Ако другарка ми не се осеќа дискрминирана а е притоа припадник на таа заедница и не сака да учествува на таа парада бидејќи ја смета за глупост, нема шо јас да осеќам потреба да бидам учесник на парадата кога апсолутно ништо од тоа не ме тангира мене. Иначе @WildMk, од загаденост на воздугот се добиваат низа болести меѓу кои и смртоносни, така да споредбава баш и не одговара.
Од прикриена хомосексуалност се растураат бракови, деца и родители се замразуваат меѓу себе, луѓе се разболуваат од психички болести, извршуваат самоубиства... Ама не ти е битно тоа, нели? Оти ти не си геј, па ако умри некој 'таков', те боли патиката. Зборувајте ми за моралност и за Христијански начела. Ве премолувам...
Така е, другарка ти не се осеќа дискриминирана, ни цвета општеството. У право си, ние другите шо се осеќаме дискриминирано ваљда у друга Македонија живееме. У вашата владее еднаквост и љубов. Мавнете ми се со „другар/ка ми е геј и не се осеќа дискриминирано“ муабети, пре-фејк се.
Првиот дел од постов не ти го разбирам, те молам елаборирај. Јас не можам да го оспорам твоето тврдење за твоето лично искуство, ти верувам и доколку е така, тоа не е во ред. Ти сметаш дека е во ред некој да ти довикува и да коментира јасно и гласно, не дај боже ако си сама ноќно време? Тоа не треба да се случува!
Да. Ако си 'морален' човек, на кој му е битна само себепресервацијата. Доволно ни покажа пандемијава какви луѓе сме. Секој- за себе.
Ти рече дека некому не му е целта само репродукција, тогаш ако хомосексуалците ја немаат таа цел зошто бараат право да формираат брачна заедница и да посвојуваат деца? Не, не е во ред никој да ми довикува ама ајде организирајте протест за тоа, организирајте протест за тинејџерски букинг, за врсничко насилство... Ама не, само сексот е важен!
„Како помага парадата на гордоста? Лесно е да се каже: Зошто парадирате? Кои права ви се ускратени? Што ви недостига? Лесно е да се изговорат овие зборови затоа што: Вие не знаете како е да сакаш да го/ја бакнеш саканиот/саканата на јавно место, а притоа да не почувствуваш анксиозност, стрес, вознемиреност од туѓите погледи, туѓите извици, и, понекогаш туѓите напади Вие не знаете како е да сакаш да се фатиш за рака со саканиот/саканата во јавен простор, а внатре да чувствуваш силен страв од тоа да не предизвика негативни реакции кај минувачите Вие не знаете како е да живееш прикриено цело време: на работа, на училиште, во домот, на спортските терени, на игралиштата, да не можеш да споделиш важен дел од твојот живот со твоите најблиски, твоите колеги/шки, твоите сокласници/чки, твоите другар(к)и. Вие не знаете какво е чувството кога одиш на шалтер во државна институција, во банка, во болница, на царинска контрола, и се молиш пак да не си предмет на потсмев, на интрузивни прашања за твојата приватност, на деградирачки ставови за тоа кој си. Вие не знаете како е да се живее постојано во 4 ѕида, додуша, можеби, нешто слично можевте да почувствувате за време на рестриктивните мерки во текот на пандемијата, којзнае.. Сè додека не знаете, сè додека се прашувате зошто парадираме, сè дотогаш ќе сме на улиците. Парадата создава отворен и сигурен простор, креира чувство на слобода кај самите учесници, посебно на оние кои се дел од ЛГБТИ заедницата, барем за еден ден од 365 дена, и тоа за неколку часа од тој ЕДЕН ден, да може да почувствуваат како е да се живее ВОН ЅИДОВИТЕ! Skopje Pride на 26 јуни! “ Текстов е превземан од ФБ.
Ако го прочиташ повторно мојот пост, ќе увидиш, дека никаде не напишав дека целта на хомосексуалците не е репродукција. Јас се надоврзав на твоето тврдење дека: “нешто не е “природно” и не треба да постои дололку не може да оствари потомство.” Па повторно ќе те запрашам од кога репродукцијата е единствена цел на човештвото? А тоа со посвојувањето и браковите шо го напиша, врска си нема со моменталната дискусија. Зошто “организирајте”? Еве доколку ти пречи се тоа шо го наброја тргни ОД СЕБЕ, биди иницјаторот, ќе чекаш нешто да ти падне врз глава за да тргнеш кон промена?
