1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Паради на гордоста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LGBT, 3 август 2012.

?

Дали поддржувате одржување на паради на гордоста?

  1. Да

    113 глас(а)
    41,7%
  2. Не

    104 глас(а)
    38,4%
  3. Не ме интересира

    54 глас(а)
    19,9%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Ајде да направиме компилација од злобни коментари на форумов насочени и кон двете групи? Тука има доволно илјадници коментари за твојата анализа. Ајде ние овде во нашиов двор да си видиме кој е позлобен, оки? :) Може да ги постираме во две посебни теми.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    :?: ај да не цитирам, секако дека чекаш реакција од не битната.

    Screenshot_20190630-003649_Samsung Internet.jpg
    Screenshot_20190630-003706_Samsung Internet.jpg
    Screenshot_20190630-003727_Samsung Internet.jpg Screenshot_20190630-003755_Samsung Internet.jpg

    Во мојот коментар имаше "веројатно", "се претставуваш.." итн.
    И по полноќ и по 25 год. нема да ме прави среќна ако КАКО ЛУДА куцам на тастатурата сакајќи некого да навредам.

    @Someonespecial ставовите се едно, а начинот на кој се искажуваат се друго. Секој има право да прифаќа или не прифаќа нешто, некого. Проблемот е зошто некому би му сметало туѓото не прифаќање. И обратно, туѓото прифаќање.
    Ниту јас ќе го сменам твојот став, ниту ти мојот, но со конструктивна расправа ќе дознаеме нешто повеќе еден за друг и понатаму ќе се почитуваме. :l:
     
    На An-na, friendy, Petra777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    59.814
    Пол:
    Женски
    Важи бе пиле, нема проблем.

    Еден коментар од геј личност или ally каде упаѓа во тема за деца, за бременост, за искажување на љубов спрема сопругот/сопругата кај што им се соли памет дека така не треба, дека прават погрешно, дека треба да си се кријаат и дека треба да не искачаат до парк/кафана/диско за раце фатени и дека се обратни, извитоперени, неприродни, гадни и слично. Еден коментар каде феминка кажала дека си го сака дечкото, дека ја запросил или дека е бремена а некој да и пише гадна една, обратна си, не ти е страв од Госпо и слично.

    Сакам да ми пишеш еве лично ти кога некој ти рекол дека грешиш што љубиш жена, дека треба дечко да си фатиш, дека треба да се откажеш од потомство, дека треба да идеш и да ебеш мажи и слично. Пошто нели не ве прифаќаат како хетеросексуалци.

    И конечно сакам да ми напишеш кога тебе некој прв ти се сипал, без ти претходно да го изнавреѓаш дека е обратен, неприроден и да му кажуваш како треба да живее. Онака, да идеш да си коментираш во некоја тема колку си заљубен во некоја девојка и некој да ти рече дека сапун сака да те прави ради тоа.

    Значи збориме да ти се сипа од нигде никаде (како што ти правиш), претходно без да си испровоцирал. Пошто ако очекуваш овде да сееш хомофобија и да не ти реплицираат, тогаш правиме муабет за скроз различна работа. Ајде баш чекам да видам кој од либераливе се сипал на некој за неговиот хетеросексуален живот и јас ќе им речам дека не треба така.
     
    На Oxymoron, tirkenbal, Mr. Right и 20 други им се допаѓа ова.
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    @KateKane не спамирај со офтопици на темава. Доколку сакаш да правиме компилација и споредба на злобни коментари од двете групи, повели ќе отвориме две теми и таму ќе цитираме такви мислења, па да видиме каде повеќе ги има. Овде темата е за парадите и еве нешто интересно на темава:

    https://www.facebook.com/watch/?v=1451087984967826
     
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.935
    Пол:
    Женски
    Како можеме да збориме за толеранција кога единствените што се бунат, што имаат против, што им пречат ствари, се токму тие што ги викаш ,,неприфаќачи".

