НАВИСТИНА ЈА ПРЕТЕРАЈА УЛИЦИТЕ ВО СКОПЈЕ СЕ СЕКОГАШ СЛОБОДНИ ОВА ЈЕ ЕДИНСТВЕНАТА БЛОКАДА НЕСВАКАМ ЗОШТО СЕКОЈА ГОДИНА МИ БЛОКИРАЈАТ УЛИЦИ ГИ ИМАТ СИТЕ ПРАВА ДАСЕ ЗЕДАТ ЈАС ГЛЕДАМ СЕКОЈДЕН ХОМЕОПАТСКИ СВАДБИ ПРЕД ЗГРАДА ДОБАР ДЕН ДОБАР ДЕН СО СИТЕ СНЕ И ДЕЦА ПОСВОЈУВААТ НИКОЈ НЕГИ ТЕПА И НЕМАМ НИСТО ПРОТИВ АМА СУМ ПРОТИВ ДА ГИ ГЛЕДАМ ТРЕБА ПОДОМА ДАСИ СЕДАТ ДАНЕ ГИ ГЛЕДАМ А НЕ СУМ ПРОТИВ ГИ СВАКАМ ДОНЕКАДЕ А И НА ТАА ПАРАДА ДАЛИ 10 ОТСТО СЕ ХОМЕОПАТИ 90 ОТСТО СИ СЕДАТ ДОМА СО ЗЕНИТЕ И ДЕЦАТА А ИМАМ И МНОГУ ПЕДЕРИ ПРИЈАТЕЛИ ВИКААТ НЕСНЕ ЗА ПАРАДА СИ ЗИВЕЕМЕ НОРМАЛНО СО ЖЕНАМИ НЕНИ ИЗЛЕГУВААТ
Зошто треба парада и протест ви е објаснето на темава едно 100 пати, од различни луѓе, на различен начин, буквално имате и искуства од луѓе зошто токму прифаќањето им е битно. Пишано ви е дека немаат право на брак, на поделба на имот, на признавање на деца, на еден куп есенцијални работи што на еден возрасен човек му требаат. Да пишувам пак не планирам, затоа само ќе кажам, ќе издржите едно саботно попладне да се затворени неколку улици. Ќе преживеете, без гајле.
Парада да има, и нека има... таа парада треба да покаже дека и гејовите се нормални луѓе како и нас, и дека и тие сакаат да имаат нормален живот. Само не ја разборам вулгарноста, голотијата, глупирањето... сакаат да покажат дека се нормални луѓе, или дека се перверзни, поинакви? Поголема порака ќе пренесеш ако прошеташ како нормален чоек, со нормални алишта и нормални културни транспаренти со убави пораки.
А како тоа ти од око ја препознаваш сексуалноста на луѓето што парадираат? Да не очекуваш сите означени да шетаат, со коса фарбана во боите на конкретното знаме можеби? Јас еве сум бисексуалка, на ланската парада бев со уште една би другарка и нејзина другарка лезбејка. Сите три изгледавме сосема просечно дури и на самата парада, а јас за себе можам да кажам дека сум гласно out of the closet единствено на социјални мрежи меѓу прогресивни луѓе од цел свет – со заклучен профил без презиме, со блокирани сите семејни познаници и шефови, со сѐ. We're all hiding in plain sight, а прајд е единствена шанса во државава да се чувствуваме прифатени и меѓу свои луѓе. Иако парадите ги водат и организираат професионални активисти меѓу кои има доста стрејт луѓе, тоа не е точно за сите кои шетаат. А, во претпоставката дека „вистинските“ ЛГБТ луѓе се аполитични, пасивни и не им е гајле за конзервативните вредности што ја загрозуваат нивната заедница, верувате само за да си ја смирите патријархалната совест.
Токму поради коментариве шо ги пишувате овие два дена е парадата. Секоја реченица ви е “не ми смета, ама…” Значи ти смета и точка. Како што вас никој не ви брани да се фатите со мажот ви/ жена ви за рака и да прошетате по парк, да одите на кафе, да одите во кино, така и тие лица (шо не ви сметаат, ама…) треба да имаат право да го направат тоа без да бидат осудивани од луѓе како вас шо само мислите за туѓиот двор, а во вашиот не гледате. Не знам дали знаете, дека долку лица се во истополова врска и бидејќи не смеат да стапат во брак и да им биде признаена врската, кога еден е болен во болница, другиот не смее да го посети пошо не е фамилија. Замислете како ќе ви биде на вас доколку нешто ви се деси и вашиот сопруг/а не може да дојде да ве посети? И ред други работи кои само се “бирократија”. Да зборувам за секојдневниот булинг, малтретирање и сл.
Геј мажи изгледаат како Азис, лезбејки како Марија Шерифовиќ, според тој гејдар се води членката можеби. Неколку такви видела, сите други се хетеро.
