Па не би рекла дека се глупости. Ако веќе сакаш да се врати воениот рок рачунај дека и твоето дете ќе биде обврзано да се пријави во војска. А потоа ќе учевствува во борби и војни. Навистина сакаш да се врати?! Не би рекла. Освен тоа не знам што ви пречи сексуалната определба и тоа не го прави некој помалку вреден од вас или помалку човек. Бараш да живееме во демократска држава каде право дали ќе дишиме ќе го одредува некој друг, па не би рекла. Не ти сметаат тебе овие луѓе туку ти смета што денешница и светот општо се промени. Колку побрзо прифатиш полесно за тебе.
Според мене нека си прави секој што сака не ми е воопшто галје дали некој сака мажи или жени, единствено што ми смета е наметнувањето на мислење особено врз малите деца. После ковид светов целосно се промени во некои правци, се нормализира се и на дофат се многу непотребни информации за човекот. Кој го прати Jeffree Star слушнал, многу добро кажа дека нема потреба од хистерии и нови називи за пол. Поинаку звучи кога ќе каже некој што припаѓа на Lgbt отколку некој што не припаѓа.
Случаи на педофилија се уште постојат во најголем број кај стрејт семејствата (машки родител кон женско дете). Тоа дека ЛГБТ лицата се некако поврзани кон педофилијата е само пропаганда и ништо друго. Научните истражувања покажуваат дека геј семејствата имаат еднаков успех кон одгледување деца како и стрејт семејствата.
Види, јас последниве години ја имам надминато онаа бејзик реинбоу капитализам фаза и сум многу полевичарски настроена од порано. Меѓутоа, истовремено сум свесна дека прогресивниот невладин сектор е единствен организиран медиум кој го крева гласот за правата на жените и ЛГБТ лицата во државава, а прајд е главниот настан каде што може на ден да се почувствува масивна квир еуфорија и инклузија во оваа конзервативна средина. И не е точно дека грото се фејкери, еден од главниве дечки у организација ми беше колега на факултет и со години е отворено геј, сум била и на неколку феминистички средби со скроз автентичен дух. Стварно не ја гледам поентата на вакви контраџиски муабети, хомофобијата и трансфобијата успеваат да ги соединат најзаколнатите христијански и муслимански националисти, а ние овде ќе ја сечеме гранката на која седиме...
Прво не мислев така, секако дека е геј сите таму се или геј/лезб или транс. А ние не треба да дозволиме некакви Сорос фондации ова да го спонзорираат,срамно е за државата и за сите нас,не ни треба тако па не е капиталистички ама секако одврана особа да се меша во ова. Еве гледам од Дуња дечки се против ова. Сфаќам дека многу од ЛГБТК гајле им е за Сорос и кој било да спонзорира. И жените секако не треба, не им треба Сорос и такви фондации за да направат протест за нешто. Некој ќе си ги лапне парите вие другите мафтајте со знаменца и едно комбе рѓаво нека тера, ебате организацијата. Ако стварно сакаш да се бориш за некакви права не го треба таков спонзор, па ние не правиме пуч обична парада. А и на парадата секако нема да им е гајле каква вера нација итд си тоа не е битно кај геј мажите, скоро сите се атеисти. Никаков магичен момент не гледам во тоа искрено...
Ова шо го пиша сега е обичен мит и имаше куп случаи кај што имаше педофила во геј семејства со двајца мажи. Помалку случаи на педофилија прочитав кај стрејт семејства во последно време
Не сфаќам на што се горди? Иначе тие што биле, се надевам се офајдиа бар малку. Исто ко на митинг од партија. Овој народ за ситна "награда" на сѐ е спремен па ако треба и геј ќе биде
Ова апсолутно не е точно и не гледам зошто би ширел вакви невистини ако си геј. Си шириш пропаганда сам против себе. Секоја дезинформација против заедницата се рефлектира на тебе, тие не прават разлика, сите им се исти. Плус размисли малце, каде има повеќе шанси да помине педофилија, кај стрејт семејства што никој не ги контролира кога се размножуваат или геј семејства кои минуваат низ 5274 проверки во процесот на посвојување. Не сфаќам како преживувате во секојдневен живот со толкава лековерност.
Нема никакви куп случаи. Тако впечаток имаш бидејќи анти-ЛГБТ пропагандата што ја читаш најверојатно само за тоа постира.
