Грешка си. Марша сама себе се викала транвестит, зашто тоа била актуелната терминологија тогаш. Тоа се само различни конвенции за именувањето на транс луѓе низ годините, не дека има некоја разлика. Таман работа.
Уште подобро, тогаш јас и Марша се согласуваме. Или, само деклариран Драг квин. Како и зошто тогаш би бил/а транс жена? Оти денес можеби би бил/а? https://legacyprojectchicago.org/person/marsha-p-johnson Почнува со цитат-горд да бидеш геј и травестит, завршува со фактографија дека е стрејт жена О, историјо, подложна на манипулирање, О хетеронормативност.
Види, многу малку мислење треба да се удри за да се сфати околниот контекст на терминологијата, ама не сакаш да го сфатиш. И не ми пречи, и онака мојот пост беше за активни поддржувачи на лгбт кои го имаат контекстот за да разграничат меѓу nuances во терминологии, а не за тебе. Инаку секако не е Марша единствената во приказнава. Општо транс жените први го јадат стапот за сè поврзано со лгбт прашања, како најранлива категорија во заедницата. И логично е дека најранливите се најпринудени да се борат. Не знам што те буни. Факт е дека таа демографска група е најзаслужна за лгбт права и исто така е факт дека е најранлива, без разлика дали ти ги восприемаш како жени, хомосексуалци, кросдресери или што и да е. Толку од мене, а ако уште ти се збори за ова, имаш други теми кај што не учествувам ни под разно, па коментирај си таму со другите, ем нема да е офтопик.
Мојот партнер навидум го делеше моето мислење сите години, па се осеќав безбедна во тој поглед. Пробувавме да направиме дете кога изјави "педер под кров нема да чувам сигурно". Истата милисекунда заврши приказната за заедничко потомство. Наскоро заврши и цела наша приказна. Не само поради ова, ама јас лично не сакам да бидам со хомофоб ни како партнер, уште помалку со таква личност да прокреирам. Порано да си ја дадеше изјавава, немаше ни до таму да стигнеме, дали смени мислење или ме лажеше, ќе остане мистерија
Како дел од ЛГБТ+ заедницата сметам дека не треба толкава фама да се крева околу оваа парада. Овде за нас пострашно е тоа отколку плаќањето ненормални цени за сметки секојдневна кражба сегде, корупција, буквално се рони и клиника и градска и воена и во сите градови ама не за тоа не правиме револуција а сега сме многу вознемирени од некаква парада. За мене нема значење некое парадава ниту ќе промени нешто кај луѓето ниту ќе се најде лек за Хив или ќе ги се искорени хомофобијата, ниту пак луѓето ќе сфатат дека е ебано нормално да имаш геј/транс/би дете... Тотално небитна работа...
Можда не наеднаш. Ама, барем во мое искуство, дури и да има отпор кај некои луѓе пак се нормализира колку-толку. И ко за некој почеток е океј. Наеднаш не можи, ама важно темата се носи до јавноста и јавноста е изложена на неа. Па од таму baby steps.
Слават без срам.... Како да беа на војна па се вратија со победа.... Дефинитивно треба да се врати воениот рок.....Децата отидоа во пропаст поради овие глупости...
За првпат собрав храброст и екшли учествував на парадата денес. Срцево ми се наполни, неверојатно горда сум што бев дел од таков прекрасен народ и енергија. Догодина се надевам уште поспремна и по unapologetic. Happy Pride awesome people, the future is queer!
welcome … среќен прајд и биди горд/а. Браво за храброста, ќе имаш уште многу убави моменти. Со исклучок на онаа во 2021, ради короната не отидов, до сега не сум пропуштила и толку убава позитивна енергија на едно место не сум почувствувала… морници ме лазат секогаш. Прекрасно е чувството
Ама треба да сфатите дека можеби вашето дете е геј/би/транс или може ќе биде или пак внуче. А секако дека ни треба дисциплина ама и повеќе поддршка и љубов од родителите.. Јас не сакам да учествувам бидејќи сметам дека лгбтк лицата ( и јас) сме изиграни и само сакаат повеќе пари да направат од нас. Крајно одвратно, биготи како Сорос или овдешниве што 80та плукале по "педери" и сеа као Јуроп Јуроп еј ќе се сликнам да видат тие од таму демек сум либерален... Фуј Пфф ко да не користеле услуги од транс жени до сега тие па... Не мора да значи дека ќе бидат геј, мислам секако ако се посвоени. Имаше еден мит дека као децата подобро ќе живеат во геј семејство епаа сега испаднаа куп случаи на педофилија значи исто/ слично а геј а стрејт семејство ниедно не е совршено Пааа чим СДС ова сакаше да го нормализира т.е. не сакаше туку е политички циркус а ние сме злоупотребени можеа да сменат нешто и по учебниците и по законите, многу работи пример ако геј брак им беше грутка па имаше полесни нешта шо можеа да се средат