Факт е дека ова е нормална појава, дека не треба да се дискринирани, дека треба подршка да имаат, ама и факт дека се пере пари преку овие. паради.
Леле не зезај имало организација Колку зачудувачки! Зад секој протест има некој што стои, тоа не значи дека еден куп луѓе нема да излезат чисто од тоа што конечно чувствуваат видливост и слобода, а друг дел чисто за поддршка.
Ај еднаш засекогаш сфатете дека има луѓе што не се согласуваат со вас и мислат поинаку. Не е само вашето мислење битно ако сте повеќе во темава што мислат исто.
Дете што е геј само си фантазира да бакнува друга принцеза ако е женско или принц ако е машко. Ова ништо не им е чудно, да би го виделе на ТВ.
Не знам дали некогаш ќе сфатат дека контрапродуктивно им влијае парадата а Маркиан даде одлична дефиниција за гордоста како патологија.
@Angie1432 Што е битно кој се бил на парадата? Најбитниот дел од парадата се тие кои прават профит од тоа. другите се војници кои мафкааат со знаменца со цел парадата да биде успешна и профитабилна. Е еден дел има и луѓе кои одат од причини "видете ме чудете се",као подржувачи ,отворен ум,да се докажат и покажат како ултра либерали,а всушност баш ги боли брига за правата на лгбт луѓето,впрочем и ова лицемерје со парадите е тоа. ЗА парадите ке се испосликаат дека биле,а вклученост во реалните решавања за нивните права,проследување до партии,Собрание,Влада , нема. Зошто вие како редовни посетители не се прашувате тоа? Или само парадата и журката е важна? ЗОшто,зошто се добиваат парички од врвот за парадите. Кои од проблемите на лгбт заедница ги решија? Знаеме каде се решаваат.
Како може да не знае? Има деца што одма си сфаќаат кога почнуваат симпатии, има деца што знаат длабоко во себе ама не можат да го именуваат.
Од нормална фамилија , не верувам да излезе вакво дете. Инаку ќе го носам на психолог да го среди додека е време.
А што постигнуваш ти со релативизирање еве не разбирам? Уствари разбирам, на поманипулативен начин се искажуваш за разлика од овие простиве на фејсбук, само зашто си пописмена. Буквално на секој можен протест има некој што прави профит. И за видливост на лица со аутизам да направат парада, пак ќе има организација која ќе стои зад тоа и ќе земе пари. Тој што ќе излезе ќе се чувствува видливо и тоа му е битно, не организаторот колку пари зел. Ако имам пријатели што сакам да ги поддржам ќе одам со нив, не пошто сакам да се покажам. Впрочем пред кого се "покажуваш", не разбирам? Со твоево мислење испаѓа дека не треба да има никакво промоција во јавност, а истовремено и магично да добијат повеќе права. Еве ќе ти поверувам дека од толерантност го збориш ова што е без никаква логика.