Па и транс да е, има разлика да отидеш на шалтер како RuPaul и да бидеш нормално облечен како полот кој сакаш да го имаш. И јас да се шлапам со толку нападна шминка и да облечам некој раскошен фустан ќе ме зјапаат ко недоквакана да сум. И нормално е да имаш прашања со оглед дека доаѓаш како жена, а документите ти се на маж. Институција е, не е шалабајзер систем. Им требаат податоци како што им требаат податоци и од стрејт популацијата.
gluposti ionaka se oblekuvaat t.e soblekuvaat da smenea mesto gordost vo cirkus podobro ke e ne bi si gubela vreme da podrzam gluposti
Нешто да се пише, нели... Туку ќе пишам што конкретно не прифаќам и зошто сум против вакви ,,манифестации" да нема заблуди. Во ред е да парадираш и да си горд на она што си. Но, големо но, елементи со садомазохизам, голотија, латекс, како помагаат на оваа популација да биде прифатена? Искрено таквите феномени од луѓе ми се одвратни, биле и стрејт. Навистина која е поентата да експресираш девијација во сексуалноста и притоа да го наметнуваш тоа во јавност и да очекуваш да биде прифатено. Па многу е нормално да нема дозвола за посвојување на деца. Ја не би им дала на таквите да видат дете, не па да посвојат. Кога LGBT ќе се огради од ова, тогаш нека парадираат колку сакаат, кога сакаат и јас ќе дојдам да им дадам поддршка. Во Македонија нема толкави екстреми, но сликата која беше постирана е од парк на школка претпоставувам и прашањето е- што да прифатам и да ми е убаво на око од тоа? Веќе наликува на циркуз, а не парада. Така да, нека ја сменат сликата прво како они се претставуваат во јавност, а потоа нека бараат, што и да бараат. Затоа што да има и стрејт парада со порно мотиви, јас не би го гледала тоа како нормално, ниту би сакала да го прифатам како дел од моето секојдневие. Ваљда сум појасна, зошто сум толку против ваквите бесцелни, намерно велам бесцелни со оглед на горенаведено, случувања.
Не смеат да посвојуваат деца оти носат латекс?? Дали тоа јас добро разбрав? Јас забранувам да посвојуваат деца оние што носат на сандала чорапа
А, проститутките што протестираат полуголи и тие не смеат да имаат деца? Јер што може да се научи од полугол родител.
Ти би сакала мајка ти да е проститутка? Што прашање е тоа. Смеат ваљда, ама да не си му у кожа на тоа дете.
Госпоџа, за последен пат, не може да се споредуваат паради во Њујорк и паради во Скопје. Пак ќе кажам, не е ова запад. На запад, ете на парадите прифатливо е да има полуголи мажи во латекс, корсети и уште што не, и што сеа? Како е тоа поврзано со парадите на Европа бре? Што е девијација во сексуалноста? Пази, нормално е да нема дозвола за посвојување на деца пошто некои таму некаде во Америка имале фетиши на латекс. У реду е.
Не знам од каде потребата за генерализирање, дали сакаш да ти најдам слика од голи мажи и жени од карневалот у Рио и според тоа да им се забрани на сите стрејт парови да посвојуваат деца јер нема што да научат од родителите???
Што се правите нешто просветлени. Ај замислете си ги родителите вака ко на сликата, како тоа ќе ве афектира вам и после коментирајте. Едно е да се залагаш за некакви права, друго е да стимулираш порно на сред пат.
Јас дали реков дека ова е во ред? Ама немој ни ти да ми кажуваш дека таквите слики се во ред. Да не вадам уште од гугл, само ептен беа екстремни да ги прикачувам. И повторно ќе пишам, се додека овие појави ги дозволуваат на своите паради, сликата ќе остане таква каква што е. Јас на протест кога одам, не ги вадам цицките надвор. Се знае што е цивилизираност и сексуална екстремност.
Затоа се вика парада. Не знам и ти што се правиш, демек пред децата ќе шетаат со голи газови, дај ај. И порно актерките по дома шетаат голи, да. Темата е за парадата, а не за посвојување. Си имаш тема за тоа.
За што сака нека е темата. Парадата и изопаченоста се во директна врска со посвојувањето. Какви права бараат хомосексуалците? Па да формираат заедница, да посвојуваат деца и нормално дека тоа ќе биде коментирано. Не знам зошто уште повеќе се главите спомнувајќи порно актерки, мислам дали сте вие здрави? На вас нормално ви се чини некој да заработува со телото, да снима порнографија и да игра на шипка на сред Скопје пошто бара права? Какви права бре бараат тие проститутките? Не заебавајте, никој нормален не може да поддржи подвижни болести...
Па и стрејт луѓето имаат болести и СПБ. Друг изговор? А, по дома да си викаш "дали сте вие здрави" по форуми, не. Смири си ги страстите малку.