Џекпот. Прашање на време беше кога некој ќе ја употреби оваа карта. Ако читате низ темава, ќе сфатите како сите што се против парада, а и општо против хомосексуалноста, ги кажуваат истите работи ко по шаблон. Сите вие имате другари што се геј, и шетаат фатени за рака надвор, и не се соочуваат со предрасуди и они самите се против парада. Duh, ние тука изроди сме. Не искачаме од дома и не знаеме што се случува.
Имаме другари што се геј. Геј луѓето не се ретка појава. Идат на дејтови, имаат партнери, прифатени се од нивната околина. И ти како стрејт да искочиш надвор ќе добиеш лоши погледи поради х причини, така и они. Life goes on. Стварно ми е чудно што немате видено геј пар во јавност, и што немате геј пријатели. Можеби стварно немате искочено, или во различен Свет живееме?
А што се случува? Еве јас немам слушнато и видено некој да нападне геј пар додека шета низ град. Освен правото на брак и дете кои права им се одземени на геј луѓето?
Girl, два-тројца гејови што ги познаваш не ги дефинираа сите. Мојата околина е различна. 99% не се out, голем дел од истите никогаш не ни планираат да излезат јавно. Ниту па по дејтови одат. Па не шетаат, како ќе чуеш? Јас за мене често кога ќе поминам покрај некој можам да чујам како коментираат за изгледот, среќа па секогаш сум повисок од нив и немаат храброст да направат нешто повеќе.
Ако не се сеќаваш, збореше за геј парови. Јас еве мажи фатени за рака немам никогаш видено јавно. Единствената геј интеракција што ја имам видено по улица е кога последнава нова година, вечерта кога немаше живо пиле по улиците, на пешачки пред мене поминаа двајца мажи и додека поминуваа едниот го потфати другиот под рамо, значи ни за дланка не го фати.
Не се аут најчесто поради други причини, на пример неприфаќање од страна на семејството. Не толку од безбедносни. Поради тоа и зборам дека не треба да се ствара слика на геј луѓето како изроди. Семејствата,особено оние со постари родители имаат проблем затоа што ги сметаат сите геј лица баш како оние на парадите. И поради тоа имаат проблем да прифатат дека нивното дете е геј. Имам разговарано на тема шетање во јавност, и најлошо што им се случило е некој да кажи: види ги педери, со омраза. Ама исто и некоја со голем нос, има дебили што ќе искоментираат: види и го носов… и етц други навреди. Не знам каде живееш, можеби во помали градови и села е уште табу тема, ама во моја околина речиси и никој веќе не се замара кој со кој се држи за рака.
Еве јас имам видено неколку геј парови како се држат за рака. И знаеш што се случи? Апсолутно ништо. Си одеа како секој пар. Народот веќе почнува да се навикнува дека има и геј парови меѓу нив, барем овие помладиве. Кај старите секогаш ќе наидеш на предрасуди. Премногу драмите и се правете жртви како немате никакви права. Не знам што очекувате, да ви постилаат црвен тепих кога минете?
Поентата е не е дека не смеат да искочат фатени за рака, туку на колку превртувања на очо и гнасни коментари ќе наидат. Нигде не пишува дека не смеат, ама народов наш затуцан прави да не смеат. Пошо толку прочитале, некој им кажал дека е болест тоа и ги гледаат на криво.Е затоа ,,не смеат” да искочат за рака фатени. Мозокот на Македочето ууууште треба да еволуира
Ама такви коментари има и за хетеро луѓето. Зошто не сфатете? Не можеш на народот да му ја затнеш устата. Некоја останала бремена на 16, одма коментираат, некоја има 40 и не е мажена, одма коментираат, некој на 30 е невработен,одма коментираат. Коментари секогаш и за секој ќе има
@forumce Од моја околина, аут се меѓу друштво, но повеќе имаат проблеми дома, баш онака дојдено до насилство и сериозни закани за истерување од дома. И тоа не поради што имаат споделено дека се хомосексуалци, туку само поради претпоставка поради изгледот, конкретно „поженствени“ карактеристики кај другари. Паради се повеќе за нормализирање на постоење на геј луѓето. Навистина не треба да гледаме мислења како на @Misskirova и да кажеме дека тоа е океј, затоа што ете и она е идна мајка, има потенцијал да се дешаваат случки како што спомнав погоре и верувај низ тоа не треба да минува ниедна особа. Парадите се контрирање на речениците како „правете си што сакате меѓу четири ѕида“, за да прифатиш различности, треба да ги увидиш. Какво е тоа прифаќање ако сакаш да си изолиран од се што е различно? Прифаќање е да видиш нашминкано машко на улица, да кажеш „аха океј“ и да си продолжиш со животот. А, не да формираш триста осудувачки мислења околу тоа.
Така е, ама секој наидува на лоши погледии коментари без разлика геј-стрејт, па дали си многу дебела, или многу слаба, па дали косата ти е мрсна, дали имаш бубулица на чело, дали фудтанот ти е прекраток и тако даље. Никогаш нема да им се допаднеш на сите. Секогаш ќе има дебили што нема да можат да не кажат нешто. Ама главата горе, кучињата лаат, караванот си врви.
Не е биолошки "нормално" само во контекст на продолжување на видот бидејќи човекот не може да се размножува на друг начин. Да бевме хермафродити како други видови што постојат на земјава, или да се размножувавме асексуално ништо од ова немаше да биде битно. Така што, тоа што е биолошко природно и нормално е скроз релативно. Освен тоа, ако веќе се водиме стриктно според биолошки принципи, многу од работите што ги правиме не би требало да ги правиме, на пример со индустријата и поволностите кои ги добиваме директно уништуваме цели екосистеми. Тоа не е никако биолошки природно и за разлика од хомосексуалноста е штетно, ама не гледам никој да го зема за пример кога се збори за природно vs неприродно. Инаку и јас учев психологија во прва година, учебникот беше од пред 20 години и истото го пишуваше. Тоа е затоа што кај нас на цело поле за ментални растројства уште важат заостанати работи кои во цел свет се веќе ревидирани.
Мене не ме допираат мислења од рандом личности за мене. Не знам зошто други би ги допирале мислењата од луѓе што не ги знаат. За насилството дома не знам искрено што да кажам. Жално. Имам во фамилија геј личност. Оддамна е иселен и кога ќе си дојде тука најнормално се однесуваат со него. Мислам го занемаруваат тоа што е геј.
да сосема исти дешавки како хомофобија, вчера ме сретна еден чичко ми кажа каква ти е таа бубуљица на чело јас пробав да му објаснам дека не е мој избор со таква кожа сум родена ама бап ми направи модро око. не знам јас со кој памет се шетав со бубуљица на глава кога знам колку се бубуљици дискриминирани
Паметам еднаш многу вивидно, се враќав дома од школо а пред мене одеа двајца (изгледаа ко да ми се врсници). Едниот збореше дека толку му се згадило тоа што видел две лезбејки на автобуска, до поента што за малку не отишол да ги удри со нога во фаца (исто така и физички го демонстрираше ова) Али ете.. некој ќе е израснат да си гледа своја работа и своја љубов, а некои ќе испаднат ко да се израснати од МисКирова
Не се тепани затоа што не се држат за рака по улица, не се бацуваат по улица, не покажуваат никаков знак дека се пар по улица. 20 пати ти повторивме.