Не ти се свиѓаа машки на 10-11 години? Чисто онака платонски како симпатија. Зашто мене да и на сите можно луѓе што ги знам. Што е поинаку за некој што е геј?
Дрско е што мислиш дека психолозите што нема да подметнат дете под буквално conversion therapy (а тоа е големото мнозинство), не си ја работат работата како што треба.
Знам јас шо пишав, ама ти не разбра. Ја следев 'логиката' на таа што ја цитирав. По истата таа 'логика' и бремени жени не треба да се шетаат по улица, и децата не треба да ги шетаме по улица, и не треба да се држиме со сопругот за рака по улица. Вие то му го прајте на ЛГБТ+ Сфаќаш колку е глупо сеа?
Како што е битно кој све бил бе Косми? Па тоа е најбитно. Ти не си отишла на прајд, а тврдиш дека знаеш како е. Епа како знаеш? Од кај добиваш информации? Од кај знаеш како се осеќа човек кој е таму, си зборела ли? Јас еве бев, од кај знаеш кои ми се причините мене? Од кај знаеш кои се причините на цел стадион на АРМ што беше полн? Ти можеш да кажеш како ТИ се осеќаш, ама не и како се осеќа популацијата тамо. Ти можеш да си збориш лично за тебе. Како знаеш дали има или нема борба по правен пат за легализиација на истополови бракови? Зошто ви е толку тешко да прифатите дека ЕДНАШ ГОДИШНО заедницата има право да си организира ден за да си помине убаво, да се осети safe и да заборави на секојдневието. Патем збориш за народ кој се состои од група од најпргавите луѓе, ги гледам истите лица и за воздух загаден, и за родилки, и за све. Тебе нешо лошо да ти се деси и да бараш правда со протест низ улици знаеш кој ќе ти дојде у поддршка? Луѓе што значат што значи неправда и одма ќе се солидизираат со тебе или припрости говеда што само сеир фаќаат по фејсбук? Пошто јас го знам одговорот.
Не мислам дека е моја своина, јас сакам да има нормално општество за наредните генерации. А со такви според мене ненормални, никогаш нема да биде, ако не се спречи.
Темава е за парадата конкретно. Имате други теми за Што ако детето ви е геј или општо за хомосексуалност, па тие мислења упатете ги таму.
Моето мислење не промовира дискриминација и нерамноправност. Прати тука ако пишав такво нешто. Напротив јас сите луѓе ги почитувам и никому лошо не му посакувам. Инаку секој има право на мислење безразлика какво е. Патем и вие мнозинството не сте ништо поразлични употребувате погрдни зборови и вреѓате.
Поокеј ми де виде овогодинешната парада. Пак си стојам на ставот дека е профитерска организација, и не треба да постои, особено не во ваков концепт. Овие што искочија на “контра-прада” за семејни вредности, нема да ги коментирам, трагикомедија.
Зошто? Немам ништо против Парада на гордоста, ама ако овие луѓе излегле и тие што излегле на спротивната имаат право со различни вредности и океј е да ги искажат ВО ГРАНИЦИ НА НОРМАЛА, да нема навреди и потценување на "спротивните", туку само да си ги прокламираат своите вредности и цели. За некого семејство е мајка-мајка-дете; татко-татко-дете;татко-мајка-дете. Сите се океј и сите можат да излезат, само имево не ми се свиѓа "контра-парада", нема потреба на некого контра да идат, нека идат сами за себе. Btw немам појма што се случувало оваа година на ниту една парада, не сум следела.
Ќе се надоврзам на твоево. Не сакам да се карам со никој, но за споредба, моја пријателка ја нудеа да биде проектен координатор на проект поврзан со оваа таргет група, за сума од 80.000 денари пред неколку години. Таа одби и прифати да работи сосема нешто друго за помалку пари. Чисто за илустрација ја спомнувам сумата, 80.000 денари сепак не се малку. Секогаш и сегде има луѓе кои од нешто профитираат.