Ене види Стејкалм што пишал. Значи исто мислиме Иначе имаше и у средно една плукаше по лезбејки, гнасни биле, машкуданки, само на неа и се пуштале, одвратни и биле... Во врска е денеска типката со жена и уште ги врти истите муабети мож кирова од форумов да е она
Збораме конкретно за вицови, затоа само тоа го цитирав. А реално булинг јас кркав оти имав крив нос, пример. Предмет на булинг за жал може да биде било што, дебели, сиромашни, облека, наочари... и тоа е лошо. Вицови ко вицови се кажуваат општо за фиктивни ликови, никој не вели си бил Петар педерот, или си била Јасмина плавушата... на виц би се насмеала, без оглед дали припаѓам на таа група на луѓе... булингот е таргетиран на самата личност и тоа не го оправдувам, без оглед дали е за физички изглед, сексуална ориентација итн.
Освен автохомофобија овие се обично и лижогазачи на стрејт луѓето со тоа што они се посебни, нивната врска некако е исклучок и први се да плукаат по паради и стрејт луѓето се као вау еве нормални
Еј знаеш на кој друг ми текна кога веќе збориме, еден европски политичар, конзервативец, строго против лгбт и на крај излезе дека лабаво си имал оргии со мажи. Прејако. Инаку се согласувам дека луѓето што имаат екстремни реакции на самото постоење на геј луѓе и самите имаат нешто нерешено. Не зборам за обичен простотилок и глупавост, зборам за она опседнување со таа тема до тој степен да мора да ги спомнат во секој разговор, дури и кога се збори за нешто сосема трето.
Нешто како кога имавме симпатија во основно и ќе ти го спомнеа и одма бљааак тој каков е, а се црвенееш во образите и се смееш под мустак. Мала дигресија. Инаку се согласувам, најгласните не можат да си признаат себеси.
И јас имам приметено дека најгласните хомофоби се педери, посебно оние што се силат дека ќе тепаат или апла против педери, секој втор збор им се однесува на педери, шеги на нивна сметка, уствари длабоко во себе се палат на мажи.
Општо во животот... човек кој омаловажува друг човек поради било која причина, е со цел да се истакне себе си, лажно си ја крева својата цена. И да најчесто тоа што се исмеваш кај друг го имаш, и на тој начин пробаш да го прикриеш кај себе.
Тоа 'поединци' во иднина не ќе може на рака да се пребројат. Еден носи крст наопаку, друг слика од Господ во позадина со ЛГБТ знаме, трет носи слика како се бакнуваат Исус и др. светци, четврт се слика гол во црква, петтиот ги прешкртува лицата на оние во кои веруваме, шестиот ги сексуализира сликите...до кај да одам? И пак велам, парадирањето не го сакам поради овие причини, ама нема ни некому да забранам, можат што сакаат да прават и нека им ги дадат сите права, ама нека не омаловажуваат или исмеваат нечии вредности. Како тие тебе те навредуваат, така и некој друг парадата го навредува. Тебе те навредуваат крстовите, мене иконите со знаменца на лгбт. И пак ќе кажам, не ме навредуваат луѓето туку некој нивен начин на искажување на револтот и несогласување.
E de, taka. Zato poarno e i vernicite da ne smeat da stapat vo brak i da oformat semejstvo. Taman togas ke bidat ramnopravni so LGBT
Кога ќе види човек, се врти во круг. ЛГБТ поради процентот од хетеросексуалците кои се верски фанатици а со тоа и најчесто против парадите (зборувам фанатици, не луѓе со вистинска верба која пропагира пред се љубов а не омраза) не етикетираат, и вајс верса, верските фанатици се против оние “похрабрите“ од парадата и заклучуваате неправедно и неправилно дека сите геј луѓе исмеваат религија и сл. Мислам дека е време едноставно да се прифатиме. Но искрено кажете, што има ЗЛО во геј кој се облекол како Исус? мотивацијата позади таков гест не мора да е исмевање. Но колку зло, тешко, има во “треба да ги натепаат сите по ред“, “смрт за гејовите“, “не се ебани“ и сл. Пазете, ова иде од усни што целиваат икони најфанатично и најслепо. Страшно.