Не знам што да ти одговорам на ова. Кога се нема аргументи, се напаѓа на лична основа и цинични хехехе-нца. Ај те молам најди ми информација кога и кој геј пар бил претепан на улица во Македонија? Не драматизирајте, аман.
Имаше еден активист албанец, заборавив како се вика, што јавно зборуваше за закани што ги добива по живот, плус беше истепан и споделуваше за тоа. Баш вчера ми искочи пак некоја статија за него. Ама да, ништо не им е, сите ги прифаќаат, слободно се држат за раце надвор.
https://cg-fudbal.com/www/2022/05/09/skandal-vo-tetovo-lgbt-aktivist-napadnat-pred-negovata-maјka/ Еве ти. Ни со дечко не бил. Мај месец, 2022 година.
Толку ги имам извртено истите аргументи кои никој не ги чита што стигнав до степен да се претворам во тролче.
Не реков дека е секојдневна. Само сум гледала неколку парови и си одеа најнормално насмеани фатени за рака. Не се срамат да покажат дека се геј. Имам чувство дека некои се срамат дека се геј па наоѓат оправдување дека не се прифаќани
Жално и срамота. Ама Лгбт АКТИВИСТ е клучното. Тоа е тоа што го зборувам. Парадирањето, мавање во гради глеј те ме-чудејте се, е тоа што ствара контраефект и го зголемува револтот и омразата на лудациве. На иста страна сме, не мислам дека геј луѓето треба да се нападнати. Само сметам дека парадирање, исмевање на религија, вулгарности и циркузи по улица не им се од корист во процесот на борба за прифаќање и права. Напротив.
Девојко, тој „контраефект“ е насобрана омраза која ќе излезе под еден изговор или друг. Не може некој да има листа на како да се понаша и што да прави за да биде прифатен. Еден хомофоб едно ќе бара, на друг хомофоб и тоа ќе му е премногу и ќе бара уште помалце права за геј луѓе. И како ќе се договориме? Дали правата на хетеро луѓе/парови зависат од тоа дали се добри или лоши личности, дали нешто исмеваат или не исмеваат? Не, туку едноставно постојат како што постојат и имаат права, точка.
А што прават активистите кај нас? Да не мислиш дека во Тетово по врата им одел и ги убедувал геј да се? Ако имаат пари, одат на некои конференции во странство и толку. На ниту еден начин не наштетуваат нечие секојдневие, поготово не кај нас.
Прво, мноогу далеку сум од хомофоб, непријатно е на некој да му делиш епитети непознавајќи го. Ај сега второто. Постои општоприфатена “листа” како некој треба да се понаша за да биде прифатен. Постои кодекс, морал, начин на однесување. За хетеро пар да посвои дете(што нели хомо-паровите го бараат како право), поминуваат низ разни процедури, за да се покаже дека се дел од таа “листа” на добро и прифатено однесување. Ако мајката или таткото од тој хетеро пар, се слика по танга на улица, со дилдо опнато на чело, и куренца како менѓушки, нема да и го дадат детето. Ако геј луѓето смеат да исмеваат одредена религија и верување, и тоа е океј, согласно со тоа, и овие вернициве можат да ги исмеваат, мразат истиве што им ја вреѓаат религијата? Како е едното океј а другово не е? Што ќе се постигне со провокации од тој тип? Вечна војна? И права како ќе добијат на тој начин, како ќе им помогне тоа ајде кажи ми?
Како не мојш? Ноќеска ги читаше со ред и лајкуваше коментари од други членови, што беа измеѓу. Твоето дете ќе знае за секаков секс, без разлика ти што сакаш. Вервај ме. На 10-11-12 ќе гледа порничи и од нив ќе научи. Шо е многу глупо, оти на школо се учи се' во врска со сексуалноста, а овде само разновидна пенетрација и др сексуални активности. Не мојш да го заприш то, па ако сакаш на гла намести се. 78ма сум родена. Ние знаевме, тогаш. Без интернет и родители како тебе, кои не зборуваат со децата отворено за човечката сексуалност. Денес... ехее-хеее Поарно за него да научи кои се предностите, ама и последиците од било каков секс. Оти лажиш? Не спаѓа во нив, затоа што хомосексуалноста инволвира две возрасни личности, кои доброволно стапуваат во некаква врска. Другите две, се насилство. Оти ни дете, ни животно, ни мртовец може да ти даде согласност. Прво научете ги фактите, после дебатирајте.
