Ти моеш и да ја исмејуваш и да јадеш гомна до утре сабајле. Да се десеше ова негде на Исток друга песна ќе се пееше И не ми се ставајте мене пошто јас си кажувам мое мислење.А по мене тоа беше претерано. Поготово шо беше ружно и на очи
Поентата е дека нема молење, туку наметнување. Тоа е и поентата на протест. Не е ова за хомофобите да одлучат.
Тогаш зошто се зборува воопшто за демократија? Револуција и решено...а не таму триста илјади простаци, да одлучуваат за три илјади маченици...
Ако сакаме да се нарекуваме 'верници', нема да забрануваме на другите, права кои нам веќе ни следуваат. Ако сакаме да се нарекуваме 'верници', нема да се тепаме по улици. Абе шо 'маченици' Е ова е комплексот на верниците. Тие се 'моралните', тие знат како треба, тие се 'мачат' во овој свет на разврат и блуд. 'Верниците' се најголемите развратници на планетава.
Луѓето се делат на добри и лоши,а не на верници и неверници. Така е во мојот свет. Немој да генерализираш,ако веќе ти е полна устата со демократија и еднаквост.
Ова не е можно. Секогаш некој од христијаните ќе биде навреден и ќе бара уште. Прво треба да дојде тоа фамозно прифаќање, кое инаку, знам дека хомофоб кој е одлучен да биде хомофоб ќе си тера без разлика на однесувањето на парадите. Не може да постојат услови за да прифатиш нечие постоење... ЛГБТ луѓе не се политичка партија, некое религиозно верување или идеологија. Тоа се пред се луѓе. Ама ајде, чим ви е толку битно тоа почитување на религија, како добри христијани, најдете ја емпатијата во себе што треба да ја имате и поддржувајте ги ЛГБТ луѓето и активисти кои со поштовање се борат за своите права. Зарем они треба да страдаат ради некултурата на други? Имаме емпатија?
Да да, лгбт луѓето да бидат алтруистички настроени, да не зборат и прават лошо против религијата. Истата таа религија што организира конверзиони терапии да ги "излекува" и да ги преправи во стрејт. Истата таа религија што има поглавје како треба да се спалат како во Содома и Гомора. Истата таа религија што има претставници кои силуваат мали деца и после коа ќе ги откријат само се повлекуваат од функцијата и никако не одговараат. Истата таа религија што во различни држави казнува со смрт. Истата таа религија што ги фрла од покрив во муслимански земји. Истата таа религија што им ебе рајат цело нивно постоење. Истите тие што сеа на еуропрајдот со шишиња фрлаа и беа насилни. Не, не треба да идат облечени како Исус, треба да седнат и така добро да скоцкаат стратегија за тужби и казни за се досега што имаат претрпено. Да ја почитувале религијата, она поради кое патат цел живот. Стварно сте делузионални значи, во свој свет живеете.
Не нема да биде секогаш навреден,,едноставно не ги скврнавуваш религија и толку,не си играш со религиски чувства. Лгбт луѓето се луѓе точно,но исто и како кај секое живо суштество кое прави глупости и имаш право да ти се навредливи и да не ги одобруваш овие исмејувања со нечија религија. Лгбт е баш политичка партија,односно функционира така,перална на пари со вакви настани. Сакаш да кажеш е во ред однесувањето со исмејувањето на религија? Твој и нивни проблем е дали ке веруваш или не.Но,не мора да провоцираш или да повредуваш верници. Јас сум агностик па ова не го правам. Зошто го направија на прајдов? Кое е поентата ? Или да се привлече внимание на настанот?
Гледам колку беа повредени, ете имаш видеа @staycalm стаи колку беа повредени и тажни. Тепачките од што беа повредени беа.
Да....лично душа ме боли за луѓе кои се поинакви и тешко им е да се вклопат во системот на мнозинството. Господ ги сака сите подеднакво, преку делата на својот син ни го покажа тоа. Секогаш би помогнала на човек, но да бидам дел од манипулации не можам. Во врска со случувањава во Србија,имаше премногу манипулации и пречудно ми е како не ги гледате.
