Ни мене не ми смета да видам двајца мажи фатени за рака или жени ама нека не праат циркуз и нека не го наметмуваат тоа да гледаат млади деца и да мислат дека е тоа нормално. И уште нешто да кажам, немојте да мислите дека сите лгбт луѓе ќе ви се појават на парадата. Памтените што си тераат и не се замараат нема да дојдат туку ќе бидат само тие кловнови како и од лани.
Да, во Македонија сите се тотално индиферентни , спиритуално просветлени, издигнати над ниските страсти, а во слободно време медитираат и се молат за спас на човештвото во кое што не разликуваат ниту боја, ниту вера ниту сексуалност. На никој не му било гајле, мхмм, подобро кажете си дека ви е гадно отколку вака да се лажеме, искреноста е секогаш поокеј. Инаку ни мене не ми е за оправдување голотија и провоцирање(како на пример користење верски и народни симболи) како на сликата што сте ја испратиле погоре. Зошто? Затоа што го оправдуваат веќе постоечкиот стереотип што народот го има и секако дека луѓето ќе се фокусираат само на такви слики и ќе си ја потврдат замислата што ја имаат во глава, дека перверзијата е синоним за сите лгбт луѓе.
@GrimTheReaper, знаеш какви промени во светот донеле парадите и протестите? Општо, не само за лгбт популацијата. И на форумов имаше доктор што кажуваше дека најголем дел од пациентите со полови болештини се во брак и имаат фамилија, @Kimberly11. Македонија не е држава во која е тешко да стапиш во брак со некој кој ќе изневерува со човек од ист пол.
А зошто мислиш дека само ти имаш право на политичка агенда? Како твојата политичка агенда е релевантна, а од другите лгбт луѓе не е? Прво и основно истите луѓе искачаат и за воздух, ене го другар ми некни беше на протест за сечењето на дрвата. Крај краева секој има свое сопствено и легитимно право на протест за што сака, дали за воздух, дали за вмро, сдсм, 5г, дали за марсовци, за што ти душа сака. Ќе се склучуваат бракови, затоа што како што ти имаш право утре да го посетиш сопругот во болница, геј човек нема. Ако ти почине недајбоже сопруг, имотот останува на тебе, а кај геј луѓето на "фамилијата" која најчесто го отфрла. Сите права кои ги носи тој лист хартија ти ги имаш, тие ги немаат. Парадата го обележува движењето на Стоунволската побуна, кога конечно им застанале на полицајците затоа што ги тепале, апселе, малтретирале само затоа што биле во придружба на човек од ист пол. Се дури еден ден не им прекурчило да јадат ќотек за ништо, па се кренала револуција. Тоа што сега можат да живеат со свои партнери како што тврдиш е баш заради вакви паради. Прекинете да мислите дека само вие имате право на протест и дека само вие го заслужувате тоа право да барате нешто. Сите сме исти под сонцето.
Ама стрејт луѓето не прават паради и не трчаат по улици да кажуваат: ЈАС СУМ СТРЕЈТ, ВИДЕТЕ МЕ, ГОРД/А СУМ! За мене парадава е смешна и е ту мач. Верувам дека има луѓе-гејови, во ред ми е да бидат заедно, во врска, да се држат за раце по улица (и во Македонија имам видено еден куп такви, особено женски, се шетаат у парк) и никој никогаш не ги тепал. Не знам што зборите.... Ама исто така мислам дека голем дел од тие што така се декларираат почнаа тоа да го прават од помодарство и поради тоа што ја преиспитуваат својата сексуалност слушајќи постојано за некои си истополови врски. Се претера веќе! И сум АПСОЛУТНО ПРОТИВ ИСТОПОЛОВИ БРАКОВИ И ЗАКОНИ ОД ТИПОТ НА РОДИТЕЛ 1 И РОДИТЕЛ 2 И ПРЕД СЕ, ПРОТИВ ПОСВОЈУВАЊЕ ДЕЦА во ваков тип на заедници... Многу почна да се оди против против природата... некоја си Европа у која све е раскурцано ни служи како пример за општествени вредности...Тонеме!
Стрејт луѓето парадираат секој ден, само не на официјален настан парада За да нешто оди против природата, треба да не постои во истата. Хомосексуалноста, па дури и одгледување мали од истополови животни постои во природата.
Мене ми е само занимливо кога читам дека кај нас не ни имало хомофобија преку ... *drum roll* ... хомофобични постови.
