Јас не им ги угнетувам човековите права нити имам нешто против нив.. И не е измислено ова од хомофобите ЛГБТ навистина се обидуваат да ја протнат педифилијата како " нормална". Кој права ги немаат?
Во многу држави можат и да посвојат и да се венчаат. Премногу агресивното нивно наметнување на мислења и изигравање жртви, прави луѓето повеќе да не ги сакаат.
Леле ај да им се одземе на жените правото на работа и еднаква плата во Македонија. И нема да можеш да изигруваш ни ти жртва кога еве во другите држави си го имаат тоа право. Не ни читаш што пишуваш.
Гледам на премиерката на Србија и го одземаа детето зошто е ЛГБТ.... Си живее со години со партнерката и никој не ги чепка.
Треба да им се даде правото на брак, на дете(кај нас не баш, од многу јасни причини), на љубов. Не треба да им се даде право да парадираат со дилдоа обесени, по танги, да се исмеваат на нечија религија, да се форсираат истополови врски во сите филмови, сите социјални мрежи етц. Сакале ние да прифатиме или не, хомосексуалноста се смета за растројство. Природна е(во некои случаи), честа е, и треба да се прифати како нормално секојдневие. Ама не и да се промовира по секоја цена. Значи, да за љубов, не за парада.
Не може да имат право да чуваат деца . Не може. Зашто? Зашто е класична манипулација, да земеш дете мало кое незнае да расудува ниту да одлучи што сака. Ете тоа право не смее да го имаат
Во никоја развиена земја не се смета за растројство, па ни во Македонија. Другите работи што сакаш да ги ограничиш се буквални напади врз нечија слобода на говор.
Ова мислење ти е напад врз било какво посвојување на деца, дури и на стрејт лица. Па ни ти не си расудила на кое семејство ќе се родиш.
Неточно. Јас сум се родила од мајка жена и татко маж. Тоа е нормално. Не би сакала да ме чуваат татко и татко.
Епа некои деца сакаат. Биле посвоени од татко и татко и си ги сакаат родителите. Која си ти да одлучуваш за други деца?
Вие во оваа држава сте малцинство а не мнозинство и се додека е тоа така други ке одлучуваат за иднината на децата
А, зар секогаш ние кои сме стрејт сме подобри? Не си чула колку стрејт парови се однесуваат лошо кон посвоените деца?
Кои други? Се надевам си свесна што пишуваш. Да сумираме: Те врзуваат на брод и ти кажуваат што да правиш? Ќе го правиш тоа?
Јас мислам дека на некои им е предосаден животот и доаѓаат на темава да контрираат, друг да се нервира и да ги цитира и така тие да внесат малку драма во своето секојдневие.
Во времја оно, Господ беше злоупотребуван и од страна на робовладетелите.Сега Го злоупотребуваат разни десничарски идеолози, кои се жедни за туѓа крв... Секој вонбрачен блуд е грев, од тоа отстапување нема и Господ го чека покајанието на секој од грешниците, вклучувајќи го и на блудниците. И за блудниците Господ висеше на Крстот! Но, не значи, дека блудниците треба да ги убиваме, да им викаме „уа“ по улици, да ги гаѓаме со скапани домати и смуткосани јајца... Практикувачите на вонбрачен блуд, вклучувајќи ги тука и практикувачи на ЛГБТ не треба да се причестуваат и не треба да бидат дел од клирот. За друго нека се живи и здрави: нека шетаат, нека организираат паради, нека се држат за раце во јавност, колку сакаат, нека посвојуваат (доколку се психо-физички способни и хетеро паровите, кои посвојуваат треба да се) и раѓаат деца, и в црква зошто да не доаѓаат (пред некое време американскиот архиепископ ги крсти децата на еден лгбт пар). Само да не бидат лицемерни и да не ги водат парадите за семејството, како што знам за еден пример. Ем заведува млади момчиња (!!!), ем се претставува како загрижен за традиционалните вредности (!!!). Од такви схизофрени однесувања, да не` чува Господ.