Кај кажав дека ми сметаат ЛГБТ?? Моја работа е, наша работа е, од кај да знам дека утре моето дете нема да е геј/лезбејка, а ние уште ќе се немаме изборено за права за брак, уште ќе има дискриминација етц. Зошто? Затоа што одредени персони зацрнуваат цела една група на луѓе, шетајќи го задникот во танга, со закачено дилдо на чело. И после ај да нема дискриминација. Да видиш некој таков на улица, што ќе си помислиш? Леле браво мн добар пример, супер родител на посвоено детенце би бил. Ти можеби и да, ама 90% вклучувајќи ме и мене ќе си помислат дека е луд. Сите другари што ми се геј, се дури и лути на парадава, токму поради пваа причина.
Не ти смета, ама ти смета. Шо не се буниш за промоцијата на Лиска која беше паралелно со првата парада? По купачи патролираја на плоштад манекенките. Би им 'дозволила' да имаат деца? Не знам шо другари имаш, ама од моите геј другари, никој не е против парадата. Повеќето од луѓето во Македонија, воопшто не се аутувани.
Јас можам да видам зошто некој би имал перспектива дека парадите имаат контра ефект, вистина е, имаат. Луѓето се осеќаат дека им се наметнува нешто на нив и на нивните деца, они се родители, мислат дека заштитуваат деца од нешто лошо, според нивните уверувања. Ама од друга страна, гледам дека истите луѓе што тоа го велат, да можат да ги што повеќе скријат геј лицата, би. Буквално сакаат да се меѓу четири ѕида, да не излегуваат на парада, да не излегуваат во јавност, да ги нема на телевизор итн. И според тоа... нивна одговорност е да си разрешат со самите себе си зошто се осеќаат uncomfortable во врска со нечие постоење, да размислат зошто мислат дека тоа е ненормално, лошо... затоа што вака наместо да се соочат со гејовите, они сакаат да не ги гледаат никогаш, а тоа е невозможно. Затоа... exposure therapy.
Не сум запознаена со ревијата на Лиска, веројатно ја немало по вести и медиуми. И да ја имало, манекенките не бараат права, не зависат од околината. Промовираат костими за капење, ако сакаш купи, ако неќеш никому ништо. Овде се работи за луѓе што стварно немаат права, кои треба да ги имаат. Ама ништо подобро не се постигнува со прадата на ваков начин. Само ги оцрнуваат оние “нормални” лгбт луѓе, кои си живеат со партнерот далеку од очи на јавноста, и глеј те ме-чудеј те се. Ама утре тие луѓе нема да можат да стапат во брак, зашо на овие другиве им е битно да опнат дилдо на чело, и на навладиниве да лапнат некоја пара со фори за Исус. Муабетот ми е, дека не само што парадаба не помага да се сруши стигмата, туку и дополнително ствара револт. Кога ќе спомнеш геј на некој повозрасен, автоматски сликата во глава му е Боки 13 у стари дани. Треба да се работи на тоа да се промовира дека и тие се луѓе, исти како нас, а не да им ги потврдуваме и зацврстуваме мислењата.
Како да не ги оцрнувале. Кај и да одиш, еден/една ќе има со гол газ. И на двете паради бев. Лани и ќерка ми присуствуваше. Не бевме голи и немавме дилдоа на чело
Бев на првата, тие што беа во први редови, беа со голи газови. Не ми ја сфаќаш поентата, исто ко протестот за вакцинацијата, сите со воздржани ставови, ама искача една и тресе глупости и автоматски сите гледаат со потсмев на “антиваксерите”. Муабетот ми е, ако стварно целта на парадата е да се срушат предрасудите, и добивање на права, ова не е начин, ако е нешто друго-погодиле во целта.
Ти што ја имаш отворено темава сигурно и месечни примања имаш, признај! Мене не. Нашиве јавни фаци се залагале ли некогаш за нешто?
Како не, како не Милисаве!? Нормално дека имам месечни примања. Го примам секој месец в мозок. Поќе пати и то!
И мене не ми пречат. Ама на мајка ми и пречат, на баба ми и пречат, на вујко ми му пречат. Не им ги рушат предрасудите што факт дека ги имаат. Не им докажуваат дека уствари не се такви како што ги мислат. А од нив зависат, од нив им зависат правата за кои се борат.
И после ќе видат на вести маж у танга со дилда, и исус исмеуван, и ќе ми речат еве гледаш, во право сме. И како после да им објаснам дека другар ми што го сакаат највише на свет е геј, ама не е како тие на телевизија.
Не даваат, но забележав дека има солидно присуство на членови од невладини организации кои и те како земаат солидни пари преку проекти. Како да кажам, очекувано е тие да се појават, глупаво би било ако ги нема, ама па доминираат.