А ти по дома да си кажуваш дека си лезбејка и нив да ги убедуваш како тоа е супер, колку сте обесправени, а уствари многу нормални. Па повикај ги нив за поддршка. Можеби и ќе ги преобратиш, можеби ќе сфатат дека и они биле у заблуда, а уствари биле хомо. Не прокламирајте и не наметнување вакви глупости на цело едно општество!
Ох, океј. Јасно ми е со каков човек водам дискусија... хомофоб Со такви нема разбирачка пошто имаат таква жичка, смешна што одма одат со навреди. Среќен pride month
Мислев на болести во главата, во умот! Или не можете никако зборот секс да го извадите од уста па ајде и болестите нека бидат сексуални...
Па оние коишто ја поддржуваст парадава во неколку наврати споменаа порно глумици и парада на проститутки со цел да аргументираат некои свои циркуси... И зошто ми го избришавте мислењето во кое немаше апсолутно никаква навреда туку прашање што е хомофоб (ЕВЕ се Навредив сега јас шо ме нарекоа така пошто овде сите се увреџени) и прашав што е pride month?
Не мораш да гледаш drag ако неќиш. Ама нема никакви жртви од дрег перформанс. Така да не мораш да поддржиш, ама моментот шо осудваш кажва многу за тебе. И ништо позитивно, се разбира.
Хомофоб е од дамнешни времиња термин. Веинберг чинам беше шо го спомна прв, ама не ме држи за збор не стојам добро со имиња. Идејата е дека индивидуата која е хомофобна уствари се плаши дека таа е геј или дека ќе биди окарактеризирана како таква. Не значи дека е геј, ама постои длабок, најчесто несвесен, страв дека е, шо се појавува како агресија. Дури и почесто е кај мажи наспроти кај жени, али не е исклучиво за еден пол. Вака е како дојде "хомофоб" како збор да постои. Прајд од друга страна на нашки е "гордост". Зошто гордост во неколку наврати назад е коментирано, мислам доволно добро исто така. Јуни е прајд месец.
Како мешате баби и жаби. Да, очигледно има такви што излегле со гол газ на парада. Ама што е со сите што не ни фатиле танга у живот, а не па ли да носат у јавност? Ради таквите со тангите, никој не заслужува да посвои дете? Си има протоколи, истите услови и правила што важат за стрејт луѓето, би важеле и за геј. Внимателно бирање на кого се дава посвојување. Не ми смета парадава, ама не им треба. Ништо не менуваат со неа. Едноставно треба да си прават сè што сакаат, кој сака со кого сака нека се држи за рака, нека се гушка, нека се бакнува. Само така со тек на време ќе ги сменат нештата. Доколку има некаков инцидент поради тоа, тогаш нека цепаат со протести.
Точно, парадата тебе никако не те афектира. Исто како што не те афектираше кога протестираа против 5Г, како кога вмро одат на протест против сдсм и обратно, кога луѓе протестираат за се и сешто. Може тој ден ич да не ве афектира, ама од некоја мене нејасна причина упорно и упорно и упорно доаѓате во теми, на фб, секаде и лаете против истата. Може комотно ич да не се замарате, да си испарадираат луѓето и никому ништо. Ама ве копка да сеете лошотилук, вие ја правите цела оваа галама, не лгбт луѓето. Ви се објасни 1000 пати ко на глупи зошто парадираат, која е причината, што е симболиката, дека ќотек може да јадат луѓето, барање на нивната љубов да се искажува само помеѓу 4 ѕидови, да не се изнесува надвор, да се крие и потиснува. Ама не, не сфаќате или не сакате да сфатите. А најјако ми е како кога не затворија во карантин истите хомфоби се туфкаа како не можат рајат да си шетаат, ускратени права, па се гушеле, а истото тоа кога геј маж ќе го каже дека не може слободно со партнерот да се прошета не е битно. Ви кажуваат луѓето дека се гушат меѓу 4 ѕида, ко со дрва да се објаснуваат. Немале ништо против, ама и уште 1000 причини против ќе настегаат оти се против. Еден ден да не можете со партнерите за рака да се фатите ќе видите колку е прејако, ама ситиот на гладниот не му верува.
Кога видам споредување на полицискиот час со искуството на хомосексуалните луѓе, одма ми е јасно дека постот иде од позиција на привилегија. Мислам, иде од позиција на привилегија, да. Со оглед на дека просечно хомосексуално лице во државата нема ни да смее да го стави постот на ФБ, оти ќе се плаши за својот живот и за својот опстанок. Пандемијата несразмерно ги погоди луѓето од заедницата. Многу од нив беа принудени да се вратат кај семејствата од кои едвај чекале да побегнат за да можат да бидат тоа што се. Без разлика дали поради студирање, или работа. Студентите се прибраа дома, куп луѓе изгубија работа. Можам само да замислам колку ужасно е чувството да мораш од некоја позиција на колку/толку слобода да се вратиш во заедницата која те гушела, пред која си се криел и од која едвај си чекал да побегнеш. Споредување на тоа со "бу-ху не можам на кафе" ми е одвратно, па макар и се користел аргументот за навреда на хомофобите. Оти баш преку таквиот коментар како да се разводнува искуството на тие луѓе, како да сакаат да кажат "кога беше полициски на сите ни беше исто". Не, не ни беше. Полицискиот само продлабочи јазоли, натера луѓе да се вратат во ормарот, зголеми сиромаштија кај ранливите категории, зголеми инстанци на семејно насилство. Постов само докажа дека ФБ е полн со глупи луѓе
Ако ми реплицираш мене, пишувај во еднина. Бидејќи не се пронаоѓам воопшто во она што го пишуваш. Немам фб да коментирам, во вакви теми ретко коментирам, а и бидејќи се служиш со небулози, отвори ги темите за хомосексуалност и види што мислења имам пишувано. Ако ја подржувам геј популацијата не значи дека прифаќам се што нудат тие паради и тоа е сосема во ред, легитимно и нормално. И не си прави херојски филмови со срцепарателни текстови. Парадата ништо не менува, и нема ни да смени. Тој што не сака хомосексуалци и транс, нема ни да сака понатака. За претепување, се одговара кривично. И како тоа ми споредуваш карантин со тоа како они се осеќале? Ало, реално да си затворен во 4 ѕида и метафорички, ама буквално не е исто. Тие може да одат на работа, може да извршуваат обврски, може буквално што сакаат да прават, е не можеле за рачиња да се држат. Да, исто е, како не. Уствари, посекако ќе се оддржи, со мој амин и без, така да....
Ти не си хомосексуалец, немаш право да кажуваш што е разводенување на искуството на хомосексуалците а што не.
Па поучена од сопствените совети, би требало да не кажуваш ништо за хомосексуалците и нивните искуства Ако воопшто ги практикуваш сама... (гледаме сами колку ги практикуваш)