Очигледно многу се замараш ако сакаш да контролираш тоа што децата имаат право да го знаат. „Тоталните факти произнесени“ се и дека има ЛГБТ семејства во светот, дека има ЛГБТ деца и дека овие семејства се еднакво успешни во одгледување деца како и „нормалните“ семејства. Но хомофобите сакаат да остане скриен и не го признаваат овој тотален факт.
Се разбира дека да. Во тој случај, ако животните развијат интелигенција на ниво на луѓето, треба да ги добијат сите човекови права.
Абе да знаете колку им е тешко на тие луѓе бе.. Наидуваат на осуди, предрасуди, мржња.А не праат никому ништо лошо.Да не можеш да ја споделиш својата среќа, да не можеш со партнерот/партнерката да искочиш на вечера, да се допрете за рака Ич не им е лесно на тие личности.
Како што гледам нормално искачаат и на вечера ,и се допираат...не им се ускратени правата ама ич...еве лично ја сум видела
Океј, ај тебе да ти го одземеме правото на брак и дете, и нормално искачај си на вечера и допирај се со кого сакаш.
Не може да ми се одземе мене тоа право , тоа ми е природно , дадено од господ , да можам да родам,да донесам на свет живот. Законот на природата е таков,маж и жена прават дете. Маж и маж НЕ. ЗАТОА не може да имаат право да чуваат дете кое не знае да каже дека сака да живее во таква заедница ниту пак е доволно созреано за да процени. Класична манипулација е тоа.
Лол, „дадедно од Господ“. Дадено ти е од државата. Ако само од Господ ти беше дадено, немаше да се регистрираш како венчана и да ги добиваш законските бенефити од брак што ти следат.
Правото на дете исто така ти е дадено од државата. Ако државата утврди дека не си способна да го одгледуваш детето, државата ќе ти го одземе.
Не, зборувам за правото на родител кое го имаш. Државата може да ти го одземе и тоа ако те осуди како неспособен родител. Господ не постои и нема никаква моќ врз нашите закони.
Океј, јас можам да кажам дека постои Господ кој верува во ЛГБТ права. Зошто твојот Господ да има влијание врз законите на државата, а мојот да нема? Има и голем број на христијани кои не се противат на ЛГБТ правата и не веруваат дека Господ и Исус се противат.