Го прочита воопшто мислењето, или реплицираше онака на тоа што ти одговара. Токму тоа и го кажав. Боже сачувај.
Си видела еднаш, ама затоа што ти е несекојдневна глетка го ставаш на исто рамниште како и секој друг пар. Тоа е честа појава кај луѓето, да ја преувеличуваме несвесно честотата на некоја појава. Поради тој еден пар автоматски мислиш дека истото важи за сите геј парови. Логичка грешка. Озбилна си? Каква двојна виктимизација, ова е срамота да го пишеш. Луѓето кои се од други причини неприфатени, на пример ментални болести, исто така си замислуваат дека не се прифатени? Децата кои трпат булинг си замислуваат дека не се прифатени, а уствари се срамат од себе? Знаете што, како и вас, и јас не знам како е 100% искуството на лгбт луѓето и можеби не сум вистинската личност која што треба да збори во туѓо име. Ама за среќа, имаме нешта што се викаат емпатија, очи и уши, кои ни овозможуваат да разбереме зошто некој друг е незадоволен. Почнуваш од тоа што правиш опсервација на луѓето околу тебе, нивните начини на однесување и патерн на однесување. Директни и индиректни навреди и шали. Во нашето општество, уште од мали нозе слушаш дека педер е навреда, дека за нив треба да се врати Хитлер, треба да се стават во топ и да се убијат. Изливи на омраза, закани за насилство. Ако некое машко и најмалку покажува некаква женственост, веднаш е исмеван и предмет на навреди. Одиш во школо и слушаш како некое кутро дете кое што можеби(под знак прашалник)е геј треба да се истепа и тоа и се прави. Имавме евровизиски претставник геј човек. Цела земја се крена на нозе да го излее цел гнев и секој да каже колку може полош збор за него. Чисто поради фактот што не е стрејт. И сега вие со цел памет, значи свесно, доаѓате на форумов и викате дека кај нас на луѓето им е дозволено да постојат како геј луѓе, слободно се шетаат на улица, нивните роднини ги прифаќаат и немаат страв за нивната безбедност? Со ова правење на удрени само си покажувате дека или живеете во делузија или поверојатно - толку многу ги мразите луѓево што попрво ќе одберете да верувате во лага која што и вие знаете дека е лага, само за да не признаете дека постојат многу препреки кои цела оваа популација ги доживува. Толку не пишувам веќе, јасно ми е дека со инка не се тура памет.
Пак таласате на темата? Не знам не ве разбирам како можи да му го храните патењето за внимание. Тие патат за внимание бре... Синкир сега се појавија педери и лезбејки ... Сега треба да се дешава нешто, да е интересено, а интересно е ако сме различни од другиот... И ете ова е резултатот ....
Тука ако пишеш нешто што не им се свиѓа на одредени особи одма те класифицираат како хомофоб и триста други епитети ти ставаат. Ќе ти стават реченици што не си ги кажал и немаат логика со темата.Шта речи. Боље ништо да не пишеш, оти ќе си го добиеш на крај. Како и во секоја осетлива тема патем. Знаеме тука најпаметни кои се, без предрасуди, најдискриминирани, душички најоштетени, најголеми жртви. Се повеќе ми се одмилува форумот. Не смееш да пишеш нормално мислење без некој да ти се залепи како мува на гомно.
Третманот на улица не е ист. Поранешен комшија избегал од родниот град и дошол во Скопје токму поради осуди и непријатни погледи.Овде поретко се соочувал со тоа.Но, пак се плаши. Во родниот град сестра му немала проблеми јавно да се бакнува со дечко ѝ и да се држи за раце.Он имал. Тоа што ние не ги напаѓаме на улица не значи дека го имаат истото ниво на безбедност и комотност како нас.Да и на нас хетеросексуалците некој ни префрла на улица, но не толку колку на нив. Не знам зошто е толкав проблем парада од 2 часа.Скопје било блокирано и повеќе саати ради протести, па немало волку мрчење.А, армијата да парадира 2 часа ич нема да ви смета. И ај пак... Хомосексуалноста е тргната од списокот на болести.Не ги уважувајте учебниците со застарени сфаќања.