Аман мори, не мојш да напишиш со свои зборови? Не сум гледала сега видео. Ако напишеше ти, ќе прочитав.
Јас сум атеист. На никој не му е дозволено да е насилен. Почит за почит. Никој овде не оправда насилство врз геј лицата! Вие оправдувате болни постапки за исмевање на нешто што за некој е свето, па уште уметност го нарекувате. Колку лесно вадите од контекст, 500 пати пишав дека немам ништо ама апсолутно ништо против геј особи, имам против паради со ваква болна и безобразна содржина. Ама нели, само на тоа што ви одговара, на тоа реплицирате.
Да додадам уште нешто. Мене ми е најбедно што е доведено до ред со децениции гејовите да зависат од мислењето на масата, а тоа се уште се хетеросексуалците. Ова не го кажувам како против хетеро или геј. Едноставно, зошто тоа да е така? Зошто да не е дозволено и да зависи од некој и нешто? Дали маж за да земе некоја жена зависи од мислењето на општеството? не е во ред. секако тука не спаѓаат лични мислења за поединката. Фанатиците не сакале паради. И што? Зошто е тоа битно? и јас не сакам турски серии да вртат по цел ден. Зошто вашето или моето мислење толку да има на тежина? кога е тоа така, очекувајте и екстравагантни паради.
Вие им забранувате она што им е светот. Да бидат со оној кого сакаат. Бог кого спои, Ни еден човек не смее да раздели. Верниците активно го прават тоа, со противењето на рамноправност со ЛГБТ. Демек овие имале право на брак, овие другиве 'грешни' биле, 'неприродни' биле... Исто и за Евреите мислеше Хитлер, ако не... Не е во ред, да се преценуваш до толку, па да мислиш дека ти имаш право да одредуваш кој има право на љубов, кој не; Кој има право да остари и умри покрај партнерот, а кој не Ептен ... не знам како да го наречам... “Христијански“ “Муслимански“ “Будистички“ “Јудеистички“ ДодајПоЖелба. Религиозните книги се митови и легенди. Приказни за моралноста од времето во кое се пишувани. Денес поинаку знаеме... Денес знаеме дека не е во ред да се каменува 'распуштеница' Затоа и не каменуваме луѓе по улици. Олабајте, метафора е. Научете ги лекциите ко за вас да се пишани, а не ко за друг.
Баш така. Екстреми, предизвикуваат екстреми. А екстремите се сликата за проблемите во општеството. Се прпелкаме ко риби на суво... Ај можи ќе не биди... еден ден... *A girl can dream
Да. Секое зошто си има затоа. Ама на многу не им е јасно основна психологија. На шамари геј луѓето трпеле со децении и да не се жалат дека примиле шамар па и да се кријат. Сега, некој на повисок врв рекол поднамалете малце со шамарите, и фанатиците во поразвиените земји барем се потивки а геј луѓето барем вистинската определба не ја кријат. Е сега, почнале притоа и да танцуваат, многу од верниците тоа и го прифатија, но во земја како Мкд, каде 90посто од верници немаат прочитано ништо за религија но пишат “амин“ уште сакаат да делат шамари, и се лутат кога геј лицата возвраќаат на свој начин. Нека се. Ќе им стане секојдневие. Да не се плашат, хетеро секогаш ќе си постои. Секогаш постоело, исто како што постоело и геј и би. ЌЕ МОРА да си легнат на брашното. Но потребни се години и години и години за да се дојде до таква свест. Зборуваме за население кое има предрасуди кон ментално болни, кон дебели, кон комшијата оти има мазда а јас имам вектра. Ееех, вкоренета е таа омраза, тој страв од се што е поинакво. Дај Боже да се смени ова, а факт е дека полека се менува. ПС Сето ова беше метафора се надевам јасна сум.
