1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Паради на гордоста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LGBT, 3 август 2012.

?

Дали поддржувате одржување на паради на гордоста?

  1. Да

    113 глас(а)
    41,7%
  2. Не

    104 глас(а)
    38,4%
  3. Не ме интересира

    54 глас(а)
    19,9%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Fauhxy

    Fauhxy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2016
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    2.130
    Пол:
    Женски
    @filip4 да потврди дали стварно фустанов има традиционални мотиви од национална носија од струшко поднебје.
     
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.712
    Допаѓања:
    266.234
    Еве и моја сликната.
    Станува збор за сценски перформанс. SmartSelect_20190630-163939_Gallery.jpg




    Еве и облека од сценски перформанс на македонска, хетеросексуална личност
    SmartSelect_20190630-164932_Chrome.jpg







    А да видиме светов што прави, поздрав од Рио.
    Brazil-carnival-pregnant-getty-640x480.jpg
     
    На LejlaD, candy.cane, WildMk и 14 други им се допаѓа ова.
  3. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.603
    Допаѓања:
    173.659
    Пол:
    Женски
    Сериозно немам намера да гуглам сега за првите демонстрации за ЛГБТ права. Ама ти можеш ако те интересира.
     
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Видов, и освен што сликите се црно-бели и стилот на облекување поразличен (разбирливо со оглед на тоа кога се одржани) не гледам друга подрастична разлика од сликите вчера во Мк.
     
    На candy.cane, WildMk, Nausicaa и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.045
    Допаѓања:
    87.207
    Пол:
    Женски
    Да.
    И каква има врска тоа со национална носија ?
    Кој дел не ти е јасен ?
    Не е поентата за голотија.
    И немој да пробуваш да ми продаваш уметнички перформанс или еве објасни ми ,зошто македонска традиционална носија?
     
    На friendy, Harper, ocicka2014 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.660
    Допаѓања:
    177.121
    Станува збор за провокација за жал. Да беше во боите на виножито или било кои други бои, дезени може да биде сценски перформанс, со мотив на традиционална носија е прдење по традицијата на нацијата. Што не ги прави ништо подобри отколку тие од другата страна.
    Како тргнале старозаветно, око за око, заб за заб, нит за едните нит за другите можам да навивам. Немам против учесниците на парадата или припадниците на ЛГБТ во глобала, ама покажување рогови заради провокација, не можам да разберам поинаку освен како провокација.

    Бтв. може некој да ми објасни какво е тоа И во ЛГБТИ, кое повремено се појавува? Јас или некој друг е недоволно едуциран?
     
    На candy.cane, ocicka2014, PaLaVa и 2 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.712
    Допаѓања:
    266.234
    Мене не ме асоцира на народна носија, ама ок, тоа сум само јас, не можам да гарантирам.

    LGBT+ ги вклучува и другите подкатегории кои ги зборувавме во другата тема :)
     
    На Nausicaa, Ketchup, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.712
    Допаѓања:
    266.234
    Патем веќе поставив слика од истата личност во поинаква облека.
    Не се вознемиривте баш толку тогаш?

    Еве пак, да се потсетиме:
    SmartSelect_20190629-150819_Gallery.jpg




    И да се одлучиме: смета голото или смета асоцијацијата?
     
    На Nausicaa, Mr. Right, Lella и 6 други им се допаѓа ова.
  9. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Значи родителите од контра протестот излегоа за да им дадат до знаење на нивните деца дека ќе се откажат од нив ако се геј, дека НЕ СМЕАТ да помислат да се геј, дека ќе прават сапун од нив ако се геј...а другиве родители кои излегоа на парадата им покажаа на децата (и геј и стрејт и би) дека ги сакаат такви какви што се и секогаш ќе бидат со нив.

    Првите полни со гнев се водени од Бог, а вторите полни со љубов се водени од Сатаната...Интересно :yawn:
     
    На Annath, Angie1432, candy.cane и 17 други им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.712
    Допаѓања:
    266.234
    Парадата беше марш, беше протест, со пароли, транспаренти, со се'.
    И не ме чуди наскоро и да добијат права без да има потреба да демолираат град, оти не бараат нешто невидено и нечуено.

    Еве како пример, што прават на другите протести?

    Најубав протест на кој јас сум присуствувала беше за права на животни, марширавме со транспарентите а потоа имавме забава за вдомување која помина многу успешно.

    Целта е (и во двете инстанци) да се сврти погледот на сите, да се прифати како нормално оти е нормално.

    Пример ти давам со животниве оти и тоа е нешто за што јас се залагам па ми е поблиско. Сигурна сум дека и ти сега како бремена имаш добиено разно-разни совети да го исфрлиш мачорот, оти нели бебе иде. Проблемот е што луѓето не се запознаени дека е сосема ок да чуваш мачка и бебе. И многу мачки/кучиња завршуваат на улица оти луѓето беспотребно се плашат - од незнаење.

    На крајот, парадава никако никому не штети.
    Макар да е само за дружење на лица со слични сфаќања, зошто би било проблем?

