1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Паради на гордоста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LGBT, 3 август 2012.

?

Дали поддржувате одржување на паради на гордоста?

  1. Да

    113 глас(а)
    41,7%
  2. Не

    104 глас(а)
    38,4%
  3. Не ме интересира

    54 глас(а)
    19,9%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. VoodooGirl

    VoodooGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Дојди излечи ме со твоите психички мерки, да ме оплодат и да доживеам успех во животот и да тргнам на прав пат конечно. :bow:
     
    На Amellie13, Alisa22 и Animali им се допаѓа ова.
  2. VoodooGirl

    VoodooGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Скроз доволно ко за прва парада кај нас. :inlove:
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Во секој случај повеќе беа отколку контрашиве.
     
  4. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Катастрофа
     
  5. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Супер си беа, 1500+ беа избројани кај школка луѓе. 400+ наруквици пред 11:30 кај жена парк ставени на рака (после не се број, а ако видите слики и видеа, многу поише луѓе се).
    Ако се земе у предвид дека 80% од полнолетната лгбт популација ни е одселена, исто така дека Скопје е само пола Македонија, како и дека 96% од лгбт популацијата (онаа што останала у државава) не е out of closet ( и секако не би излегле), доаѓаме до тоа дека всушност БРОЈОТ Е ЕПТЕН СОЛИДЕН !
    Сума сумарум - лгбт реално е ГОЛЕМА популација (според светски рамки 10 % од популацијата се лгбт, од кои 8 геј и лезб, другото транс).
    А, забораив да кажам и дека 90% од кпнтрапарадирачите исто се ЛГБТ, ама у потсвеста.
     
    На Nausicaa, Ketchup, Lella и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Сo мoлитвa и вербa вo Бoгa? Кaкo штo ги излечијa и другите бoлести? И aкo не се фaти лекoт тoгaш штo?
     
    На Nausicaa, tirkenbal, CameliaMiller и 17 други им се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    Како ќе ги излечат, неколку членки од прееска те прашуваме? Дајте спуштете се во реалноста, корумпираниве богаташи во мантии немаат никакво влијание на човечката биологија, не можат и не излечиле ниту навистина физички/психички болни луѓе кои им треба помош, а на овие луѓе ниту помош ниту промена им треба.
     
    На M&M, Nausicaa, Ketchup и 11 други им се допаѓа ова.
  8. VoodooGirl

    VoodooGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Најтажна ситуација е што повеќето closed lgbt ќе слушнат пцовки од нивните родители за парадава на вести, а детево до нив геј. :|
     
    На рендом прсн, piksooki, M&M и 11 други им се допаѓа ова.
  9. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Колку само деца ќе преиспитаат денес каква е атмосферата дома, колку ќе се аутираат колку ќе се затворат уште поише па и ќе се придружат на следната контрапарада.
     
    На Ketchup, JollyGirl, WildMk и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    Мене би ми се упропастил денот и би се срамела да е мој родител до толку навлезен во хомофобија за да излезе на контрапарадава, таков став имам од 14-15 години можда, само не до толку да се *замарам* ко сега. А не сум ни геј...
     
    На CameliaMiller, Ketchup, Amellie13 и 11 други им се допаѓа ова.
  11. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.128
    Пол:
    Женски
    Хахахахаха нормално НеМа ШтО дА пРаЌаМ сКрИнОвИ :drunk: затоа што измислуваш и клеветиш .
    Еве те замолувам прати ако навистина постои тоа што го тврдиш а не само да измислуваш колку да се каже нешто:rofl:
     
    Последна измена: 29 јуни 2019
    На CameliaMiller, Amellie13, JollyGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.935
    Пол:
    Женски
    Дојдов само да им спуштам капа на родителите што имаа толкава храброст да излезат и да ги поддржат своите деца и покрај тоа што се израснати во страшно хетеронормативни и хомофобични средини.

    Е тоа драги мои е родител, тоа е претставник на здраво семејство, тоа е некој чиј здрав разум и љубов кон детето е поголем од сопствените каприци.

    Тие луѓе се олицетворение на тоа што значи да си родител: да покажеш разбирање и емпатија кон детето и тогаш кога се спротиставува на твоите идеали. Тоа се Родители, а не поповите и патетичните душебрижници од контра парадата што ни го трујат општеството. Каква омраза само им извира од лицата, жално.

    Каков родител си бе ако не ни пробаш да го разбереш своето дете, ако му кажуваш дека е болно и изопачено кога ќе ти каже дека чувствува љубов кон некој? Не, вие не сте родители, вие сте само жртви на машината што ја викаме општество и се наоѓате во многу погрешна улога од која најмногу страдаат младите луѓе.
    Ќе се откажуваат во весник од децата ако се геј и истите зборат за ,,здраво" семејство.

