Ако некој има повеќе гнев и омраза од религии јави ми. Зошто не ги критикуваш контра парадите во Белград?
Верници е голем поим за сврстување кого ние сакаме, секој што се чувтвува така, за мене е верник и нема врска дали е од лгбт или од 'другата' група. Дури според мене воопшто не требаше да се вмеша религија во оваа ситуација, ниту едната страна да носи крстови на контра парада ниту другата да носи икони со знаменца на лгбт. Ама тоа е, затоа и сега ќе настане мразење на религии и др. работи. Пак ќе прашам, дали на Србија и' беше наметнато да се оддржува таму парадата или сами се кандидрале и доброволно пријавиле кај нив тоа да биде?
Сами се кандидирале уште во 2019 година, поради очекувани бенефити...геј премиер, слободи разни. Само на форумов владее погрешно мислење дека во Србија луѓето се ултра конзервативни. Демонстрациите беа народен бунт против власта,а парадата само последната капка која ја прели чашата. Всушност и не беше самата парада проблем, туку цела недела најразновидни прајд случувања во моменти на тешка економска ситуација, и влошена безбедност во врска со Косово. Од една страна воени вежби,од друга страна парада како главен приоритет. Политика,перење мозок на обичниот човек,манипулации. Голема претстава во која најразновидни страсти излегоа на површина. Раздели па владај,просто...
Во секоја држава има конзервативци, но Србија е конзервативна дури и на поразличен начин од Македонија. Се гордеат со истакнати и специфични машко-женски улоги, фокус на типични семејни вредности, алфа мажјаци националисти, пренормализирана мизогинија и самата нивна политика е ужас. Јас секогаш викам, Србија да можеше, ќе го бомбардираше пола Балкан пошто се ненормални. Овие работи не се мое мислење туку факт. Србите би се нарекле ултра конзервативци и би се гордееле со тоа, нема потреба да ги браниш.
@staycalm , @Srckata28 барем некаде да напишете дека и полоши од македонците има...догодина прајд во Босна,Бугарија или Хрватска, Албанија можеби, т.е цела недела, како во Србија, па да уживаме во демократија малку И да видиме кој е следниот геј премиер на Балканов ни затуцан.
Темава е за шарениве паради а не за карневалот во Рио, сосема непотребен дефокус правиш Белград не го донесоа во Македонија да, но затоа и таму и тука ни ги донесоа истите проблеми, и јас само сочувствувам со нашите први комшии кои за лошо и арно секогаш ни се тука спремни да помогнат. Ало Миле ми текна... Вака требаше да го дефинираш ова: "Една недела збораш против добро смислената провокација од страна на организаторите и учесниците на Парадата во Србија"
А газ е газ. Па поради што сака нека е гол. СРБИ учествуваат на Парадата. Шо мислиш ти, им ги 'увезе некој', или си постојат и таму? И вие не треба да ги навредувате, па ги навредувате. Цел интернет врие со 'изреволтирани' македонци, па тие не требало да се иссмеваат со религија. Ма немој!
Јас мислам дека кога ти коментираш, воопшто не зимаш во обзир историја и иднина. Кој вика дека парадите се за 60 годишните? Парадите се за идните генерации. Голем дел од булингот почнува уште во основно школо. Не, нема парадата одма да ги смени размислувањата на луѓето. Меѓутоа кога ќе се одвива долго време на некое место, хомофобите веќе ќе се откажат од правење контра паради и на некој начин ќе стане нешто за кое никој не се замара. По тоа се цели и се вика еволуција. Што мислиш, зошто Шпанија, Италија се едни од најлибералните држави на ова поле? Пушти некој италијански, или шпански филм од 1960 и гледај како уште тогаш геј популацијата е прифатена најнормално без никакви објаснувања. Уште од пред 60 години! Во српските филмови уште силуваат гејови, либерални биле. Луда работа што пишувате.
Дури станат редовни и непречени Парадите, 60 годишните ќе изумрат. И баш така... за идните генерации е ова, да не мора и тие да се тепаат по улици со 'крстоносци'
Буквално војна е ова. Не знам дали беше ти, или некој друг кој кажа дека паради треба да има, додека гледаш дека има контра паради. Очигледно е дека не се прифатени, ко што тврдат некои членки.
Стварно, мене не ми е јасно... како сами тие ги опресираат и не сфаќаат дека се опресирани??! Не го кажав јас, ама се согласувам со пишаното.
Велам јас повеќе омраза ширите од оние по кои плукате, но се тоа го правите затскриени зад параванот на "љубовта и правдата". Нормално дека сами не, види само дека до последен ден се правеше преголем притисок врз властите во Србија да се одржи парадата, и добро се знае кој го прави тој притисок оние истите што продаваат лажна "демократија". Само не знам кој со кого војувал, сега од циркус во војна ќе испадне ова на крај
Им беше наметнато од ЕУ или нешо такво. Затоа имаше полиција као да е не знам што, пошо народот не се слагаше на тоа па да не избие инцидент.
Еве и еден текст од Боемот. Секоја граница е веќе премината На парадата во Белград членовите на ЛГБТ движењето отидоа чекор подалеку. Не, ова не е „слобода на говор“, не ова не е она кон кое треба да целиме. Исмевањето на религијата не е ништо освен комплекс и пуста желба се биде во центар на внимание. Истите тие луѓе кои не сакаат да бидат исмевани, тоа го прават кон религиозните. Овде веќе нема простор за здрава дискусија, веќе нема простор за аргументирано искажување на хомосексуалноста, па и парадите на улица. Сметам дека со ваквите гестови овие членови прават само контра пропаганда, а нивните паради им се враќаат како бумеранг. 2% од населението, а 100% во медиумите кои прават го пренесуваат само она кое им е наредено!? Ставете го прстот на челото и самите одлучете какви вредности поддржувате.
За ова се слагам и ја дека е претерано. И ја ги поддржавам, ама пред сѐ сум верник.И не ми е убаво да го гледам ова. Не дека после ова ја ќе ги хејтам или ќе ги поддржувам помалце, ама ова не е начин да го добијат тоа шо го бараат. Само бунат револт у народот.Најлошо е да играш на карта религија, поготово у поконзервативни држави ко Србија.Не е ни вкусно. Башка шо е увреда.