Da, ama sepak mora da ima granici. Ako nekoj/a izleze gol/a na ulica, ke bide prijaven za narushuvanje na javen red i mir. Isto i na paradata, mora da ima granici, bez ismevanje na nekoja religija i sl raboti kako sho do sega sme gledale.
За тоа со голотијата се сложувам. Ама, да бидеме искрени, поради религија хомосексуалците биле каменувани, палени и ред други гадни работи. Не викам дека исмевањето е во ред, ама тоа е најслабиот механизам против религијата со оглед на тоа колку луѓе и жени пателе и умреле од неа.
Секогаш, ама секогаш кога некој премногу жестоко се буни против хомосексуалците ми е знак дека си има некои неразрешени сексуални прашања во себе. Инаку зошто некој толку би реагирал? Луѓето што се начисто си својата сексуалност немаат потреба ниту од докажување ниту имаат потреба емотивно до толку да се вложуваат на темата.
Имаат права поќе од хетеросексуалците, ама хетеросексуалците може да се заљубуваат и да се држат за рака, ама хомосексуалците - не. Аман нека немаат толку права, жити очи. Кој Господ? Луѓето ги пишуваат законите, не Господ. Господ создал хомосексуалци. Ти си агресивна. Не се ни осеќаш. Не си сакала да ги гледаш, оти не ти било 'нормално'. Не постои светот само за тебе. Ете заради ова има паради. Баш заради ова! Ти дома прај си шо сакаш. Немој да си излегла додека си трудна! И детето да не го шеташ, ко ќе го родиш Сите ќе знат дека си имала секс. Каква порака им испраќаш на децата!? Или не дај Боже, да се држиш за рака или да се бакнуваш со маж ти! Скраја да е. Твоето не ти го зема никој. И никој нема да одлучува за него. Тоа ќе ти каже дали се пали на мажи, или на жени, кога ќе влезе во пубертет. Шо се одлучува за мнозинството? Те тера некој да одиш на Парада? Ќе пукниш два сати во годината, ако не минеш баш по таа улица кај што е парадата... ако веќе толку ти смета? И имаш предрасуди, само не си свесна за нив. Студија е тоа. Во Скандинавија веќе ја правеа, за да покажат дека родовите улоги се наметнати, а не вродени. И докажаа. Никој не може да те натера да имаш секс со личност од ист пол, ако ти не сакаш. Освен ако не те силова, се разбира. Знаеш на што се палиш. Знаеш уште од 13-14 години. Толку е просто. Било кој бар или дискотека во сабота навечер и ќе видиш тооони разголени хетеросексуалци, како промовираат дека нивното е кул. Да се забрани хетеросексуалноста! Оти хетеросексуалците секој ден парадираат по улици, фатени за рака, ги шетаат производите на нивната копулација, наречени 'деца'. Ако може за нив, оти да не можи за хомосексуалците? Скријте се дома. Шо промовирате дека сте стрејт? Оти сакаш да биди по твое. Мнозинство сте биле. Тебе не ти било нормално. Тебе ти пречело да гледаш ова, да гледаш она. Ако ти пречи, ој в планина живеј. Биолошки е правилно 'докторе'. Како ти ја засилува некој омразата и те тера да стигматизираш? Оти не е светот како шо си замислил/а дека треба да е? 8 милјарди луѓе сме. 8 милјарди различни однесувања постојат. Не се врти светот околу тебе. А ако има иссмевање на религија, право бомбата ко на Шарли Хедбо, или закана за убиство, ко на Ружди. И после, муслиманите биле 'затуцани'.
Не ја сфаќам логикава зошто да се венча у црква ако е атеист? Може да се склопи граѓански брак тоа не е забрането.
Ехеее Вајлд не можев да те читам скроз сори. Нејсе, да се навратиме на темата. Дома бидете што сакате. Облекувајте се како сакате, имајте секс со кого сакате , геј парада не одобрувам и сметам дека претерааа со барањата за права . Дадени им се права и доста е. Јавно промовирање нема потреба. Влегување во училишта и учебници ,боже ме опрости ,нема потреба. Ако сакаат јавно промовирање нека излезат на референдум и нека го прашаат мнозинството дали се согласува на геј парада и нивно спомнување во учебници. Позз
Оваа ситуација со членката што имала секс со жена и сака пак да има, а смета дека ЛГБТ луѓето имаат доволно права и е против парадите, за жал е честа појава на балканот, особено меѓу геј/би мажи. Навечер сакаат и имаат секс со други мажи, преку ден се против парадите, сметаат дека ЛГБТ луѓето не треба да се толку видливи и не треба да бараат права. Мислам дека ваквото лично поттиснување е жално, произлегува од наметнатата хомофобија што очигледно ја прифатиле.