Не се пронаоѓам во “вие”, ама те сфаќам. Да, точно е, има луѓе што не ги прифаќаат, ги мразат, не ги разбираат. Се тоа е така, во право си. Тие луѓе не се во право. Ама повеќе се, посилни се. Е сега, како ние што знаеме дека заслужуваат приваќање, право на брак, љубов, живот, можеме да им помогнеме? Дали мислиш дека правилен начин да стигнат до тие права е со исмевање на нечија религија и шетање по танги на улица? Нели мислиш дека со тоа само им ја исполнуваат целта и очекувањата на овие што не ги сакаат, и сега истите имаат реална причина за да си го оправдаат на хејтот? Нели е подобро мирен протест, вистински нормални заљубени луѓе, без крстови и голи газови? Нема ли тоа да вроди со повеќе плод? Со провокации, насилство, форсирање никогаш ништо не се постигнало. Како викаат, kill them with kindness, тогаш овие ќе имаат скроз неоправдан хејт и ќе си пукнат сами од омразата што ја чувствуваат.
У кратки црти како ова што го дискутираме на темава(и темата за родови улоги и идентитети) меѓу друго ти е знак на културален и цивилизациски колапс (или апокалипса) и секогаш пред распад на цивилизација застапен од некоја причина. Твоја загуба, ако сакаш можеш да се предомислиш и погледнеш.
Те сфаќам, го сфаќам твојот светоглед, но ако човек сака да најде маана особено ако нешто не му се гледа нормално, пак ќе најде. И најмирни да се. Парадите се паради на љубов, но некаде и на бунт. Се си мислам парада во Белград, и парада во Шведска пример не би биле исти. Не сум запознаена со парадите доволно. Човек ако сака да мрази пак ќе мрази. Тргни од силеџиите по средните училишта. Жртвата ништо не возвраќа. они ја злоупотребуваат психички до бескрај. Можеби и контра ефект ќе даде, можда ќе бидат нечуени, игнорирани. Работата нели е да се поткрене свеста за геј луѓето. Намерата е добра а егзекуцијата доаѓа од луже кои биле замолчувани со години. Што сакате? Јас наполно ги разбирам. Кога би наедела на повеќе поддршка можда не би биле многу екстравагантни. На крај крајева, зошто да смета тоа? Оставете нека слават, има за што. Конечно тие се чуени.
Така е, треба да ја подигнеме свеста на луѓето. Ама свесна ли си парадиве какви ги претставуваат? Кловнови, богохули, вулгарни. Тоа ствара револт и кај луѓето што биле да речеме “неопределени”, нит им сметале, нит ги подржувале,не се замарале, а сега се гневни затоа што гледаат дека нивната религија е мета на потсмев. И сосема со право. Организаторите на парадиве ич к*р не ги боли за некое момче затворено дома, што не може да се аутне. Они гледаат да направат што поголемо “шоу” и што повеќе пари да стават во џеб. Еве ти пример со министерката лезбејка во Србија. Си има жена, дете, си живеат заедно, ја заболе за другите. Повеќе стрејт луѓе има на паради одколку хомо, тие се и најгласни, најхрабри, зошто? Зошто не ги допира нив директно. Ќе искочат, ќе глумат либералност, ќе се сликнат за инста дека биле и поддржале парада и се “европски” граѓани, и ќе си се вратат дома кај партнерот и децата. Штетата е на грбот на геј лицата секако. Оние нормалните. Затоа што на оној со гзот гол пред црква, нит му требаат права, нит му треба љубов, му треба популарност и слава- и ја доби. А подебелиот крај секогаш го јаде она момче од мало место, кој поради ваквите примери нема да се осмели да се изјасни како геј.
Со сите контра паради во Србија од ДОБРИТЕ христијани штета што овој лево не им се испомоча ајде позз
Се надевам ќе најдеш љубов, ќе се пронајдеш себеси, и твојата омраза и гнев кон народот со кој живееш ќе згасне. Не знам што ти се случило, и кој те повредил, ама не сме сите исти. Најискрено ова.
За каква почит за почит збориш кога едниве им викаат на другиве дека треба да умрат и да одат во пеколот??
Прочитај ми ги мислењета после ова, да не се повтору Небитно каде живееш, овој гнев и омраза кој го изнесуваш од убавини не е. Затоа ти пишав, се надевам ќе сфатиш дека не се сите исти.