Пошто им е преку глава да им бидат скратени основни човечки права ради религија? Дали тоа е навистина озбилно прашање на кое не го знаете одговорот? Јбг, најверојатно се атеисти повеќето за да вртат образи на се тоа. За вртење образи обратете се во соодветната религија.
Го прочита тој цитиран текст и се што имаш да кажеш е ова? И малце е исмејување, немам појма зошто би почитувала религија. Зарем не читаш што се случува во Иран? Против религија треба револуција, протест, бунт. Парадата е далеку од тоа. Затоа јас викам, треба да се организира еден убав анти-христијански протест па да видат што значи омраза.
Моментално жените во Иран ги палат шамиите затоа што тоа им е протест кон режимот заради кој умираат луѓе. Сличниот мотив е и тука, лгбт користат религиски симболи како бунт против оние кои најмногу ги дискриминираат и од кои добиваат најмногу закани. Не е толку тешко да се поврзат работите.
Не беше пошо им се скратени ради религија. Не се у Србија сите 7 милиони религиозни до даска.Ја иам другарка шо ни верува во Господ, ни ги сака ЛГБТ. не е религијата само таа шо ги кочи, туку и ибедувањата на народот. А Србија е ко шо знам секуларна држава ко нас, па Црквата не се меша во политиките и во одлуките на Власта.Така шо, ако Собраниетп одлучи дека може да има истополови бракови, ќе има.Ако одлучи дека може да посвојуваат деца, ќе посвојуваат. Затоа и овие праеа контра парада.Да можеа да ги спречат ќе ги спречеа.Така шо не ги префрлајте топките. Ова у очите на ниеден верник не беше убаво. Сакаш права? Сакаш да си прифатен? Биди фраер и прај го тоа отмено, а не да ми се сликаат со голи гзови и со иконите. Еднаш стрејт особа пред мене шутна икона и си плукна на земја.Верувајте ми дека ми дое да ја чисти цела соба со јазик. Значи мене ме заболе дали стрејт или геј особа ќе ми се заебава на религиозна основа.Едноставно не е убаво. Не моеш да бараш да си прифатен, а да ги револтираш.Шо постигнаа?? Еве овие шо се затуцани се и насилни и глупи, ама зашо другиве да не испаднеа господа и попаметни и да не праеа талви глупости. И упорно поедини од вас се праите на Васка Илиева, религијата вака религијата така. Сфаќате дека за нас шо веруваме у Господ, дека Господ е над сите. И над Црква и над ЛГБТ и над фамилија.Над сѐ Не може да очекувате дека ќе ќутиме ко идиоти. Нека идат у Саудиска Арабија, нека се сликаат така со Куранот да ги видам. На плоштад наопачки ќе висат.Уше ќе зборите христијаните вакви такви Срам да ви е. Јас сум една од тие шо верува и во Господ и шо не ѝ сметаат ЛГБТ лица.Може да се лапаат пред мене, може да се држат за рака, сѐ може.Ама некој да ми се заебава со религијата и Господ, е мало морген. Ако памтам добро, ко мала ме учеа ,,За политика, религија, плата и килажа никогаш не се дискутира пошто можеш да навредиш некој”.
Ама затоа нема никаков проблем да се навредуваат ЛГБТ со секакви дијагнози, да се навредуваат, да се тепаат? "Ние сме организација која дискриминира одредени групи на лица и им ги крати основните човекови права. Ако сакаат почит од нас, треба да ќутат и да не слушаат."
Pa ne e bash taka. Ne mozhesh site religiozni lugje da gi stavish vo ist kosh. I da, na sho lichi ona na paradata, so ikoni se ismejuvaat so religija. Znachi ne sum protiv parada, neka ima parada, ama na civiliziran nachin. Primer i ja ne sum muslimanka pa ne palam, frlam Kuran i ne gi navreduvam muslimanite. Mislam mora malku oset da se ima. Skrateni im se prava, da, treba da imaat, ama ne na vakov nachin da gi baraat.
Шала на страна, зборење со други за нивните политички ставови и ставови кон религија мене ми е многу важно за да знам дали ја сакам таа особа во мојот круг.