1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Паради на гордоста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LGBT, 3 август 2012.

?

Дали поддржувате одржување на паради на гордоста?

  1. Да

    113 глас(а)
    41,7%
  2. Не

    104 глас(а)
    38,4%
  3. Не ме интересира

    54 глас(а)
    19,9%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Во било кој исказ од страна на некој про-лбгт во кој се спомнува религија, се спомнува како одговор, а не како тврдење.
    Никој не ги чепка верниците ако едноставно си седат и не им трубат на други дека ќе одат во пеколот, дека прават гревови и слично. Кога ќе почнат со такви работи, многу нормално е дека другиве нема да ќутат.
    Не знам како така сакате, да кажувате свашта за лгбт луѓе, а тие да не смеат да ви вратат.

    Ако верниците немаат проблем со ЛГБТ, ни ЛГБТ немаат проблем со верниците. Ама гледаме дека не е така. Ќе престанеме да го мешаме господ тогаш кога вие ќе престанете да го мешате.

    Вика не видов баш многу љубов кон другите. Работава јас ќе те хејтам, ама ти мора мене да ме љубиш.
     
    На Ketchup, VoodooGirl, KateKane и 7 други им се допаѓа ова.
  2. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Како нема врска религија кога имаше контра парада што почна во црква и на звучници од таму ечеше дека хомосексуалноста е болест?
     
    На Ketchup, Alisa22, Srckata28 и 11 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.711
    Допаѓања:
    266.230
    Човек може да е и лгбт и религиозен истовремено.
    Едното не го исклучува другото.
     
    На Ketchup, KateKane, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.222
    Допаѓања:
    162.784
    Пол:
    Женски
    Се согласувам Битер. Ама се поќе и поќе верници ја мешаат религијата како аргумент зошто парадата е лоша и зошто гејојте треба да се "горат на клада". Таквите ... Верници ... Нека остават религијата на страна и нека зборуваат како возрасните личности кои се, и никој нема да асоцира религија со хомосексуалност за аргументирање. Едина причина зошто се асоцира е од луѓе кои плукаат по хомосексуалност во име на Бог.

    Мило ми е за личности како тебе кои ги делат и не исклучуваат постоење на едно ради друго. Ама ретки сте, за жал. И во одбрана да, се фрла лош збор. Нагласок, во одбрана.

    Љубов е љубов.
    Се надевам сите ќе сфатат.

    Имај убав ден. :)
     
    На Ketchup, Alisa22, KateKane и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.568
    Допаѓања:
    78.881
    Пол:
    Женски
    @Lella ај вака да те прашам. Ако лгбт сакаат да бидат прифатени од сите, вклучувајќи ги и религиозните се разбира, зошто провоцираат на паради? Кај нас на парадава ете можеби немаше нешто што чепка во религија, мада на сликата погоре видов слики од Исус, не знам само кој текст е покрај нив напишан. Ете во тоа перформаност имаше светци со полови органи. Зошто светци? Мораше ли тоа да го има? А на паради во светот, има толку многу ругања со Бог, кажи ми зошто, кога се борат да бидат прифатени? Така ли ќе бидат? Нека не се меша тука религија уопште па многумина ќе речат еве океј се штом тие не задираат во нашето.
     
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    Не е таа слика од парадата тука, мислам очигледно е, немаше пароли на англиски тука.
    Иначе, како немаат парадите допирна точка со религија кога во наредната реченица велиш дека Исус не рекол за хомосексуалноста дека е нешто фино, и затоа ти (како и многу други) немаш позитивен став за истата? Научи да напишеш едно кохерентно мислење без да си побиваш една реченица во наредната бе девојко.

    Од религијата потекнува омразата кон ЛГБТ заедницата (ма да од неа се вкоренила очигледно и општо во општеството за жал, пошто месецов и од атеисти прочитав доста хомофобичен булшит, од што сум многу разочарана). Од неа потекнуваат и рестрикциите на репродуктивните права на жената на пример. Па не е ништо чудно на геј паради и феминистички протести да има пароли против истата. Бунтот е сосема разбирлив и оправдан, само е прашање на нијанси и граници во чии очи до каде е вкусна и прифатлива таа критика и сатира.
    И ти да живееш во држава со предоминантна религија поради која те сметаат за ненормална и изрод и по можност ништо да не те сврзува со токму таа религија, ќе гледаш сосема поинаку на работите.
     