Страшното е што не ни сфаќаат дека е така. Овде, ај има некој баланс... ама на темите каде пишуваат повозрасни...
Еј те молам, ајде, само немојте со тие компарации со животни за све нешто... Па парадираат и хомо-луѓето. Постојано гледам во градски парк девојчиња-лезбејки се шетаат и се држат за рака, а истото го правиме јас и дечко ми и уште 10 други парови, се разминуваме и никому ништо. Многу си даваат на значење и внимание хомо луѓето во 21 век, а тоа посебно ги "вози" тинејџерите поради што и почнуваат да глумат дека се нешто што не се. Јас сум од помладата генерација и во средно се дружев со девојки што го правеа ова, покажуваа некој" пркос" кон општеството, глумеа лезбејки, се шишаа на кец. Денес признаваат дека била глума за внимание иако и тогаш ние, поблиските до нив знаевме, и сите си имаат дечковци. Кога реков против природата мислев на тоа дека не можат и никогаш не можеле да имаат деца луѓе од ист пол и според тоа, мислам дека не треба ни да имаат право да посвојат. Немој да ми кажеш дека не можат и некои хетеро парови, те молам, затоа што знаеш што сакам да кажам!
Повеќето хетеросексуални парови што присвојуваат деца, никогаш не можеле да ги имаат. Оти за нив не го мислиш истото? Знам што сакаш да кажеш: хомофоб си.
На шо би била горда ти како хетеросексуална жена во поглед сексуалност? За кој дел од тебе е очекувано да се срамиш? Пошто зато се горди. Не за то со кој се ебат. Дека едноставно поќе не се срамат и дека то е океј. Секој со своето. Инаку вистина нема хомофобија кај нас, се цвета. Нема потреба од паради. Доказ за то:
Затоа што мојата агенда е насочена кон општо добро, и за стрејт и за геј и за среден род, you name it. Парадава мене во никој случај не ме афектира, ниту пак нешто имам јас бенефит од истата. Парадата во Македонија конкретно, буквално нема да го смени мислењето на оние кои не се согласуваат со нивната сексуалност. Тоа што сега се чувствуваат послободни, е поради западот и стимулирање на нивното присуство во медиумите. Друго, порано палеле вештерки, беселе неистомисленици, така да, со носење на поголема свест, технологија, образование, едукација, е се поприфатено нивното присуство во јавност. Јас сум растена во фамилија каде преовладува хомофобија, но по сопствено убедување моето мислење е спротивно. Ама не благодарение на парада, всушност, истата постои тек во последниве години. Дали сме сите исти под сонцето, не е дискусија. Не знам како да објаснам, дека не ми е гајле кој што носи и прави во кревет. Дали треба да имам јас посебен третман према одредена групација само што е геј?! Не... Гледам дали си човек. Ако не си, најголемиот геј биди, за мене си говно. И точно, секој има право на протест, ама протест говориме така? Што нема врска со факинг парада за експонирање на својата сексуалност.
Таму на запад од каде што ги наоѓате оние скандалозните слики од паради (оти на таа кај нас, ниту било каде на Балканот немало ништо вулгарно), исто така луѓе прават грандиозни gender reveal parties и им се дешава да предизвикаат експлозии, па и цели шумски пожари на истите. Да, по повод тоа што двајца се размножиле и откриваат кој пол ќе им биде бебето. Ама не, фамилијарните стрејт луѓе ич не ја наметнуваат својата сексуалност и начин на живот
Само ако имаш личен бенефит треба да се залагаш за некоја кауза.. нели? Така функционира македончето: Ако немам корист, шо ги е*аам.
Смешно е да се споредуваат воопшто парадите на запад и парадите на балканот. На запад, ЛГБТ луѓето веќе ги уживаат скоро сите права, па парадите сега се повеќе од забавен карактер и претставуваат одбележување на тоа што го постигнале. Кај нас на балканот, парадите се протест. И уште многу години ќе бидат само протест.
Па пример протестираат тутунари, што мајка барам да протестирам за тутун кога не го ни садам. Нормално дека треба да имам личен бенефит, од кој гледам и општ бенефит. Парадата е бенефит само за мал процент на популација.
Постигнувањето правна еднаквост за сите маргинализирани заедници во општеството, е од бенефит за цело општество. Замисли да нема повеќе прикриени хомосексуалци во хетеросексуални бракови. Замисли колку болка и страдање, за колку луѓе ќе биде отстранета... А тоа е само еден сегмент од целава нееднаквост.