Јас не ширам пропаганда пропаганда против смао кажав дека неа ништо совршено и постојат докази за тоа што го пишав. И да не сум геј ако те интересира толку. Што се рефлектира и врз кој? Па тоа ти што го збориш е лудило такво совршенство не постои. Не знам за тие 6583792900 тестови. Знам пример кај католичките попови колку е раширена педофилијата. Дали е дезинформација, па што си ти да одлучиш? Си веруваш во тоа што сакаш безусловно. Мислам те молам не навредувај разум
Кој како сака нека се идентификува , се додека мене лично не ме загрозува , не ми пречи . Меѓутоа , според мене , парада на гордоста е веќе излишна ствар . Сфативме дека има трансродови лица ( мажи и жени подеднакво ) , свативме дека имаме геј популација и се тоа стои . Но , ајде сите ние што сме стрејт , да фатиме да направиме парада и да шетаме и да изигруваме кловнови на улица .. ми нема смисла . Биди што сакаш , идентификувај се како сакаш , немој да блокираш улици секоја година поради тоа . Постоиме и ние другите , па не блокираме улици и плоштади . Си го живееме нашето секојдневие . Не сте ништо посебни за да блокирате улици секоја година . And the war can start now . Нападнете ме ако сакате , но тоа е мој став и стојам зад него .
Со првата реченица искажуваш дека ја поддржуваш слободата на изразување, а потоа продолжуваш со искази кои се контрадикторни на првичниот став. Типично.
Што е контрадикторно ? Дека ни ја пукнаа да не речам што , со Прада на гордоста ? Поддржувам слобода на изразување , сфативме дека има различни од нас , но не мора да шетаат секоја година и да блокираат улици и плоштади бидејќи се различни . Нека бидат што сакаат и со кој сакаат . Не мора да се потенцира тоа секоја година . Разбравме веќе .
Контрадикторно е тоа да кажеш дека поддржуваш слобода на изразување, а од друга страна дека ти смета парадата, ти смета “изигравање кловнови” итн. Конкретно “парадата” е протест, основно граѓанско право, а дали треба таа да се организира, за среќа, не зависи од тебе. Настанот е еднаш годишно и тоа фамозно “блокирање на улици и плоштади” има некаква порака која очигледно не допира штом се уште постојат вакви ставови. На крајот на краиштата секој можи да организира мирен протест, ако не се лажам пред неколку години имаше и парада на родители, секоја година бадникарски поворки, итн, па никој не се побуни дека безвезе се блокираат улици и плоштади.
Јеб*ла ве парада, пола од тие што шетаат не се ни геј ни транс јер тие што навистина се немаат потреба да шетаат за да се докажат. Ги заболе за парадата си тераат свој живот.
Немам ништо против никого кој што сака нека биде како се чувствува така нека живее свој живот, ама неможам да ги разберам која е потребата јавно да се декларираш да докажуваш по улиците дека си геј Па уште онака непримерно разголени како индијанци и сега ние што несакаме нашите деца тоа да го гледаат што треба да правиме? Да организираме стрејт парада?
"Не ми смета ама ..." Ај да не се лажеме. Парадата е протест. Еднаш годишно. За правата на луѓе со поинаква сексуалност и идентитет. За да живеат слободно, а не да се како-не окарактеризирани и бркани од дома. Да, велите нека се какви шо се "ама дома". Некои и немаат дома зошто кажале какви се. Некои се нападнати зошто кажале какви се. Некои биле жртви на булинг зошто "личеле геј". Најлесно е да се реши нека прат шо сакат ако огромен дел од тие кои не се во активна поддршка, уствари активно работат против то. И зато има паради. И во идеален свет ќе има. Само не како протест. Туку како победа. На овие паради/протести често има "контра протест". Шо е протест против правото на израз на некој друг. Против барање да се прифатени и да не се малтретирани и бркани од дома и тепани. Ама под завеса на "семејни вредности". Пасивно агресивно и подло. Ама не ве гледам тогаш да се жалите за улиците. Јас се надевав дека пред 20ти ќе е парадата пошто после то не сум МК некое време. И ептен ми е криво дека нема да можам да одам. Ама има донации и то е најблиску шо можам годинава да го дам како поддршка. Има линк во опис на профилот на Инстаграм за тие кои сте заинтересирани. П.С. не мора да си геј за да осетиш емпатија за некој кој е и ситуацијата во која се наоѓа. Ама ок.
Едно искрено прашање, дали навистина не го сфаќате толку простиот концепт на парада или ви одговара да не го сфаќате?