Лоол колку сте иритантни сите. Дај престанете да ги етикетирате луѓето како да се должни нешто на вас. Кој што сака ќе си биде,право на избор.
Не ми се верува колку омраза предизвикуваат неколку саати среќа и сплотеност кај одредени индивидуи. Страшно и жално.
Мене ова ми беше прв прајд, за малце немаше да стигнам ама многу ми е мило што ми се наредија коцките бидејќи не можам да опишам колкава слобода осеќав и колкава љубов да бидеш опкружен со свои луѓе. Најмногу ми беше мило што видов доста стари луѓе бидејќи нели ние младиве сме со испрани мозоци од западната пропаганда и сме желни за внимание. Покрај тоа, се изнавидов преслатки парови и пресреќни луѓенца, се изначудев на мажињата облечени во маици за тепање жени кои со патетични обиди за навреда довикуваа од страна и се изжуркав како никогаш до сега. Парадата е направена од љубов за да шири љубов и токму тоа се покажа во Скопје Работите што ги пишувате навистина не знам каде ги гледате. Јас видов пристојност, па можам само да претпоставам дека имате многу бујни фантазии. Мој совет, наместо да губите време мислејќи која навреда да ја искористите следниот пат кога ќе прочитате нешто про ЛГБТ, направете нешто убаво за заедницата, фокусирајте се на позитивни мисли, не за друго, животот ќе ви биде поубав. Вака само се нервирате за без потреба, нас не не' интересира вашиот булшит. Напротив, поголема мотивација е ова. И хејт ту брејк ит ту ју ама љубовта секогаш преовладува
Оро пред куќа за свадба Со цел да се покаже нешто пред другите. Раздавање мекици, ко ќе се роди бебе. Со цел да се покаже нешто пред другите. Оти не ги криете децата? Со секс се прат.
Одлично, леле ама млади. Со сите економски и геополитички настани, а немање кај сите средства за апла концерти, повод за многу убава атмосфера.
А можиш да замислиш, дека верува некој во ова и го прави од чисто алтруистички причини? Или не спаѓа то во когнитивните процеси на просечен македонец? Мора да е од партија, за пари, за пријател, за на дедо мотоилото... За се', само не оти ти лично се водиш по некаква идеологија. ... типично...
Ако нема сериозно нарушување на ред и мир, зошто да блокираш, да апсиш и тепаш, пак, ми е дегутантно. Глупости. Ако имаш на папир право за собирање, чуму отпосле глупости. Стави забрана ако толку не сакаш, па после на суд нека се разреши. Ќотек... со ќотек ќе држиме час за морал на деца.
Се сложувам само Турција го прекрши правото на луѓето за мирен протест, демократското право на избор. Полицијата треба да е неутрална ама ако погледнеме од другата страна е неприфатливо за земја ко Турција каде муслиманите имаат други сфаќања. Се си мислам дека луѓето таму се чувствуваат заробено.
Не знам за Тр, но има места кадешто безобразно ја злоупотребуваат оваа заедница за други цели, од тоа ли се плашат... не можам логично објаснување да најдам. Светов генерално отиде во неповрат. Случаи на мизогинија, ксенофобија, расизам, говор на омраза, па и хомофобија и тоа од општества коишто ги сметаме за напредни. Целиов тек на настаните ме плаши, како да сме во временска машина кадешто работи само копчето за назад.
Нема врска со мислење на просечен македонец. Реков дека постои мал процент кои одат поради некаква идеологија. Зад овие паради стои висока организација која дава инструкции што и како треба да се прави. И кај нас е исто. Мора да се одработи. Па и мора да одработат и во близок регион на нивните паради. Бетер од политичките партии се ,само знамињата се различни. Ако ви е убаво да одработувате,одете.
Не е воопшто мал процентот, баш напротив, вечерта со сите што се сретнав, со сите зборнавме дека идеме од мерак и ќеф. Секако дека тие што се политички ставени на функции си тераат интерес, исто и со некои луѓе што го гледаат нештото низ призма од пари. Ама нема врска дека тоа е најголемиот дел, баш напротив, тоа е мал дел од присутните таму. Дојдете, видете како е, кој све иде, па после коментирајте плс. Ем не сте дошле, ем тврдите вакви работи. Не можеш да знаеш кој све имаше од слики.