Изгледа на чело треба да ди пишеме јас сум стрејт/ геј/ леџбејка и сл за да не ги збуниме со изгледот членките
Ова се различни видови на геј мажи срцки, на парада, не сите изгледаат како геј број 2, нека не ве буни тоа. Геј број 3 може да ве ожени ради параван, него не го сретнувате на парада срцки. Он може да биде оној ваш геј пријател (ако не ви е измислен нормално) кој ќе ве убедува дека ужива во сите права и дека парадата е непотребна.
. Затоа што повеќето што ги знам, а се би, геј... Рекоа дека не одат зошто не гледаат причина. А тие што се стрејт први се нацртаа на парадата. И тука ќе прочиташ многу членови кој се декларираат стрејт ќе одат за поддршка. Да ете погоди, само таков тип на геј и лезбејки имам видено. Ку* пукнавте со тоа да се докажете колку сте "посебни". Со кој сакате спијте не ми менува ништо, досадни се со тоа одма да лепите етикети ако некој не се согласува со вас или не ве прифаќа.
Нека има парада потребно си е се додека не уживаме сите во истите права. Денешно време мислам дека хомофобите се најгласни, па добро, бар знаеш со кого нема фајде муабет. Да беше се еднакво ќе немаше потреба од парада.
Ај да не се лажеме..." Не,не ми смета мене да се индификуваш како што ти сакаш, не не ми смета да живееш како што ти сакаш, не не ми смета ни каква сексуална ориентација си тоа е твој избор. Ама да ми смета кога сакаш твојот избор мене да ми го наметнеш,да ми смета кога парадираат од рекод до парк ишарани со разголени растресени цицки и патлаци ми смета да мојте деца го гледаат тоа ми смета кога останатите кој не се геј го гледаат тоа... Ќе се сложам и со тоа ај ок нека има и слобода на изразување нека има Парада на гордоста, зошто мора да се ишарани и голи како кловнови зошто? П.С да имаш емпатија према некој и тој треба да има почит према тебе
Прво, досега неколку години се одржува парадата, кај нас не сум видела гол човек. Ако најдеш во Македонија гол човек те молам постирај го тука за и јас да го видам. Второ, не искачај на 22 од дома попладнето или не се движи од Рекорд до Парк и нема да ги видиш луѓето. Ако треба да отидеш некаде имаш и други улици, симни си гугл мапи ако не можеш да се снајдеш.
Најди ми една слика од парада во мк баш такви шо ги кажуваш па да видам. Пд 2019 на декоја парафа сум била и нигде не видов таков човек ама може слепа бев. П.с. Баба ми викаше пази шо збориш, утре дома ќе ти дојде. Па недај боже твоите деца да бидат геј, не знам шо ќе им напраиш.
Pa kaj najdoa za Zadušnica parada da pravat??? I onaka kje ima gužva, čovek na grobišta da ne može da otide, pa ušte ova, malku saboti ima
Сама си го постави прашањето сама си даде одговор Не искачај од дома на 22 Користи други улици ? Нели бевте загрозени баравте слобода на изразување? Зошто тогаш да користам други улици И потоа се прашувате зошто немале подршка и емпатија
П.С убаво ти кажала баба ти мудра жена била ,се надевам и ти си доволно мудра да заклучиш дека јас немам против геј популацијата ништо против или било кој друг што си одредил како ќе живее и што ќе прави со себе ,имам против поединци со нивнито недолично однесување
Ај ќе објаснам уште еднаш . Ако веќе мора да има парада , зошто учесниците не се облечат нормално , и наместо кловновски изглед , не си земат знаменце ( знаеме кое ) и не се обележат на тој начин ? Не е важно дали е од Шара до Пелистер големо или не , сепак е културен начин на себеизразување . Нацртај си знаменце на образчето , никој не ти брани . Ете да прошеташ така , културно без голотија и перверзност , јас ќе те поддржам јавно . Но , на ваков начин како што се одржува - да , ми смета . Од толку што сакаат поединци да лижат газ на други поединци , од тврдокорни патријархални граѓани , станаа толку либерални , човек да си помисли овие 100 години живееле во некоја либерална држава , па Бог ги пратил овде да ни докажуваат на нас " смотаните " . Ај ви се молам , лицемерието ви " смрди " од километар . Секаде во светот има Парада на гордоста , ретко каде е смешна како кај нас . Смешна поради поединци кои прават кловнови од себе . Биди што сакаш , ако сакаш да шеташ низ цела Македонија , шетај ете и тоа нема да ми смета , ама шетај достоинствено . Не како во стриптиз бар .
Мислењава на темава ко да збориме за Парада у Америка, те голи, па соблечени, а не кај нас каде овие први шо треба да излезат, ќе се кријат по дома и на работа да не ги дознаат од дома... Особено машката популација. Мех.