Парада на марионетките (Евгениј Хоуп)

Дискусија во 'Книги' започната од milaep, 1 јуни 2011.

  1. milaep

    milaep Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    „Кога откажувањето на минатото ќе ја замати свеста, несомнено се губиш самиот себеси“, мислеше, движејќи се по празната улица...

    Москва... Лос Анџелес... Амстердам

    Роман во кој се раскажува за една обесхрабрувачка вистинска љубов – љубов од срце, а не од мисли, една од оние што никогаш не се забораваат. Патешествие низ мизеријата, потрага по разделените сродни души во придружба на вечниот сопатник – очајот. Можно ли е да се постигне најголемата доблест на човекот – простувањето? „Парада на марионетките“ ни го открива вечнoтo тежнеење кон слободата, додека смртта е само фрагмент од божествениот порив кон среќата за која толку се чезнее. Самоказнувањето по некакво непишано правило е дел од човековото магливо секојдневие.

    „Впрочем, секој од нас е само преполовено знамение од еден човек, зашто пресечени како калвани, ние останавме двајца од еден. И затоа секој постојано го бара другото знамение кое му соодветствува“.
    Платон, Гозба
     

    Прикачени фајлови:

    На Jordanovska-K му/ѝ се допаѓа ова.