Многу пати сум кажала и пак ќе кажам. Толку да се вложувате, да покренете протести за силувања, педофилија и ред други громорозни дела како што покревате против лгбт лицата, ќе мрдневме од мртва точка, ама не. За една парада од 2 саати која се организира еднаш годишно фрштат жестоки реакции насекаде, контра паради и што уште не, ама за силување "жртвата е крива за тоа што е силувана". Наместо да правите контра паради за лгбт, ете организирајте протест за тоа што болни деца не можат да се лекуваат бесплатно. На погрешно место се вложувате.
Абе и ја зборам дека е доста курчење против владата и крадењето на социјални мрежи и Фемина, па никој не ме ферма 2%. И шта чемо сад? Еве ја за сѐ се борам, и ЛГБТ и за крадењето, и за ред други работи
Алал да им е лгбт што се собираат и прават парада, најискрено ова. Кој друг се собрал за да си ги бара правата?
На овој пост и на постот на Шило магазин со истава содржина лабаво има едно 300 луѓе со кои треба да се позанимаваат институции. Ама тоа во нормална држава, овде тешко.
И јас сум либерална и open-minded, далеку сум од хомофоб и све остало што испомешаа кутрите душички. И мене ми е веќе преку глава, пишиш негде одма имаш ептен либерални ликови, луѓе што никого не осудуваат, све им е нормално, ама пиши во некоја тема проблем оти имаш трчаат истиве да ти се нафрлат оти си глупа, ваква или таква.
А каква реакција очекувате? Секој има право да се организира, да протестира, маршира итн. Било кој. Вие викате дека не треба да има Парада. А што ако некој има интерес од фосилни горива, или од фабрика која ви го загадува градот и издејствува да не смеете да протестирате за тоа што ве труе? Ептен чепкате во основи човечки права. И е навреда. И е глупо.
Ама не е протест. Не се протестира на тој начин. Еве конкретно има група луѓе ќе протестираат за бугарски коли, пред неколку години протестираа за други прашања, имаше искажување револт за силувања и сл. Тоа се мирни протести, јасно се кажува целта. Имаше протести за промена на името на државата, за француски предлог итн. Тие можеби не беа толку мирни, но се знаеше целта. Парадиве не гледам цел, вулгарности, исмевање религии, агресивни извикување, и куп глупости. Прво, ако бараат права ќе организираат преку организации да состават предлог закон за правата кои им недостасуваат, ќе се борат на тој начин, ако не успее ќе протестираат со натписи, ќе викаат медиуми, ќе бараат јасно и концизно што им недостасува, ќе ги истакнат проблемите со кои се соочуваат на ист начин како што протестираат луѓето кои работеле без плата, луѓето кои се засегнати од неправди и слични проблеми.
Добро зошто измислуваш? Кај имало вулгарности, навреди и пази - агресија на двете паради во Скопје? Најважно, зошто го игнорираш ова што го постираше феминка два поста над твојот, кај што е прикажан чист пример за вистински говор на омраза?
Бев на две паради. Немаше никакви вулгарности, ниту пак иссмевање религии, ни агресивни извикувања. Напротив, агресијата и иссмевањето доаѓаше од набљудувачите. Врвот беше, кога 50+ годишен човек, се фати за меѓуножјето и го 'нудеше' пенисот на 'педерите' оти биле 'одвратни'. *Немојте да кажувате нешто што не сте виделе, туку сте чуле од рекла-казала.
Ај да се цитирам. Парадата во ОСЛО откажана од безбедносни причини.Заради пукање пред геј бар, со трагични последици. Ама во Белград конзерви, глупи, вакви, такви. Иди па разбери.
Па се конзерви. И кај нас имаше контра-протест за парадите, па полицијата ги држеше под контрола. Наративот е цврсто вкоренет во сите пори на општеството, нема реален труд да се смени коренито односот кон проблематиката, пошто никој-ништо не работи, за да обезбеди услови, едноставно, со држење одвоено на двете групи... како што беше и кај нас - за Чудо!... или повеќе би рекла- За Кале! Во Осло не им помага власта и државниот апарат во пукањето и дискриминацијата, нема систематска дискриминација и им верувам дека е од безбедносни причини. Во Белград, не е. И уште една работа... Ова е потполно исто како кога ги палеа куќите на 'албанците' во Битола во 2001ва! Цел ебан град беше организиран! ЦЕЛ! Сосе полиција, сосе политичари, сосе сите. Никој-ништо не презеде. Бензиските точеа бесплатно гориво за молотови коктели, Такси 91-** бесплатно возеше до места каде треба да се пали. Уште сабајлето на работа ко бев дознав за планот, од еден идиот шо работеше чирак кај работилницата од спротива. И згора на се!!! Полицијата стоеше, гледаше додека народот палеше! Не ми кажувај за 'безбедности причини'. Белград како демократија целосно потфрлија! Исто како што Македонија потфрли во 2001ва! Violence begets violence!
А што значи демократија уствари? Еден изолиран инцидент, во очи на парадата во ОСЛО, е поголем и пооправдан безбедносен ризик, отколку организирани групи против, во Белград? Како да ви кажам, парадата не го менува менталитетот. И утре пак две женски може побезбедно да се лапаат во Осло, отколку во Белград. Ваљда Јас сериозно сфаќам безбедносна закана, вие како сакате.