    Кој не сака да гледа и му е гадно нека не гледа, слободни луѓе сме.
     
    На Annath, candy.cane, WildMk и 9 други им се допаѓа ова.
  11. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    59.814
    Пол:
    Женски
    @Yowannty не сум ни јас цвеќе за мирисање, гледам да се контролирам колку можам али и мене ми се дешава да ме удри жута минута на моменти, си признавам.

    Парадата јас лично ја разбирам како собир за светот да види дека постојат такви луѓе, дека не се во толку мал број и дека не изгледаат сите како по некој глупав стеротип дека геј девојките изгледаат како мажи, а машките дека се феминизирани.

    Викаш дека ако ќерка ти утре е геј нема да ти е сеедно ама ќе ја поддржиш. Е оваа реченица Јованти, оваа е зошто е потребна парадата. Дека ќе искочиш и ќе мафташ со знаменце. Епа сите тие деца се нечии деца бе другар, сите ги боли да се на удар и да служат за потсмев и омраза. Да не се повторувам ко грамофонска плоча, знаеш на што мислам. Излезени се на парада за утре ако ќерка ти сака девојки да знае дека има народ кој ја поддржува во изборот да си сака по нејзин избор.

    И еве хипотетички да е (си правиме муабет, да не се тригернат хомофобиве дека те клеветам или ти посакувам нешто), замисли да излезе некој господин како оној од клипот неколку страници поназад и да те вреѓа тебе како мајка дека си застранила со воспитувањето, а ние те знаеме што човек си, те знаеме колкаво ти е срцето и дека за тоа твое дете уште неродено ти гориш. Е затоа парада.

    А за тоа АМА. Едно е да се даде критика (ене и јас колку сум либерален човек па некни во темата за промена на пол дадов критика), а друго е кога таа "критика" е скулптурирање на нечиј живот. Пошто обично иде вака. Јас не сум хомофоб, АМА нема што да искачате по улици фатени за рака со саканите, не треба да ни го пропагирате тој лајфстајл, не треба да стапувате во брак, не треба деца да посвојувате.... Значи океј се само ако тие луѓе живеат во шупа, помножени со нула, а надвор треба да се шетаат све машки и девојки фатени под рака. Или како членката поназад дечкото пишува дека бил нападнат од група дивјаци оти е геј, она си се смее дека газ пишал наместо гас. На што личи тоа, некој ќутек јаде, оваа си се смешка оти не се изразил правилно. Океј ли е тоа?

    За контра парадата гледам имаш замерки оти ја коментираме... Нели ќе беше настрана од ЛГБТ, туку онака се збирале да покажат дека се горди што имаат семејства. Видовме вчера дека не беше баш така, 30 и нешто минути се одвратни коментари против ЛГБТ, ене ги снимките, не зборувам напамет. Викаш тажни биле а удирале со тапани. Не е тажно тоа што удираат со тапани, тажна е нивната кауза. Свесна си за тоа, нема да ти зборам.

    Ќе ти направам паралела и со национализам. Тоа би било како јас утре да направам собир и да лупнам Македонско знаме и да скандирам Грци КЛетТнИиИццИИи, а ти си омажена за човек од таму. Па да ти го потам курот дека треба да си земеш момче Македонче, дека ради таквите ко тебе што се мажат странство ни пропаѓа државата, паѓа наталитет, дека не треба више тука да се враќаш или уште полошо да сакам да те премлатам оти на друго место си си ја нашла среќата. Знаеш кога либерали ќе го направат тоа? Никогаш! Тоа можеш да го очекуваш од оние вторите, пошто тие се таков сој. Либерал ќе ти рече само честитки Јованти, да се сакате и да сте среќни и вечни. Исто како што секој од нас тука во темава и во ФМЌ ти го посака тоа. Затоа што пак ќе повторам, секој има право да си живее како што сака и да сака по сопствен избор.
     
    На Annath, candy.cane, WildMk и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.045
    Допаѓања:
    87.207
    Пол:
    Женски
    Како не те асоцира?
    паричките на глава не и ги гледаш?
    Мотивот на горниот дел,на корсетот?
    Разбирам непознавање на носии,ама затварање очи пред спрдање со културно благо на РМ,и поддршка на секоја глупа асоцијација или провокација што ќе ја направат ЛГБТ Македонија,не разбирам.
     
    На friendy, candy.cane, oblace1 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Ај милата, колку е убаво вака шо одите "километри" наназад за да најдете дупка да ме сопнете ама тешко. Хвала лепо на оддавањето важност.
    Па вакви и поголи од Дојран до Грчка имаш И БЕЗ ПАРАДА !
     