    На Ketchup, Alisa22, KateKane и 5 други им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.711
    Допаѓања:
    266.230
    Затоа што не се трудат да бидат прифатени од верниците.
    И затоа што се бранат од верниците.
    Возвраќаат. Дури и нежно.

    Ако видиме што прават другите.
     
    На Ketchup, Alisa22, KateKane и 5 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Вие се убацувате со религиски догми.
    Не ги спомнувајте, нема да ги користи никој против вас.
    Како очекуваш ти, да ни држите предавања дека сме 'болни', и 'ненормални', и 'неприродни', и да не се браниме?

    И, извини вака, ама за некои, верување во Бог, е рамно на верување во Дедо Мраз.
     
    На Ketchup, Alisa22, RoseRain и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.568
    Допаѓања:
    78.881
    Пол:
    Женски
    Епа дечки, кога не можат лгбт да се смират и да престанат да ја провоцираат другата страна, кога ете не сакале од верници да бидат прифатени и место тоа ќотек да јадат од истите (што не оправдувам се разбира), заради тоа ќе читате коментари од кои ви се повраќа и ќе читате статии со трагични содржини. Што да ви кажам, тоа е.
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Ама верниците провоцираат.
    ЛГБТ се бранат.
    Шо има да се исфрлате на секое со Бога?

    Религија не е аргумент, верба е.
    Јас можи да вервам во вонземјани, ама не ги користам како аргумент против никого.
     
    На Ketchup, Alisa22, RoseRain и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.568
    Допаѓања:
    78.881
    Пол:
    Женски
    Како провоцираат верниците? Ако искажување став за нешто е провокација... Па не може сите исто да мислиме.
    И како се бранат лгбт? Со истото оружје? Ако некој ти удри бокс, ти му возвратиш и никој притоа не престане, тоа е вечна војна. Некој треба да го запре кругот.
    Камелија вика, не сакале ниту да бидат од верници прифатени. Зошто да не би сакале, кога баш верниците се највжештените глави од кои патат лгбт? Треба баш нив да ги придобијат, ако сакаат слободно да шетаат на улица и да имаат права еднакви како нив. Вистина дека верниците не треба да бидат насилни, ама тенка е линијата на толеранција кон нив. Еве јас ја имам. Повеќето не. Религија и верници, сакале или не да прифатите, постоеле и ќе постојат. И не мора војна да има со нив.
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Каков 'став' е тој бе дека сме ненормални?
    Сакаш да ти речам дека си ненормална оти веруваш во Бог?
    Има разлика меѓу мислење и напад.
     
    На Ketchup, Alisa22, KateKane и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    И за жените вака се вели дека треба да се скромно облечени за да шетаат слободно без да испровоцираат некој манијак да ги силува.
    Мало сутра.
    Нема сигурно оние што сакаат слобода да ги слушаат опресорите како да ја добијат на начин што ним им одговара.
    И нели за слобода на говор бевте демек, сè додека не ви се чепне религија?
    Човечки битија нема да се прилагодуваат на фантастична книга, книгата и толкувањата на истата можат да се прилагодат на нив.
     
    На Ketchup, Alisa22, KateKane и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.568
    Допаѓања:
    78.881
    Пол:
    Женски
    Дај кажи ми збор сличен на ненормално. Или неприродно. А кој може да ја долови мислата зошто хомосексуалноста не може да се изедначи со хетеросексуалноста.
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Абе ајде, види го муабетов: Да ги 'придобијам' верниците, за да добијам право на еднаквост со нив.
    Ко да не се хомосексуалците луѓе, ко верниците да се 'полуѓе' од нив.
    Ебате логиката.

    Се нервирам значи.
    Зборуваме за правна еднакост, а основни поими не разбираат некои.
     
    На Ketchup, Alisa22, Someonespecial и 8 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Ама не е ни ненормално, ни неприродно.
    Од шо мака да барам замена за епитет, кој не е точен?

    Едуцирајте се да му се сневиди.
    И ако не, Бог ги сака сите!
    И сите ги 'учи' да се сакаат меѓу себе.
    Кога рекол Исус: Овие се поќе вредни од другите?
    Никогаш!
     
