Ви засмета една парада,а не ви засмета булингот во училиштата, насилството меѓу деца. Важно парадата ќе ви ги упропастела децата,а ова второво небитен фактор. Оставете го човекот ко поединец да биде што сака.
Финта е што јас пример да сум лезбејка, порадо би избрала да живеам во држава кај што немам право да се венчам никогаш, но да ми е гарантирана некоја безбедност, не само правно од државата, туку општо мајдсетот на луѓето да е таков што ќе е нормализирано да се гледаат истополови бракови на улица. Немам коментар за тоа како успеа да наброиш протести кои се насилни и сепак да најдеш повеќе оправдување за нив отколку за прајд. Ова е само доказ дека вас самата појава на ЛГБТ заедница ве прави uncomfortable и за ситници се фаќате да го одбраните вашиот став, а уствари што и да направат, макар и да го сменат начинот на кој бараат општествено прифаќање, нема никогаш да биде доволно. Промената треба од кај вас да дојде. Се додека мнозинството кога ќе види парада чувствува одбивност, осеќа дека е "too much" треба да има уште една парада, и уште една, и уште една и уште поголема и најголема и верувај, ќе надојдат генерации кои поради овие паради ќе ги гледа геј врските како нешто нормално. Не може некој да се потиснува за ваш комфорт. Дури кога ќе видите парада на улица и ќе кажете „Аха, океј“ наместо да се јавува тој бунт кај вас („како они така пред мои очи, зар е ова потребно, што се замислуваат“) - е тогаш имаме промена и сме еден чекор кон немање потреба за парада. Така да, парадата си има јасна цел - за нешто да се прифати треба прво да се види. Замисли каква дискусија би имале сега овде, никогаш да немало прајд никаде во светов. Сите би мислеле дека постојат само 3 гејови на планетава, некои никогаш нема ни да имаат претстава дека такво нешто постои, сите би мислеле дека брак е само меѓу маж и жена, едноставно ја нема таа видливост. Врз основа на што би се воведувале закони за истополови бракови? Така да пред да коментирате вакви работи, размислете убаво зошто се осеќате така како што се осеќате и дали проблемот е можеби кај вас.
https://lider.com.mk/magazin/shokan...t2AIrZ1kOsFb9WDX0vNHJLHf9ozNp1tUE3CgRDU9Z31oQ Што е ова, ако не исмевање на религија?
Уметност. Да не сакаш да му џитиниш бомба, ко на Шарли Хедбо што му направија, оти објавиле стрип за Алах? *Иначе, то не беше на Парадата, беше перформанс кој се изведуваше во тој период.
Уметноста (треба да) е критика на општеството. Прочитај ја 'Госпоѓа Министерка', на пример... се иссмејува со цел систем. *Не бе.. попросто, глеј ги К-15
Абе тој беше некој ултра нео-либерален перформанс, дали 20 луѓе имаше присутни. *Централната фигура е 'Безглаво чудовиште'.
Религијата не е систем кој треба да се критикува. Како сакаш завиткај го, исмејување на религија е, и не е убаво. Парадирањето и ваквите глупости не им одат во прилог на ЛГБТ, напротив.
Се' може да се критикува. Мене лично, не ми се допаѓаат вакви надреални уметности. Ама секој има право да гледа што сака.
Како бе “секој има право”, додека тоа право не се однесува на тие што не ги приваќаат и различно размислуваат? Не е битно што тебе лично ти се допаѓа, поддржуваш прада, а ова е дел од таа парада. Немам ништо против геј популација, имам против паради, повеќе од очигледно е дека се прави контра-ефект и штета на самите ЛГБТ припадници. Ама некој мора да заработи..
Индивидуалниот фактор е дел од некој систем, единствено што не е автохтон за Норвешка. Што, во основа ја прави вторава ситуација реално повеќе небезбедна. Што и како реално кажала Брнабиќ не знам, не ќе е првпат да е сечено, лепено, монтирано. А ако вистина кажала такво нешто, браво за капацитетот, јас не би можела на нејзино место. Али шта чеш, за паре-све.