Брат, не молат да бидат прифатени. Сакаат.Сметаат дека се нормални Само не треба да форсираат, а уште помалце религија да мешаат. Тоа со иконите у Србија скроз не им требаше.Поготово шо Србија е религиозна држава.
Ти го прочитав. До некаде те сфаќам ама сите тие исмевања се одговор на омразата која цел живот ја трпат од т.н "верници" за кои претходно кажав дека гневот го маскираат со религија. Не ми се допаѓаат и мене тие провокации, ама тотално ги разбирам. Тебе некој цел живот да ти вика дека треба да бидеш убиена и да не постоиш, ќе му вратиш со почит ли? Да бидеме реални, нема.
Така е, ама многу е подлабоко и поненаивно од тоа е. Еве најлоши да се другите, треба “тактички” да изиграш, а не секој да го искажува гневот како знае и умее. Така само штета им прават на тие што се најранливи, особено па стрејт лицата што се на паради, кој гнев они го покажуваат? А најјаки се. За слика со хаштаг #prideweek, и верглање колку они ги поддржуваат.
Баш читам коментари сеа на објава дека биле нападнати ЛГБТ лица во Србија. “Ќотекот од рајот е излезен” итн. После некој ќе ми проповеда дека религијата била олицетворие на морал, ама изгледа секој си ја толкува онака како шо му одговара.
Шо ако е Србија 'религиозна' држава? Колку сака нека е 'религиозна', тоа не го исклучува фактот дека е и земја во која има луѓе кои припаѓаат на ЛГБТ заедницата. Е некои од тие луѓе се гневни, оти 'религиозната' држава ги третира како да не постојат.
Кое мушко неќе голи цицки? Загреота… И другариве ми се такви. Лезбејки може, ама педерите биле гадни Ја мајката. Него пошо им се дига курот да ме извините кога две жени се лапаат.А не сфаќаат дека е истото само полот е различен.Ама тоа ти е простоќа и неписменоќа.Не знам како да им објаснам више дека е исто. Треба да почнам да ги заебавам дека се ненормални и БОЛНИ чим ги пали тоа.Пошо нели ЛГБТ се болни луѓе Зборев за иконите иначе шо ги шетаа. Ова беше платено од ЕУ, највише затоа се одржа Имаше еден тон полиција
Многу глупава споредба. Карневалот во Рио е дел од културата на цел тој народ. Ниту навредуваат религија, ниту има икони со голи гзови, ниту наметнуваат некои вредности. Нели парада на гордоста е еден вид протест со ЦЕЛ добивање права и покревање на свеста? Како може да се прави споредба меѓу карневал и протест?
Не те разбирам сега, што бараат стрејт луѓе на парада? Па за поддршка? Не толку мал број луѓе на парадите се стрејт. Ако е за тоа и во темава да престанеме да пишуваме и општо да даваме поддршка, што ми е гајле не е моја работа.... За првиот дел океј ќе се согласам тука.
Темава еволуираше од тоа дека не сакаат да гледаат голи газови, па сега кога утврдивме дека не само на парада има голи газови, дека со голи газови не се добиваат права. @Directioner005, не ли се умори?
Им се дигаат на лезбејки во проничи, односно нивната замисла, а не вистински лезбејки Ама тоа е друга тема. Не викам дека не треба да одат и поддржат. Ама ајде реално. Најгласните и најбунтовните, се голем дел токму стрејт поддржувачите. Ќе направат галама, бука, ќе поддржуваат некој фрик облечен како Исус, голем дел со цел да изиграваат либералност и европејци, а не со вистинска искрена намера, и после ќе си се вратат дома кај мажот и детето. И ќе зборат како они биле на парада, колку се они големи поддржувачи. Штетата нив директно не ги погодува, туку најранливите, кои потоа нема да смеат да се изјаснат како геј, поради предрасудите кои се ствараат кои ја зголемуваат стигмата. Веројатно не се ни свесни што направиле, и колку контраефект е направен.
Ма немој? А ЛГБТ не припаѓа на овој народ? Башка врста се? Да не не се луѓе? ти човек - тој човек ти гол - тој гол И нема ни една работа, за која сите се согласуваат
Ми текна и нешто друго. Една недела збораш против Парадата во Србија *Не го донесоа Белград во Македонија... колку шо знам
Е стварно се изморив веќе. Се правите дека не сфаќате, или што е работата? Сакале или неќеле таков ни е народот- ЗАТУЦАН, традиционален, лош. Иди објасни ти на 60 годишен маж дека геј човек има иста вредност како него. Дека има иста љубов како него. Можеш? Не можеш. Со тие луѓе со сила не можеш да се мериш, тие тоа едвај чекаат. И посилни се. Да земеме да се тепаме ако не, па нека победи подобриот? Со ваков народ, мора полека, подмолно па дури и нефер да се постапи. Сила и гнев покажување-не. Така само им го давате очекуваното, им давате материјал за да си го оправдаат хејтот, и да мерат муда. Ама се ова ќе заврши, секое чудо за 3 дена, галама ќе има и ќе помине, и целта ќе си ја задоволат и организаторите(завршиле работа) и овие насилнициве(ќе се испотепаат), а што е со навистина “покорените” геј луѓе, најчесто од мали места, како утре тој да каже геј сум, после вакви неразмислени потези?
Германците против русите Абе не се знае овде ни кој каде ни кој пие Ќе се воздржам од коментар на темава
Ама конфузни ѝ се мислењата на Дирекшнер Онака читам по 3 пат и џабе Или сум јас отупавена или не сфаќам