    Уште еднаш, секоја чест за родителите што излегоа во поддршка. Им покажаа на сите дека за да си родител не е доволно само да се размножиш.
     
    На M&M, Harper, tirkenbal и 31 други им се допаѓа ова.
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.044
    Допаѓања:
    225.266
    Пол:
    Женски
    Имам другар кој е геј а се декларира како верник. Не му е гајле што вели црквата. Едноставно верува во господ.

    Патем.. И моето дете да е геј би го поддржала. Не гледам повод зошто да не.
     
    На piksooki, CameliaMiller, Yowannty и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    ^Да се надоврзам на постов. Секоја чест и на родителите кои беа таму со нивните малолетни деца. Утре тие нема да ги трујат и плукаат секој кој е различен од нив.
     
    На violetblue, CameliaMiller, Ketchup и 8 други им се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Освен тие што различно размилуваат од нив. Овие деца утре ќе ги трујат и плукаат сите 90% граѓани на Македонија што не ја веруваат и не ја прифаќаат родовата (ЛГБТИ) идеологија.
     
    На friendy, Petra777 и sjdgo им се допаѓа ова.
  16. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    А тебе веројатно ќе те усреќи оние 10% на светско ниво да достигнат барем 90%.
    Не знам дали свесно или во момент на еуфорија од постигнатите резултати, плукајќи по оние кои немаат свест да ги прифатат различностите, се претставуваш како личност која апсолутно не ги прифаќа оние луѓе кои се различни од виножитото.
     
    На INNERBEAUTY, An-na, friendy и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Споделив на инста за парадава и добив полно unfollow не дека се насекирав не мора да ме следат луѓе што осудуваат и мислат дека само тие имаат права. Повеќе се запрестив од постови на млади луѓе што им посакуваат смрт и логори. Страшно.
     
    На piksooki, Harper, tirkenbal и 27 други им се допаѓа ова.
  18. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    59.814
    Пол:
    Женски
    А чекајте, какво е тоа неприфаќање на луѓето кои се различни од виножитото? Им викаат не треба така, сакаат сапун да ги прават, ги пцујат, им прават контра паради за нивното постоење? Им викаат бидете виножита, ебете се со ист пол, не разбирам?

    Какво е тоа неприфаќање на хетеро популација и кога стрејт човек видел зорт од некој кој е ЛГБТ? Сакам сите што сте со ваков став да ми постирате 1 (со збор: еден) пост каде некој кој е геј им вика на стрејт луѓето дека нивниот животен стил е погрешен.

    Имате 2 стрима во живо што беа, едниот од парадата и едниот од контра парадата. На првиов се слуша музика, луѓе се сакаат, си се веселат. На вторава цел марш се јаде гомна за ЛГБТ популација, се прават досетки и шали од кои му се сере на човек. Како вторава група се најде дискриминирана и загрозена да ми е да знам.

    Крај краева ајде да направиме споредба, кој сака нека ми се нафати на ова, да постираме компилација од злобни коментари насочени и кон двете групи па да видиме конечно статистички кој е позлобен, може?
     
    На M&M, Oxymoron, CameliaMiller и 21 други им се допаѓа ова.
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    Не е никаква еуфорија, сите свесно коментираме и денес како и многу пати наназад на темава на форумов. Луѓе со агресивна идеологија против нечие постоење и функционирање каков што е создаден, не се за почит. Хомофоби, расисти, ксенофоби - исто е. Човечки суштества се и законските права во општеството никој не им ги чепка, ама почит и прифаќање на нивните ставови - не заслужуваат.
     
    На Mr. Right, CameliaMiller, John Snow и 9 други им се допаѓа ова.
  20. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Мене драга моја ќе ме усреќи ти и таквите како тебе ако не ме цитираш и пробаш да ме наречеш "хетерофоб" пошо у тој случај би била латентна хетерофобка а не сум ево видиш сигурна сум у својата сексуална оријентација, како и многу други тука жени а и АЛАЛ ИМ ВЕРА И НА МАЖИТЕ ТУКА што се издвоија како подржувачи.
    А за тебе шо да кажам ?
    Не знам шо да кажам пошо прв пат те среќавам за разлика од тебе шо ме следиш еве едно хвала лепо од мене имаш и извињавај госпожа шо сум ти ја кренала косата та те прокудила вака у полноќ ти мене да ме онадиш при здрав, себичен, немилосрден И СЕКСИ мозок !
    А процентите остај си ги на природата, таа знае убаво што како, тука нема мешање.
    No hard feelings ! #LoveIsLove
     
    Последна измена: 30 јуни 2019
    На Mr. Right и WildMk им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.