој си како си и ако си девојче обавезно или те прашуваат тројка да не сакаш со нив или ти викаат они дека може да те направат стрејт 3. Покажува дека на ЛГБТ не ни никнуваат рогови, како вас изгледаме. Што сакам да кажам со ова? Сакам да кажам дека ако на прајд излезе фамилија од двајца татковци или две мајки, покажува дека нивната фамилија не е ништо поинаква од онаа порасната од хетеро семејство. Колку случаи има на деца коишто израснуваат во ужасни услови ама океј е пошо имаат мајка и татко, ама ако се од ист пол и се спремни да посветат внимание и љубов на детенце, не смеат да имаат. Yup, makes sense. 4. Едноставно, кршење на хетеронормативата и можност да се промени парадигмата Ајде сега малце историја. Парадата е започната некаде пред 50 години кога ЛГБТ имаат живеено тајно. Доколку ги фателе, биле малтретирани, злоупотребувани, психијатриски дијагнозирани и сл. бидејќи не се вклопувале во она што светот го сметал за нормално. Поради овие причини се крева бунт во Стоунвол. Денес, парадата на гордоста претставува марш на пркос против угнетувањето на коешто ЛГБТ биле подложни со годиништа. Патем, ЛГБТ знаменцето не е само онака ставено туку тоа ја претставува борбата и истрајноста на заедницата. Секоја боја има свое значење: црвената означува живот, портокаловата заздравување итн итн. Затоа, наместо да мрчите тука и да прашувате „пак ова ќе има?“, бидете среќни што никогаш не требало хетеро парада да има И за крај, овој јуни ќе ве замолам да размислите што всушност претставува прајд и ќе видите дека парадата на гордоста се залага за многу повеќе од она површноно. И ве молам престанете со ширење негатива, ние позитивниве по инает сме од вас ама ај нека не мора да се докажуваме
Зошто ЛГБТ не излегуваат на други протести? Сакам да ја имам оваа способност за се' да можам да најдам нешто за мрчење.... Ако не веат ЛГБТ знаменца не значи дека не се ЛГБТ и не излегле нешто друго да поддржат. Ако излезам со ЛГБТ знаменце на друг протест ќе биде зошто сега гејови мешате со ова. Стварно не ве разбирам. Па да си ЛГБТ не значи дека тоа ти е единствената особина што те идентификува.
Уште нешто ми текна Како викате дека ЛГБТ имаат права во Македонија??? А брак дозволен е? Посвојување дозволено е? Општеството не' прифаќа? Колку луѓе јас лично што знам што биле претепани или вербално малтретирани, па не можат да пријават во полиција или да ја кажат вистината некому дека им е страв ќе ги откријат. Колку истополови партнери се плашат дури и за раце да се држат во јавност, а не па нешто повеќе. Па, ова се' влијае на ментално здравје, а поддршка и услуги ретко има. Опкружени со толку омраза вие се чудите како не сме задоволни... Парадата на гордоста и те како треба. И не само за поддршка кон ЛГБТ туку и за информирање на поширокото општество за насилството и штетата што ги предизвикува хомофобија.
Скроз погрешен начин на барање на правата. Поддржувач сум на ЛГБТ парови, ама она што го имаше минатата парада беше одлика на неморал и гадости. Да се потсмеваш на Исус(а притоа не сум верник) и гол да се шеташ, само ги револтира оние кои треба да ви ги “дадат” правата кои ги барате. Чест на исклучоци, повеќето искочија да се покажат колку “големи” поддржувачи се зашто невладините организации им имаат добивка од тоа, други да се покажат кој е полуд, трет за да си најдат партнер или да се здружат.
Бараат права, со такво претставување и да сакаат да им ги дадат, ќе се створи огромен револт од другата страна и нема да ги добијат. Мислам дека треба да се стремат кон тоа да покажат дека и они се луѓе, со чувства, и од “нас” се разликуват само по љубовта кон ист пол, а не се фрикови во танги на улица. Ама лошо ги претставуваат. Еден куп пријатели имам, кои се геј и истово го мислат. Само ги оцрнуваат со парадава за невладиниве да лапнат некоја паричка.
Ама зошто се замараш со нив, ако ти сметаат? Ако некој сака да оди на парада, ќе оди. Не е тоа твоја работа. Ти за тебе гледај си.