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    30 Јуни. Уште 1 ден и ќе помине месецов во кој цело време се трубеше за правата што им се ускратени на ЛГБТИ заедницата. Но никаде не прочитвме некој јасно да пишеше кои се тие права што им се ускратени. Прашував луѓе, ги прашував и нив директно, гуглав, барав низ интернет, фејсбук, твитер, форуми, успеав да најдам само едно право што не им е регулирано, а тоа е хомосексуалната заедница. Значи, единствено ускратено им е да си се регистрираат како парнтери/ки пред државата, за да може ако почине едниот, другиот да ја наследи пензијата и сл. Но, внимавајте сега. Тоа воопшто не им е ускратено право, туку тие самите не го сакаат тоа право. Тоа право можат да го добијат со едно обично гласање на редовна собраниска седница. А добро знаеме дека таквото гласање ќе помине како подмачкано. Проблемот е што тие изричито не сакаат да си легализираат своја хомосекусална заедница (како што хетеросексуалците си го имаат бракот). Она што тие го бараат е редефинирање на хетеросексуалната заедница (бракот). Но тука веќе не зборуваме за барање сопствено право, туку за загрозување нечии други права. Да промениш нешто кај другиот, тоа не е твое право.Тоа не е демократија.

    Друго право што велат дека им е ускратено е доминација на ЛГБТИ идеологијата врз целото општество. Тие сакаат сите да се согласат со нивните убедувања и вредности. Тие сакаат промена на сите учебници, од градинка до највисокото образование согласно ЛГБТИ идеологијата, со што сите деца би биле воспитувани (читај: индоктринирани) согласно таа идеологија. Но, повторно, ова воопшто не може да биде наречено „еднакво право“, бидејќи ниту една друга група на луѓе не го ужива тоа право да својот светоглед и своите убедувања и вредности агресивно ги наметне врз сите граѓани на државата.
     
    На INNERBEAUTY и simona_baby им се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    @Dream-Girl Зошто ја викаш другарка ти ,,другар"? Знам дека си навикната така и сето тоа, ама не е океј, ако стварно ја поддржуваш, ќе и' се обраќаш со соодветните заменки.
     
    На candy.cane, Alisa22 и Srckata28 им се допаѓа ова.
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    Не знаете веќе што да измислите за да го продолжите сеирот и омразата. Пукнавте од мака што сѐ ви падна во вода, ниту некој гол беше, ниту секс симулираа - па сега се фативте за дрег кралицата на делот што веќе е перформанс, во градски парк, дека на носија ви личел аутфитот што не е ништо пострашен од едноделен купачи костим :yawn: И фејк њуз секако, каде можат десничари без него.

    Во меѓувреме геј Албанец из чиста мира нападнале, оти го препознале дека е „шиптарски педер“, ама ајде на задник во костим ќе се гадиме. Тролче се церекаше тука за веста, прееска пред да го банираат не видов никој од неутралниве да го чепне.
    Очај.
     
    На piksooki, WildMk, Nausicaa и 9 други им се допаѓа ова.
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.712
    Допаѓања:
    266.234
    Не, не ме асоцира.
    А и да ме асоцира, пак не би се вознемирила толку.
    Ако јас како хетеросексуална го направам истото, нема вакво потресување да има :) И тоа го знам со 100% сигурност.

    Како што на милион и еден маскенбал барем во Скопје, се појавиле девојки во секси облека со вакви мотиви, па никој не се вознемирил до толку.

    Арно и скроз исто како Гавазова да е облечен/а, пак ќе има вакви реакции.
    Не ради облеката, не.
     
    На Annath, Nausicaa, Mr. Right и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.045
    Допаѓања:
    87.207
    Пол:
    Женски
    Не ти верувам дека не препознаваш носија или мак.трад.мотиви тука.
    Дали би се вознемирила ти или јас е ирелевантно.
    Но,ова е провокација,добро рече Билјарката.
    Секој друг муабет кој ,како би облекол,е непотребен.
     
    На oblace1, ocicka2014 и Petra777 им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.660
    Допаѓања:
    177.121
    Бидејќи се знаеме, ќе ти кажам дека и јас и Косми имаме проблем со асоцијацијата. Чисто од моден и контекстуален аспект. Да бевме католичка земја, се кладам дека ќе имаше калуѓерска асоцијација како провокација. Ако некој сакаше да провоцира.
    Така се продлабочува конфликт- со провокации. Па после лажни вести, и реални тепачки и плачки. Некој збира поени, некој или не гледа или е наивен или друга агенда брка.
    Постои инаку цела наука за манипулација со маси, не од сега, немој да речете така спонтано им дошло.
    Јас не навивам ни за леви ни за десни, само посматрам туѓа објективност. Објективност- слабо.
     
    На oblace1, Harper, ocicka2014 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.712
    Допаѓања:
    266.234
    Па мене не ми смета било кој да носи облека што се "спрда" со народни носии, религија, традиција, всушност, такви ликови, претежно хетеро, следам и ми се интересни.
    Тоа што е драг квин не ми мења во заебанцијата искрено.

    И не ја ни приметив заебанцијата додека не почнавте да ја укажувате, е до толку ми е неважно.

    Патем, Рита Ора истово го направи, дури и уште попровокативно, ама не е педерка, па простено и' е.
     
    На Annath, WildMk, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.