    Не пробувајте да ги изедначите страните. ЛГБТ луѓето никогаш не кажале за стрејт луѓе дека се ненормални, неприродни, со ментално растројство и сл. Не е ова имање мислење за тоа која боја ни е омилена па да си ги прифаќаме различните мислења. Не ни треба да имате мислење за тоа дали вреди нечија егзистенција. Како не гледате дека проблемот е само и исклучиво во хомофобите кои не ги оставаат на раат другите да живеат? Како бараш од мене да прифатам нетолеранција, кога тоа самата ме прави нетолерантна?
     
    На tirkenbal, Mr. Right, CameliaMiller и 15 други им се допаѓа ова.
  6. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.322
    Пол:
    Женски
    Хомофоби буквално ке напишат текст со 7 параграфи за тоа како треба да почитуваме различни мислења и да се се сака различноста на форумов, па и во општеството затоа што е неопходна, ама не можат да почитуваат туѓа (различна) сексуалност макар им го спасило животот.
     
    На 1209, Mr. Right, VoodooGirl и 12 други им се допаѓа ова.
  7. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Ние или ај да не генерализирам, Јас, како некој кој нема кристално јасен став по ова "прашање" и сум неутрална, па оттаму апсолутно не ме интересира дали е Сашо со Сашка или со Александар, се обидувам да ја спуштам топката помеѓу екипата на виножитото и екипата на земјата.
    Ако мислите дека нечие мислење ќе го смени мислењето на другиот, секоја чест на оптимизмот.
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Почитувам, АМА - се' после 'ама' е непочит

    Ко демек: Го/ја почитувам, ама не баш таков/ва. - всушност почитуваш некој/а друг/а, измислен/а.
     
    На tirkenbal, Mr. Right, Independent Girl и 15 други им се допаѓа ова.
  9. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.147
    Допаѓања:
    77.193
    Пол:
    Женски
    Оние повозрасните со деца што сте, свесни сте дека едно 60% од младите, т.е вашите деца, во најмала рака се имаат лапано со другари/ки и се би?
    Дека се преправаат пред вас дека се во врски, идат на одмор со машко/женско друштво, а партнер им е еден од друштвото?
    Свесни сте дека ве знаат дека сте хомофоби и никогаш нема да ви признаат дека се би/геј? Баш заради таа ваша хомофобија, вечно ќе се преправаат пред вас, а на страна ќе живеат ко што сакаат?

    Капа симнувам на родителите што се "модерни" демек мода било па си ги прифаќаат чедата какви што се, и не се радуваат кога ќерката фатила дечко, ко што моите дома се радуваа за мене :rofl:

    Не ви е срам што во 21 век, уште имате размислување водено од книги напишени пред илјадници години за да ја контролираат рајата?
    Зарем родителската љубов не требаше да е "безусловна"?
    Викате дека си ги сакате своите чеда, сте го сакале најдоброто за нив, а не му давате да се развива како што треба. Го ставате во стегите на општеството, што ќе рекле луѓето. А луѓето кои им се важни, сте вие, драги мајки.

    Инаку точно е дека нашите ЛГБТ се иселени. Познавам стотина што уште се кријат од дома.
    Ама и јас да сум на нивно место, и јас би се криела
     
    На LejlaD, tirkenbal, Mr. Right и 20 други им се допаѓа ова.
  10. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Кај брат ми на факултет во друштво имало девојче што јавно е геј, па цело друштво се собрале и отишле за поддршка на колешката.

    И машки и женски...Млади бруцоши со знамиња во бои на виножито, со пеење и еден тон љубов застанале до нивната другарка.

    Кога гледав слики срцето ми се наполни со убавини.
    На девојчето во очи и се гледаше колку е среќна...И од дома и од другарите имала поддршка.

    Се смееле, се зезале, играле, супер поминале.


    Луѓе кои се сигурни во своите чувства без колебање ќе излезат за да им дадат поддршка на луѓето кои имаат поинаква (а сепак иста) љубов во нив, а тие несигурните ќе колнат, ќе се кријат и ќе посакуваат смрт.


    Баба ми, стара жена, не може да разбере и да прифати геј популација, па брат ми пробуваше да и објасни:
    - Како што можам јас во јавност да излезам за рака со девојка ми без да ме навредуваат, и колешката заслужува да излегува со нејзината девојка.
    Му прават некому лошо? Повредиле некого? Не бе бабо, само си се сакаат луѓето. Заљубени се.


