Така е. Се прашувам зошто воопшто протестираат активистите за права на животните, кога нив не ги допира тоа, не се животни
...зошто воопшто маршираат жените за 8ми март... тие што маршираат де.. не тие што се пијанчат на жива музика, им се лигават на свирачите и си поклонуваат едни на други цвеќиња
Парадата не е никакво магично решение за права, парадата е протест за видливост на ЛГБТ луѓето, ова мислам дека 100 пати е објаснето до сега.
Е. Парадата е начин да бидеш виден. форма на протест е... како што е било кој протест. Протестите привлекуваат внимание, отвораат дебати за неразрешени прашања, ги мотивираат луѓето да се отворат и гласно да си ги кажат проблемите, едноставно... влеваат надеж. *Вметни 'загаден воздух', место ЛГБТ+ права и ќе ти биде појасно
Не треба, само не гледам како некој принудува други луѓе на тоа. Мислам и фрлањено крст за Водици не е протест туку масовен собир на група луѓе што решиле да слават нешто церемонијално, па не гледам премногу бунење за тоа. Логички ако сме толерантни и не ни смета вториот собир на група луѓе, зошто ни смета првиот?
А без парадата нема да знам дека постојат геј луѓе, така? Оние кои се со закоравени ставови и имаат негативно мислење за овие луѓе, на гла да се наместиме нема да ги убедиме да мислат спротивно. Парадата е причина плус да плукаат и да фрлаат клетви. Имам другарка би, ни на крај памет не и е да присуствува некогаш на ваков циркус, мноогу убо се знај кој и колку профитира од ваквиот настан. Ќе се налапаат невладините пари, баш ги заболе дали Стојко е во врска со Петар и дали Петра ја избркале од дома оти се бакнувала со Стојанка.
Супер е тоа шо тебе и дечко ти не ве засега нечие држење за раце, еве во конкретниов пример на две девојки, но ФАКТ е дека во државава на многу им пречи, едноставно им е трн во око. Јас ти гарантирам со глава, дека тие девојки откако сте ги одминале добиле куп криви погледи, довикувања, неандарталски крици и сл. Доколку не си била сведок во живо, слободно отвори на фб и прочитај некои од коментарите на постови од оваа тематика. Значи не можиш да ТВРДИШ, “никому ништо” за нешто шо апсолутно е така и за шо има безброј примери/докази, тоа е игнорантно. Друга работа, од кога целта на човекот/човештвото е репродукција? Го поседуваме најусовршениот нервен систем помеѓу живите суштества, act like it!
А без протест, нема да знаеме дека е загаден воздухот? -------------- Задача за денес: Научете за граѓански активизам и ПР После, елате ќе дебатираме
Парадата не ја измисли геј популацијата, обратно е. Така да, информирани сме и за нивното присуство со неа и без неа.
Ма биди со кој сакаш, не ме интересира воопшто што се случува позади затворени врати на луѓе што доброволно се нафатиле да партиципираат во тоа нешто ама не малтретирај цело општество со такви глупости и во твоите циркуси кои ја уништуваат цивилизацијата не внесувај невини деца што не можат да одберат кој ќе ги посвои и не прави други глупости што негативно се одразуваат врз заедницата... Сексот како тема многу се преувеличува денес и затоа сме сведоци на присуство на полуголи жени на секој чекор на улица, проститутки што се продаваат за пари качени на шипка на универзална и организации на настани под назив "црвено убаво ми стои" и што добиваат поголемо внимание од едукативни претстави во театар... Доста упропастувате убави бои на виножитото, па сега и црвена со погани работи! Па дај нека подигнат еден стриптиз клуб на плоштад, еден кафич за хомоси и една јавна куќа и таман сме, Европа во маало! Со марихуана веќе средуваме работа за легализација. И сега и за тоа сум исфрустрирана? Јас сум против се што е гнасно и погано! До кога ќе тонеме морално?
Па што да одговорам на толку промашена поента? Никаде јас не напишав дека ти или било кој друг нема да знаете дека постојат геј луѓе без парада, едно е ВИДЛИВОСТ друго е ПОСТОЕЊЕ. Тие што имаат негативно мислење очекуваат ЛГБТ луѓето да се затворат во 4 ѕида и да не излегуваат, пошто нив тоа им смета, ај да земеме тоа да го правиме ако не, само да не фрлаат клетви? Другарка ти не ја опишува цела ЛГБТ популација....
Од каде оваа тешка глупост? Првата парада на гордоста се случила во 1970, предложена и предводена баш од ЛГБТ луѓе. После Стоунвол неколку активисти предложиле марш во Јуни, секоја година, за да го одбележуваат Стоунвол.
Не знам колку време живееш у Ск, али отвори прозор у сред зима. Ај што прст пред око нема да видиш, ај што нешто те стега во гради, ај што смрди. Треба сите сетила да ти се отрпнати за да не осетиш. Така да, не ми треба протест за да знам дека е загаден, но истиот е потребен за да се превземат мерки за општо добро на целокупната популација.
Во тој случај нека не бараат закони за легализација на истополови бракови и нека не бараат права да посвојуваат деца! А од кај знаеш дека и мене не ме гледа некој на криво кога одам по улица или дека не ми довикува дека сум дебела или глупо облечена? Многу сте пристрасни...