Девојко, жено, колку сака нека се слика со голи газови, криво ќе ми е што ќе трпи реакции од другите кои не ги заслужува.
Епа како што викате вие дека најгласните против ЛГБТ потајно биле геј, така и вие многу либералниве ако ви се деси некој близок да е геј ќе се откажете први од него. Цитат од Библијата што му кажал Исус на Јуда " Пред да запее петелот два пати, ќе се откажеш од мене три пати". Така и вие многу либералниве, поголема шанса е некој од овие хард хор противнициве да прифати ако се деси тоа него ли либераливе.
Ne zborev za brkanje od doma. Zborev deka nema da ti e seedno sin ti doma dechko, a potoa i soprug da donese. Ili kjerka da donese devojka ili sopruga.
Не можам. Последен пат ти одговорам. Не чувствувам никаква одбивност да гледам истополови парови. Секој ден гледам. Ниту би ми било чудно за син ми или ќерка ми. Криво ќе ми е ако добива лоши коментари.
Сѐ решавам со тепање?? Јас, шо пробувам од прееска да ви објаснам дека не сите христијани се лоши, од друга страна дека и не сите ЛГБТ лица се лоши? И да реков дека ќе ги тепам оние што исмеваат религија, и оние што ги тепаат ЛГБТ лицата.Пошо не може кој сака да си игра дрендупка со Црквата и Христијаството, а од друга страна другиве немаат право да ги чепнат само бидејќи се ЛГБТ. Ви реков, идете на Голи Оток.
Не, туку ти не си навикната на здрави размислувања и автоматски мислиш дека некој лаже. Ај да пишуваме дека живееме во Монако и слуги ни носат доручек во кревет па да речеш лажете, ама пишуваме дека не би си избркале дете од дома и тебе тоа ти е толку неверојатно да го замислиш што мислиш дека другите мора да лажат. Пак проектираш свои осудувања, ама изгледа сме различни генерации па тотално ти е незамисливо дека некој стварно не би плачел доколку има геј дете.
Никој нема право да си игра дрндупка со ниедно човечко суштество. Од друга страна, ако се чепкаш ќе те чепкаат, закон на природата. Покрај виновните страдаат и невините...
Како бе стално спомнувате дека имате геј пријател, а немате научено за емпатија, почит и толеранција кон тие лица? А, ги очекувате од нив? И уште урлате ко целата нивна заедница да исмејува религија, а не само мала група од нив.
Ако добива лоши коментари ќе научи како да се справи, ако реално тоа те боли, сите ние добиваме лоши коментари па се справуваме и јас познавам двајца хомосекуалци кои живеат со партнери, имаат бизнис со многу вработени и никој еден не им префрла или ги плука пошто ги знам и поголем дел од вработените, напротив многу се ценети меѓу вработените и успешни. Мене не ми сметаат во ниту еден поглед, хомосекуалноста постоела со постоењето на човештвото, да не ги набројувам се со ред кој уметници со дела од непроценливо богатство и онаа изреката дека вистинската љубов постои само меѓу маж со маж, можеби е и вистина тоа, ама сигурно не правеле во нивно време паради кои по мене изгледаат крајно вулгарно и навредувачко. Ако целта на тие паради е да добијат права како бракови и посвојување на деца не ги гледам овие паради како средство за остварување на таа цел.
Испаѓа ко да нема хомосексуалци верници... Хомосексуалност не значи Атеизам по автоматизам. Демек ич нема хомосексуалци свештеници хехе.
На таа тема одговорив погоре ако ме следиш што реплицирам и сама одговори и двете се сложивме со едно исто дека нема да ти биде сеедно. Имај дете геј прво па тогаш пиши на темава, моето дете е геј, не плачам
Е така де, се согласувам до некаде. Секоја мајка сака детето да има безгрижен живот, ако збориме за Македонија, криво ќе ми е ако се уште нема да може да стапи во легален брак, ако не може да биде толку слободен. Но, во исто време и не е толку трагично, ќе го прифатам и тоа е тоа. Сега вака зборам само затоа што мое дете е само концепт. Абе они мислат дека нашите геј пријатели се непостоечки како нивните што ги користат во аргументи и затоа никогаш нема да разберат дека хомосексуалноста ни е нешто блиску и нормално.
Каква врска има муабетов твој сега. Еве исто прашање што е поентата со ругање и исмевање со религија на парада? Како се игра на пр.човек кој е религиозен,кој не е хомофоб ,а овие битанги се ругаат со неговата религија? Во ред е тоа? Сакате да оправдате ?!
?? Каде напишав дека нема да ми биде сеедно? Вие две вашата прикриена хомофобија ни ја наметнувате тука на нас. Да, озбилно ќе ми биде сеедно бидејќи тотално исто ги гледам геј и стрејт луѓето. А јас додека имам возрасно дете уште многу работи ќе се сменат.
Извини ако сум се помешала, не наметнувам ништо само пишувам свој став. А што ако твојот партнер не го дели истото мислење? Овде во овој крај работите не се сменети од 5вековното турско ропство, нема ни во блиска иднина да се сменат.