    Е такви млади и се потребни на земјава.
    Што те разбираат, те прифаќаат, те поддржуваат, сакаат да си среќен и свој...Само штета што сите од нив планираат да заминат подалеку од заостанатава државичка.
     
    На LejlaD, tirkenbal, Mr. Right и 25 други им се допаѓа ова.
  11. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Велат секое чудо за 3 дена.
    Така и ова. :hai::sun:
     
    На Alex29 и fana им се допаѓа ова.
  12. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @Rose96 Ако не те отследиле, немало да знаеш кои луѓе треба да ги избришеш :D
    Ти направиле услуга ^_^
     
    На Nausicaa, sparklie, KateKane и 10 други им се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.548
    Допаѓања:
    34.819
    Пол:
    Женски
    За болдираново:
    Можеби, ама затоа имаат еден куп разновидни епитети до сите кои не ги поддржуваат или едноставно не ги интересираат, како на пр: хомофоби, прости, заосанати, закоравени итн... Па и најразлични под*е*авања на нивна сметка со истомисленички. Така да... исти сте :(
     
    Последна измена: 30 јуни 2019
  14. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.935
    Пол:
    Женски
    Дури и да ве нарекуваат така, тоа е поради нешто што свесно сте избрале да бидете и нешто што прави штета на друг, а не поради тоа што сте хетеросексуалци.
    Не знам уште колку пати ќе треба да го кажам ова.
     
    На tirkenbal, KateKane, Ketchup и 8 други им се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.548
    Допаѓања:
    34.819
    Пол:
    Женски
    А што тоа ние сме избрале да бидеме? И каква конкретно штета правиме?
     
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Никаква бе Анна.. никаква штета не прајте.
    Се вртат во круг муабетите.
    А се' е веќе објаснато милион пати на темава
     
    На Animali, Nausicaa и candy.cane им се допаѓа ова.
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.548
    Допаѓања:
    34.819
    Пол:
    Женски
    Ај ако не ти е тешко пак повтори ;) Каква штета јас правам со тоа што не ме интересирате? Ниту плукам по вас, нит ве величам! Која е штетата што јас ви ја правам? А од друга страна окарактеризирана сум како хомофоб, проста, заостаната и еден куп други убави епитети! Е сега, кој е закоравен? И кој кого навредува?
     
    На INNERBEAUTY, ocicka2014 и candy.cane им се допаѓа ова.
  18. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    28.935
    Пол:
    Женски
    Неприфаќачи на луѓе со поинаква ориентација. (Ако ве наречам хомофоби се лутите јер знаете дека не е океј)
    Штетата од вашите зборови се отсликува најмногу на младите геј/бај/транс луѓе што ќе пораснат слушајќи дека не се нормални, дека се болни и сл., а тоа силно се одразува на менталното здравје.

    Така што не, не ,,сме исти", не се еднакви страните. Не знам ни како имате лице тоа да го кажете кога ние пропагираме љубов, а вие омраза.
     
    На sweet-cherry, KateKane, Ketchup и 11 други им се допаѓа ова.
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    4.244
    Не ме интересира... единствена забелешка кон било какви паради, демонстрации, протести и сл. е што се блокира сообраќајот.

    Не би требало да се одржуваат контрадикторни протести/паради во ист ден и ист град/населено место или барем не во исто време. Паралелно со гордиевиот протест, имало некој протест за семејство живот и религија. Требало минимум 3-4 часа подоцна или порано да биде! Тоа би требало да се регулира со закон. Чисто како мерка на претпазливост за да се одбегнат можни инциденти.
     
    На candy.cane и WildMk им се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.548
    Допаѓања:
    34.819
    Пол:
    Женски
    Значи, ако не сме со вас, автоматски сме против? И со самото тоа хомофоби итн. Интересно...
    Не дај боже да бидеш незаинтересиран, автоматски си хомофоб и прост. И после вие не сте биле ограничени. Сте пропагирале само љубов! Абе ајде!!! Колку што имам прочитано злоба од оние кои ве нарекуваат ненормални, толку имам прочитано злоба и од вас. Така што, останувам на своето... Исти сте!!!
     
    На INNERBEAUTY, Harper, ocicka2014 и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.