Бидејќи се малцинство? Нормално само значи дека е повеќезастапено, ама ти мислам дека го користиш нормално како „подобро“, што е твоја грешка. Истополовите семејства се поретки но се еднакво добри како разнополовите.
Ретко е антоним на нормално. Пак не ме разбра. Буквално само кажуваш тие се ретки бидејќи се ретки. Приметувам дека имаш многу предрасуди против малцинства само бидејќи се малцинства.
Јас го имам учено по психологија и психијатрија како растројство. Значи не е како биолошки треба да се чувствува една човечка единка. Што пак ќе кажам, не значи дека не е природно. Само не е биолошки исправно. Нарушувам нечија слобода на говор затоа што не сакам да гледам танги од кај што им висат ку*овите? И што не сакам да се исмеваат со Исус? Wtf? Моментално ти ја нарушуваш мојата слобода на говор, обидувајќи да ми го наметнеш твоето мислење како правилно?
Иронично е колку играте жртви за привилегирани "од госпо даени" луѓе. Ама нормално дека тој шо има, не можи да сфати и да осети грам емпатија за тој шо нема. Следно, иронично е дека се вадите на карта на „морални и традиционални“ вредности за зошто се bigoted, кога моралот не треба некој со инка да ви го тури туку сами да го раздлабите. Дали јас ко ќе осудам некој, ко ќе активно прам нешто да го унесреќам, притоа животот на тој некој не влијај никако на мојот, дали е то морално? Не е квантна физика, спиритуално е, душевно е. Не треба некој да ти кажи за да знајш дека не е во ред. Само одбирате да плукате отров. Одбирате да дискриминирате. Одбирате да се ситите на туѓа несреќа. Одбирате да загушите туѓа среќа. И искрено не ми е гајле дека плукате отров пошто секакви не има на планетава, океј е. Гајле ми е дека го завиткувате како „морал“ и „етика“ како ѓеврек во сланина, а нема врска. Зошто ви е срам да кажите дека едноставно ви се гади од непознатото? Или дека се плашите од непознатото? Или дека едноставно неќите да прифатите? Као буквално е океј. Ако сакате ќе збораме за различни ставој, ако сакате не мора. Али не, дражвата одлучила, госпо така рече, мајка ми знај најдобро итн. Изговори, изговори, изгорови за како да останиме морално супериорни, а во исто време да сме bigoted до коска, остај не, до срж. Прво ќе коментирам за Еуропрајд во Србија. Ќе почнам од откажувањето, па ќе продолжам за протестите зошто то е втора точка на то шо сакам да зборам. Да одржиш парада, во случајов прајд, ама ете ќе ја земам и таа во Рио де Женеиро, е прво поворка и второ забава. Уште еден повод за забава, за сплотување, за среќа. Нема да бидам доволно petty на секое да велам „против кое сте“, ама комотно додавајте го после секоја реченица. Е сега парада на гордоста е и парада-протест или карневал-протест или забава-протест. Накратко, земаш сериозна тема и ја прославуваш за да се сплотиме заедно, посилни, посреќни. Пошто та нормализација помага пред се на младите шо се квир да видат дека не се изроди како шо ги вреѓат дома, дека не е се црно и дека има трошка надеж во светов и дека има луѓе шо ќе ги прифатат. Откажување и истиснување на протест е против човекови права. Протестирање против протест е најиронично нешто шо можи да постои. Као протестирам за мене да ме слушниш и да повредиш онај онде. Плс повреди го. Uwu. Гнасно. Така да шо мислам за политичка сцена во Србија како и за сите тие шо излегоја на протест и шо се против нешто вакво? Па ништо добро. Нема да речам да осетат на своја кожа. Не сум зла ко нив. Ама и не очекувам да сфатат. Поќе пишам за МЕНЕ да ми олесни. Нив кој ги еби. Следно, коментирате дека ЛГБТИ биле насилни? Дали сте сериозни? Па и тебе некој секој ден да те вреѓа, дискриминира, малтретира физички и психички, обезвреднува, и ти ќе си на раб на нерви и пак ќе си поќе чоек од тој шо те малтретира пошто тој шо те малтретира е ради лични нерасчистени проблеми и фрустрации. Второ, ќе коментирам као ок, ете, имате право да малтретирате некој и да мислите дека сте морално супериорни ради то. Дали сте размислиле како то се одразва на тој поразличен од вас? Еве нека не е хомосексуален, нека е атипичен ( би извајла истражувањето за неуродивергентност и родова различност ама не сте спремни за тој муабет). Поразличен е поразличен. Стандардот во општеството ни е такво да поразличното се фрла. Неслучајно ги прам овие паралели тука и ако не ја видите конекцијата, жал