Немам против ЛГБТ луѓето, ама не очекувајте да давам почит на парадите, ако планираат поединци да ми ја исмеваат религијата и она во што верувам. Само со мирно парадирање може ќе се чуе нивниот глас и така можат да добијат она што го бараат, вака со исмевање и омаловажување на 'мои' некои вредности не ми запаѓаат баш за око. Поставив прашање, ама никој не ми одговори. Дали Белград или Србија сами се кандидираа(или како и да оди тој процес на доброволно кандидирање) или им беше наметнато кај нив да се одржува парадата?
На тик ток многу од хомосексуалците кој ги следам го нападнаа начинот на преставување и однесување на парадава во Србија. Многу од нив не ни излегле на парадата иако јавно говорат дека се геј имаат партнери, многу од нив шетаат и нашминкани и никој не бил нападнат.
Еве ви мислење од геј во Србија. Од А до Ш! @staycalm повели https://vm.tiktok.com/ZMFeFykvN/ Парт 2: https://vm.tiktok.com/ZMFeF1P3E/ ај чао после ова… Мислам дека тука може дискусијата да одмори, ви кажа човеков се убаво скоцкано што се обидуваме со денови да го изнесеме како став јас и уште некои членки, и сме стопирани и хомофоби и “јел си ти нормална”. И замисли, геј е
Ако има поединци кои ти сметаат, мислиш дека треба Парадата целосно да се укини? Немало протест, а да немало поединци, па и цели групи, кои направиле работи, кои не ми се допаѓаат, па ни на крај памет не ми текнало да забранам воопшто да се протестира за она што протестирале. *Мене на пример, тие со крстовите и 'семејните вредности“ ме навредуваат, па ни еднаш, ниту јас, ниту пак некој друг член рекол дека треба да им се забрани да протестираат. Не сфаќате дека си играте со основни човекови права.
Како што претпоставив, секој што има мислење различно од вашето е дебил, хомофоб, ненормален. И после ми зборите за либералност.
Дај отвори му го тикток профилот, види кои видеа му се најгледани и ќе сфатиш дека за clout две години по ред истиот материјал го рециклира. Лани имаше преку 10 видеа за прајдот, оти највише engagement имаше на тој контент. Не викам дека не му се тие ставови и во реален живот, најверојатно му се, кажувам зошто цело време ги кажува истите. Вања цела тикток кариера кажува работи што хомофобите сакаат да ги слушнат за да собира лајкови. Иначе, во второто видео има право за тоа што кажува дека двајца успеаа да го уништат угледот на цел прајд, ама да не се лажеме, ко шо кажав и претходно, омразата не се создава заради двајца странци, омразата постоела а тие се мал поттик за повици за линч на цела балканска ЛГБТ популација.
Ама зошто мислиш дека им е гајле за чувствата на нивните блиски? Или па генерално мислат дека таква болест не може да ги нападне нив.
Срамота за ова што се случувало на парадата во Србија. Да се организираш да одиш да напаѓаш, тепаш и да се закануваш на некој што ништо не ти згрешил во животот, нити пак го познаваш. Зборуваме гејови не требало да парадираат дрн, дрн, а премолчуваме насилство, ама веројатно ќе им се прости бидејќи се хетеро.
Што мешаш само Христијанство овде? Има и муслиманско име и презиме во коментари. Велам дека страв ви е да кажете нешто лошо за Муслиманите. Затоа и веднаш се избриша онаа сликата каде "Исус и Мухамед се бакнуваат". Да беше само Исус на сликата немаше да биде избришана.
Исти сте сите. Верници се верници. *Освен фрлањето бомби де. Зато за Мухамед нема заебанци. *Ми текна... Сакаш и ти да си ко нив? Шо мислиш за идејата? Некој ти го иссмева верувањето, ти му трескаш бомба. м?
Тогаш нека нагласи, зошто само Христијанство напишал/а? Зш не пиша "There's no hate like Christian +and Muslim love"?
Види да ти кажам. Според мене, институционалната религија го успорува напредокот на општеството. Или ќе ги следат модерните времиња на напредок на технологијата и ќе се координираат со сите нови откритија, или ќе изумрат со време. Оти нема тема за педофилите кои Католичката црква ги криеше со милениуми? Оти нема тема за Крстоносните војни кои се 'Свети војни за ширење на Христијанството'? Оти нема тема за соработката на разни религиозни институции, со Нацистите за време на и околу Втората Светска Војна? Оти нема тема за тоа што религиозните институции не плаќаат даноци? 'Антихристот' не е еден човек, туку цел ешалон на луѓе со негативни карактеристики, кои ги нарекуваме 'зло', а всушност се човечка природа. Ситемот во суштина е 'Антихристот'. 'Апокалипсата' ќе биди: “Толку ви сечи, се самонуиштивте“ Нема 'Рај', нема 'Пекол'. Ништо нема, освен ова тука! И тоа го посерваме систематски! Ко да имаме милион животи за живеење. Некој си, тоа поклонето време на планетава, да го мине во омраза и желба за опресирање на други, за мене е несфатливо. Не сме цивилизирани... далеку од тоа. Само сакаме да си кажуваме на себе си дека сме 'многу паметни'...