Класична манипулација од ваша страна. Ова исто го правите и со децата. Ако некој не се слага со вас ,не е во право,тој нема појма уствари дека е хомосексуалец ,ама е. Само ја потиснал желбата. Ти викаш љубам маж,во брак сум ,они ти викаат НЕ ти си хомо ама потиснуваш. Страшно !
Е како да не. Имам на инста една школска лезбејка и си става слики со девојката во кафиќ гушнати,фатени за рака и како се бакнуваат. И лично имам гледано по улица девојки шетат фатени за рака и се бакнуват. Кој ве лаже дека не смеат да се шетат така? Имам кажано еднаш, не ми сметаат лезбејки и геј. Ми сметаат оние што не знаат што се. Мажи со пенис и гради како на жена. Не се знае што е. Тоа во ред е? Природно е? Нејќам ни јас ни моите деца да го гледат тоа, а вие колку сакате поддржувајте ги и браните
Тоа што си во брак нема никаква врска, најголем процент од активни геј мажи во Македонија се со жени и деца, а на апликации за запознавање бараат мажи и скришно се ебат. Нема да си земам за право да ти кажувам што си, тоа никој не може да го знае. Но, крајно дрско е да ги збориш сите овие работи, а во кревет да си легнувала со жена и пак да сакаш. Како не ја приметуваш апсурдноста во тоа? Прво велиш дека паради промовираат секс и тоа е бљак, потоа викаш океј е геј луѓето да имаат секс, ама нека не се сакаат. Изгледа само ти имаш право да се дупиш со жени, кај другите е одвратно и не смеат. Исто, треба да си стварно секс манијак за да сведеш истополови врски само на секс, а да ти е гадна љубов. Љубов бе човек, љубов. Нежности меѓу две особи да мислиш дека не е океј, ама како фетиш е океј. Очигледно е дека имаш некои неразрешени работи во себе. Ич не ми е гајле каков живот имаш, што осеќаш, дали си стварно стрејт или си геј. Ама седни доле и не шири омраза, немаш право да збориш.
Ти нема да ми кажеш дали имам право да зборам ,поготово кога се работи за барања на права кои вклучуваат спомнување на ЛГБТ во учебник од кој мое дете треба да учи. ! А за тоа дека сум легнала со жена, пишав погоре,се изјаснив .
Искачаат више да. И јас имам гледано, дури и во Охрид. Ама искачаат тие веќе шо им е преку такво да се кријат. Некои ги знаат и по дома па полесно им е. Ама не е дека сите ок ќе го прифатат тоа у ресторанот, така? Епа на тоа трена да се работи
Хомосексуалноста е растројство, и не е како биолошки правилно треба да се чувствува човекот. Хомосексуалноста спсѓа во иста категорија растројства со педофилијата, зоофилија, некрофилијата. Разликата е во тоа што за разлика од сите овие, хомосексуалците не причинуваат штета, односно имаат согласност од другата страна. Поради тоа и треба да е прифатена. Јас лично не чувствувам омраза, ниту стигматизирам, но многу луѓе сѐ уште не ги “прифаќаат”. Како за некој што се стреми да биде прифатен, контра-ефект се добива со исмевање религија, шетање гол на улица и разни вулгарности. Ни 5% од хомосексуалците не се фрикови како што ги прикажуваат. Ако некој не се согласува со твоето мислење, има свое, и не се води слепо по се што му се сервира, не го прави хомофоб. Работава, или секакви будалаштини ќе поддржуваш или хомофоб си. Другариве мои геј што се, и се против паради и циркузи правење, и они се хомофоби сами на себе?
Каква легенда си ти, имаш геј пријатели кои нејќат паради, си израснала со црнче во одделение кое никогаш не било дискриминирано... уште нешто?