ми е. АМА поентата седи, дали знајте какви проблеми по ментално здравје имаат личностите поразлични од нас, со поразлична сексуалност на пример, само ради то како општеството се насочува кон нив? Мене само ме интересира како ви е комотно да знајте дека директно или не, сте причинител за ова. Или не сте свесни на ефектите шо се случват? Еден дотичен не беше свесен дека ваквиот третман е причинител за проблеми по ментално здравје и беше ко ''lul just stop being gay and u wont be depressed'' ама ајде да ги видиме фактите: Негативните однесувања и културната стигма ги става LGBT младите под голем ризик за булинг во училиште и надвор од таму па дури и извршување физички напади врз хомосексуални врсници. Према GLSEN (Gay, Lesbian and Straight Education Network) во извештајот во 2013 укажува: 55% од младите LGBT личности се чувстуваат небезбедно на училиште поради својата сексуална ориентација, 74% од младите LGBT личности биле вербално вознемирувани поради својата сексуална ориентација, 16% биле физички нападнати. Према CDC стресовите кои ги доживуваат LGBT лицата ги става при поголем ризик за проблеми со менталното здравје. Ваквите ризици вклучуваат: однесувања кои придонесуваат кон насилство, како носење оружје ( за заштита) или вклучување во тепачки, однесувања кои придонесуваат до несакани повреди, користење цигари, алкохол или дрога, ризични сексуални однесувања, депресија, суицид или обид за самоубиство. Ова не е променето ни кај возрасните луѓе. Дискриминацијата може да доведи до зголемен ризик на проблеми со менталното здравје, тврди Доктор Апу Чакработри од Универзитетот од Лондон. Неговиот тим извршил истражување врз 7 403 возрасни испитаници за депресија, анксиозност, опсесивно компулсивни растројства, фобија, себе повредување, суицидални мисли и злоупотреба на алкохол и дрога, кои биле значително поголеми кај хомосексуалните испитаници. Депресивна епизода во последни 2 недели: 4% кај хомосексуалците и 2% кај хетеросексуалците. Злоупотреба на алкохол: 10% кај хомосексуалците и 5% кај хетеросексуалците. Само повредување: 9% кај хомосексуалците и 5% кај хетеросексуалците. Се опиша себеси како целосно среќен: 30% кај хомосексуалците и 40% кај хетеросексуалците. 1 | 2 | 3 Трето, сакам да знам каков е тој свет во кој не постои дискриминација и насилство врз луѓе со поинаква сексуалност и родов идентитет. Еве само од кај нас: Демолирање ЛГБТ центар во „Стара Чаршија“ Нападнати припадници на ЛГБТ во Скопје И пошто сепак збораме за Еуропрајд, се сеќавам дека пред некоја година имаше вест баш како нашите горе, али и еве нешто во една минута шо можам да најдам: German gay rights activist critically injured in Belgrade assault А, и шубо пиши: human rights И четврто, сакам да споделам за кој се е против Europride. Дефинитивно текст од Медуза ептен ми остај силен впечаток. И го линкував оти е ептен концизен и со одлични поенти, а јас со мое ммблање нема никогаш да ги доловам истите поенти. И за крај. Ако се стремите да сте подобри луѓе, the gods know I do пошто сметам дека сум далеку од то, прашајте се каков ефект има то шо го прајте/ велите врз тој другиот и како нивната среќа/ несреќа/ настан/ избор влијае на вас. Ама големи сте, сигурна сум дека знајте за ова. Тудлс.
Немам предрасуди. Ама не може да одлучувате за мнозинството ,во случајов да се одржува геј парада,бидејки мнозинството не сака таа да се одржува.
Пошто мажите едвај чекале жените да излезат да маршираат за да гласаат или белците едвај чекале црнците да се дигнат на протест за своите права.
Убаво пиша родителот не му наметне свои принципи, ама ЛГБТ можат да наметнат што ќе бидат? Во Германија во градинките имало ден кога на децата ќе им се обраќале обратно од полот што го имаат за да можеле да видат дали можеби се чуствувале спротивно од тоа што се родени. Кој се па ЛГБТ да ми наметнуваат принципи на мои деца?
Што увреЏена кој се они да бараат како некој родител ќе се обраќа на своето дете и тоа да го бараат да биде присутно во градинките и училиштата?
Не ви е глупо да измислувате? Или да верувате на секоја глупост што ќе ја прочитате на интернет? Така малку срамота е.
вистина е бе исто слушнав дека во градинки во холандија задолжително еден џоинт им даваат на децата на врата за да не се плашат без нивните родители. либерализам шта чеш