    На Ketchup, Alisa22, Someonespecial и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Многу веројатно е дека цитатот погоре е нешто во стил Jesus loves you no matter what и е наменет за лгбт луѓето кои истовремено се верници, како поддршка и охрабрување, како спротиставеност на бројните изјави дека ќе одат во пеколот.
    Не се врти сè околу вас. Не е сè направено за вас да ве провоцира, calm down.

    И тоа не беше за вас, ама ете верниците обожаваат да ,,се провоцираат". Мене ми беше шубе тој настап само и единствено од причина што некој полуписмен хомофоб можеше да го искористи тоа како мотив да истепа некој на парадата. А инаку, немаш основа да споредуваш години каменување, бркање од дома и изјави дека ќе гориш во пекол, со полов орган на светец (што не ни беше случај). Ти се молам, навредени биле.

    Се слагам дека харкор верници нема да ги убеди парадата да ги прифатат, ама искрено, не им ни треба прифаќање од такви. Еден ден сами ќе се истребите и тоа е тоа. И ти кажав, верниците се тие што го мешаат Бог во свашта. Не само во лгбт права, туку и разводи, феминизам, абортус и што ли уште не. Сами го мешате кај што не му е место, не знам како очекуваш да не се возврати на тоа.

    Чекај малку бе. Некој ако ми удри бокс, јас сум крива што сум вратила. Јас сум крива за ,,војната", а тој прв почнал.
    Што логика ќе беше, жими сè веќе да не веруваш што читаш.
     
    На Ketchup, Alisa22, KateKane и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.568
    Допаѓања:
    78.881
    Пол:
    Женски
    Имам за ова поназад пишувано, не сакам пак да повторувам.

    @Lella мене како верник, па и не ме испровоцира нешто многу. На нивни грб е, не на мој. Јас не патам од тоа што некој си прави мајтап од нешто свето, туку жал ми е за нив. Затоа што сакаат да можат, меѓу другото, слободно да си прошетаат по улица фатени за рака, па и да се бакнат ете, а да не бидат физички нападнати. Ама изгледа нема да престане ваквата пракса. И тука нема да навлегувам и да ја проширувам последнава реченица, затоа што јас велам едно а вие друго и така можеме до недоглед.
     
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.711
    Допаѓања:
    266.230
    Не, не е така.
    Дали на Велигден драг квин ви доаѓа на литургија?
    М?

    Ако доаѓа еве и јас викам дека не е во право. Ќе осудам одма. Ама дали ти, како одач во црква, ЕДНАШ само си видела било кој таму да провоцира?

    Дали на раат се собирате?
    Дали на раат верувате?
    Дали било кој во тема "поуки од светите отци" дојде да ви каже дека верувате во измишљотини?
    Дали некој тебе како верник те тепа, те омаловажува на улица, дали некој доаѓа да ти сквернави црквата?

    Не, нели?

    Епа кога ќе престанете да се мешате во нивните животи директно и неповикани, нема да имаат потреба да се бранат од вас.

    Не од тебе конкретно да се разбереме!

    Дали официјалниот став на сите верски заедници е против лгбт?
    Да, така?

    А дали ставот на лгбт е против религија?
    Не, никаде не е.

    Немаат зошто вас да ве молат за прифаќање, не си давајте толку на важност. Се бранат од вас и со право се бранат.

    Дента кога вашата црква во најмала рака ќе остане воздржана, дојди да правиме муабет.
    Со вакви гнасни изјави, извини, да сум јас лгбт, побезобразна ќе бидам.љ
     
    На Ketchup, Alisa22, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    @Bitter-Sweet, искрено после сè што сум изначитала од тебе овие години не знам што навистина ти е целта, ама вака претпостави си хипотетички обратна ситуација. Да беа ЛГБТ луѓето агресивни и да не беа безбедни твоите истомисленици хардкор верници поради омразата што ја шират кон нив. Дали и тогаш вака ќе се поставеше како верник, да ги смируваш дека треба за тебе т.н. „свет морал“ да престанат да го шират за да се шетаат слободно, да не провоцираат?
    Сигурна сум дека не.
     
    На Ketchup, Alisa22, KateKane и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.