Контра ефект има. Ништо друго. Ете јас ти и уште некои немаме против нив. Нека работат, нека се натпреваруваат, нека бидат еднакви. Сите права ги имаат. Ако сакаат нека стапуваат и во брак не ми е гајле. Али некои луѓе никогаш нема да прифатат ништо и ќе ги покажуваат со прст, ќе ги навредуваат, малтретираат. Со парадив ништо не постигнуваат.
Најбитно нешто што се постигнува преку паради е што деца, тинејџери и повозрасни кои се родени во конзервативни фамилии, опкружења и немаат доволно храброст да живеат автентичен живот, не се осеќаат осамено. Ако гејови се тивки, живеат „меѓу четири ѕида“ додека стрејт парови не спомнуваат за хомосексуалност и не нормализираат различни сексуалности, едно дете нема да знае дека е океј да се чувствува како што се чувствува. А не можеш да побегнеш од она што си, никогаш... еден ден ќе прснеш секако. Затоа пораката на парадите е прекрасна.
Нема контраефект. Како што е нормализирана хетеросексуалноста: држење за раце, имање деца, шетање на децата, правење свадби, играње оро пред куќа оти некој имал хетеросексуален секс; така треба да е и за останатите од ЛГБТ+ спектарот. Се' додека не е, ќе има потреба од паради за промоција.
ХАХАХАХХАХАХАХХАА bestie, ако ти немаш против, ќе остајш кој шо сака да прај дур не повредва никој. А парада не повредва никој. Кој повредва се гнидите против. Дали емоционално, дали физички. А немој сега од ко не знајш шо да вратиш, па глумиш загрижен/а. Ко "аБе ПрОпАгАнДа Е, зНаЈш КоНтРа еФеКт Има". Sure honey. Сите повервавме. Парадата постои за тој шо сака да оди. Постои за тие шо се кријат да знат дека има прифатеност. А другите? Не гледајте. Лол. Секој со изборот. Парадата е причина зошто се нормализира различноста. Ако сите се криевме и ќутевме немаше да сме кај шо сме. Не секој ја има привилегијата да е просечен, ова, "нормален". Пошто ако бевме во општество без паради и без борење за свои права, шо ќе беше поразлично од порано кога геј луѓе мораше да се кријат и немаше друг избор? Беа бркани од дома? Физички напаѓани? Не дека и сега не се случва. Ама во помала мера зошто се нормализира нештото. На никој не му е гајле ако кај некој има контра ефект инаку. Пошто изгубени случаеви има сегде. Ама иднината? То е нешто на шо работиме.
Го сакале вие тоа или не вие не сте прашани ниту пак некогаш некој ке ве праша за нешто ке го трубите она кое е на репертоар рецимо ако на репертоар е градско WC за трансици за овој фундаментален светски проблем за опстанокот на човештвото вие сериозно ке дебатирате и да од вашето дете машко ке си имате зет да дома кај вас ке шета кај тебе дома баш,а од керкави ке си имате куче за маж горе долу сите до еден тоа ни е целта секое дете ке е наше не ваше ке има наше размислување се со лажење дека само тоа е нај кул во моментов и слични блувоштини за прости.
Па може да е така дури експериментираат се осознаваат себеси,долгорочно не е.Зошто ти не станеш лезбејка зошто е кул?! Еве јас едноставно неможам да бакнам девојка а камо ли да сме интимни.
Парадата ќе ги направела децата геј Златни, децата уште кога ќе им проработат хормоните знаат што ги привлекува, ќе си отворат порнхаб и ќе си гледаат тоа што ги возбудува. Што мислите дека прават кога се сами во соба? Поезија дека читаат? Колку сте игнорантни, чудо некое.
Не, туку многу повеќе деца се лгбт отколку што мислите, само сега се послободни да си кажат, а порано се криеле. Како се збори за парадава од луѓе што ни биле, ни истражиле, човек ќе помисли којзнае што се случувало на неа. Баш фина и забавна енергија, весели луѓе што се чувствуваат како да припаѓаат некаде и шарени знамиња.
Кажи ми дека си трансфоб/хомофоб, без да ми кажиш дека си трансфоб/хомофоб. Calm your tits. Без разлика што гледаш, се палиш - на тоа што се палиш.
Остај нас, мене ме загрижува денот кога тебе ќе ти се разбистри. Оти соочувањето со реалноста, може да биде многу трауматично.
Му е страв да не изумриме како врста, оти сите станале хомосексуалци. 8 милијарди сме. Кога се родив, бевме 4 милјарди. За 44 години, дупло се зголеми глобалната популација, овај се уплашил да не му влези в клозет транс маж. Ела бе брат! Јас сум скоро па транс и сакам да влегвам во машки вц-а и да ви ги гледам мочалата. Ако се запознајме, ќе се престрашиш.