@Kimberly11 e банирана од темава. Намали малку со речникот, тонот и навредите, инаку ќе следува бан и од цел форум. Ве молам држете се до темата и без навреди од секоја страна.
Искрено да ви кажам, три реални мислења дали има темава... Прво, факт е дека луѓево си имаат право на парада каква и да е, со каква сакаат експресија. Џабе е и да не ви се допаѓа, парадата си е нивно право и ќе си се одржи исто како сите други маршови, паради и протести. Јас лично сметам дека во Македонија и општо на Балканов треба да е во форма на протест, зошто не гледам дека имаме многу што за гордеење како земја на тема стереотипи и сметам дека хомосексуалноста не е баш прифатена, што секако не е во ред. И не, немаат хомосексуалците сосема исти права. И ок е да си се борат за тие права и да си имаат своја политичка борба. Се сложувам со она погоре, парадава ќе е парада на најголем дел хетеросексуалци, зошто тие за кои е парадата веројатно уште се кријат. И ок, немам ништо против, јавен настан е, секој може да оди, од било какви лични причини. Ако смета некој дека треба да излезе за тие што не можат, сосема во ред. Од друга страна, не се согласувам дека треба сите да излеземе на парада за да покажеме некаков либерализам и активизам, а многу од луѓето кои ги знам и ќе одат, геј права спомнуваат од парада на парада. ОК сум сосема кој сака да излезе, ама не знам која потреба да се нафрлаат мислења како секој си гледа свој двор. Да, секој баш си гледа свој двор, така било, така и ќе биде. И не може сите да сме 100% алтруисти, ни па на сите ни се битни истите работи. И се согласувам дека парадите како тие од сликите мене лично не ми се допаѓаат, од каков карактер и да се, што не значи дека ќе агитирам да не постојат, зошто исто како што геј парадата не ја сметам за своја борба, така и анти геј парадите не ги сметам за своја борба. Што не значи дека никогаш во живот нема да излезам на некаква парада, зависно колку мене ми значи лично тоа барање или таа борба. На крај на денот небитно е дали ќе одите или не на парада, зошто поддршката се случува во реалниот живот. Како секојдневно се однесуваме кон луѓето без разлика на сексуалноста и каков однос имаме кон нив.
Копи - пасте линкот како слика: - https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/t56/1/16/1f3f3_200d_1f308.png - https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/tc0/1/16/1f3f3_200d_26a7.png ️
Зошто измислуваш??Вакво нешто НЕ постои и нема ни да има. Точно така, девојчиња. Зашто лезбејките се многу понормализирани на некој начин, и ти сама знаеш дека ние како женски со другарките можеме да покажуваме многу поголема физичка блискост во јавност и никој од страна нема да се посомнева дали сме лезбејки.Исто така, многу од мажите се палат на лезбејки па автоматски е поприфатено.Па и две женски да се залапаат во јавност нема да поминат толку лошо. Ај сега за споредба, пушти двајца мажи да се прошетаат фатени за раце и види како ќе поминат.Нека одат низ цело Скопје, во Чаир, во Сарај и такви општини.Нека се гушкаат и нека бидат физички блиски.Баш супер ќе поминат и никој нема ништо да им каже, а?Не дај боже и бакнежи да има, е тогаш има реални шанси и физички да се нападнати(знам за ваков случај од врсници). Не дека некој драстично ќе го смени мислењето после одржана парада, ама зошто им го оспорувате правото на протест?Секој има уставно загарантирано право да излезе на улица и да си ги бара правата.И тој што е геј и тој што е вмровец, и тој што е против 5г.Дали сите нивни барања се оправдани или не, дали земаат пари или не е друга тема на муабет.И јас не се согласувам со сите барања на лгбт заедницата на запад, ама тука на Балканов ги поддржувам зашто се во позиција за жалење. Лошо е што се преправате дека се' си е супер и се баш добро третирани.Тоа што објава за парада на фејсбук има по 500 коментари каде што им викаат да умрат ваљда е дел од индиферентноста на народот.
Се се е во ред со текстот. Ама ова?! Кој тоа у болница, на шалтер, банка прашува дали си геј, згора на се царина?Царина јеботе.
Со ова имам и лично искуство. Бившиот и дечкото на другарка ми за рака се носеа на Широк Сокак. Да. Почнаа група мажи ( приближно наша возраст, значи млади) да одат по нив да ги тепат. А не па да се залапа некој. Али не. Народот тука бил индиферентен и океј со се. Индиферентен my ass.