1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Паради на гордоста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LGBT, 3 август 2012.

?

Дали поддржувате одржување на паради на гордоста?

  1. Да

    113 глас(а)
    41,7%
  2. Не

    104 глас(а)
    38,4%
  3. Не ме интересира

    54 глас(а)
    19,9%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Не е никаква инсуинација.

    Имаат право на брак само во одредени земји. Во нашата сеуште немаат. Барањето право за формирање брачна заедница и посвојување деца не е екстра право, туку е легитимна и правна граѓанска потреба.

    И во кој наврат изиграваат жртви? Дали можеби изиграваа жртви во моментот кога 2014 и 2015 под политичка команда се изврши упад во LGBT центарот во чаршија, па беа физички нападнати тамошните членови кои беа присутни во моментот?
    Како ова твоето ,,изиграваат жртви'' се совпаѓа со изјавата ,,не сум хомофоб?"

    Правото на јавно и слободно движење, без притоа да постои ризик да бидат нападнати на пример, ради нивното покажување емоции.
    Правото да не бидат трансродовите или трансексуалните лица исмевани во моментот кога менуваат име на лична карта.
    Правото на брак, реализација на професионално поле без притоа да бидат дискриминирани..и уште милион други општествени нормативи кои во моментов не ги уживаат во нашата држава.

    Зошто би имале приоритет?
    Трансексуалците исто како и другите подгрупи треба да имаат еднакви права на посвојување. Фактот што ги немаат па се борат да ги реализираат преку држење говори на јавни места, трибини и паради не им дава предимство или приоритет пред хетеро заедницата. Тоа е едноставно нивен легитимен начин на борба, преку кој никого не повредуваат по ниту еден основ.

    Да, проблем е во регулативата. Зошто за хомосексуалците да важат диференцијални одредби? Аgain, бараат еднакви права, не приоритети.

    Накосен е тој збор "eкстра" со причина. Зошто правите да изгледа како да бараат нешто многу повеќе, a всушност не е така. Ако сеуште не ти е јасно што е тоа, врати се на постов и прочитај ги оние неколку работи кои ги набројав погоре.

    Не, рудар кој со travel machine дошол од инквизацијата да едуцира прекриени хомофоби. :rofl:

    Мора ли некој да е активист или претставник за да ги подржува? :D
     
    Последна измена: 18 септември 2018
    На Ketchup, Lella, Lolo5 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Па го имаат тоа право. Секој граѓанин, па и странец го има правото да не биде напаѓан при слободно движење и тоа нема врска со сексуалната определба. Повикај полиција и ако дојде џандар воопшто нема да те праша дали си хомо за да те заштини. Не живееме у каубојско или пиратско време, па да нема такви права. Годишно многу повеќе хетеросексуалци се нападнати, тепани, ограбени, силувани, отколку хомосексуалци. Сепак правото да повикаш полиција и ако имаш среќа да бидеш одбранет подеднакво важи и за хетеросексуалците и за хомосексуалците.

    У државава наша сите луѓе подеднакво се исмејувани, без разлика на сексуална ориентација.
    Претседателот наш е хетеросексуалец, па сепак го утепаа од исмејување дека е фикус, разни мемиња му правеа итн.
    Примиерот Заев исто така е хетеро, па го утепаа од исмејување периодов. Дури и „Зајко“ прекар му имаат дадено.
    Бившиот премиер исто така беше исмејуван, со мемиња со се.
    Други политичари, музичари, глумци, модели, бизнисмени и обични граѓани хетеросексуалци редовно се исмејувани на фб, твитер, инстаграм, на Зевзекманија, на К15 итн.
    Стенд ап комичари како Сашко Коцев постојано исмејуваат хетеросексуалци.
    И шо сеа? Да плачат овие и да организираат паради зошто ги исмејуваат од разно разни причини? Зошто хомосексуалците да уживаат привилегирани права кои ќе ги штитат од исмејување, додека сите останати можат да ги исмејуваат?
    Тоа е животот. Не можеш исмејувањето да го регулираш со закон, бидејќи понекогаш е крајно субјективна ствар.
    Еве и ти имаш ставено мој цитат во потпис со цел да ме исмејуваш мене како верник, ама според многумина тоа не би било исмејување, туку одличен статус. И шо сеа ја парада да организирам затоа што некој си Nigero ми се смеел на форум? :D

    Брак е заедница помеѓу еден маж и една жена. Како што ја немам право мојот цеден портокал да си го регистрирам како „Фанта“ (бидејќи Фанта е веќе резервиран збор со поинакво значење), така и два мажи не би требало да се регистрираат во заедница што ќе се вика „брак“. Но може да си се регистрираат како граѓански заедници што ќе ги уживаат истите права: „шрак“ или „фрак“ или „либерак“ итн. имаш преку 80 милиони зборови со 6 букви, а неколку милијарди со 7-8 букви. Зборам за слободни зборови кои сеуште немаат значење и можат да се употребат за заедници од типот на „маж-маж“, „маж-жена-маж“, „жена-жена“, три жени, 3 жени и 2 мажи, и слични комбинации. Не може сите овие да именуваат како „брак“, кога не се исти заедници.


    Законот за посвојување е многу ригорозен и брачни заедници не можат туку така да посвојат, особено ако некој е алкохоличар, или немаат финансии и сл. Сепак, за правилен развој на дете, потребно е мајчинска фигура и татковска фигура. Психолошки последици се забележани кај деца кои растеле без мајка или без татко. Пример девојчиња што растеле без татко, се склони кон врски со постари мажи, а машки кои растеле без мајка се доста погруби, емотивно поладни. Така што ова е малку поделикатно прашање отколку само „дај им право на секакви граѓански заедници да посвојуваат деца“. Мора да се има предвид и детето кое сеуште нема 18 години.

    Познато е дека активистите на ЛГБТ ги етикетираат и исмејуваат сите неистомисленици дека се „хомофоби“. Како се осмелуваш да бараш права за неисмејување, а самата ги исмејуваш сите неистомисленици и ги етикетираш со тој збор „хомофоб“ кој најчесто нема врска со личноста која нема ни Ф од фобија од хомосексуалци?
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  3. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.643
    Допаѓања:
    2.755

    1. Не се согласувам. Зошто? Затоа што 90 проценти од луѓево, за хомосексуалците ќе речат: „Тоа треба да се запали!“ Веднаш, по автоматизам. Да го споменам само булингот во основно школо, за почеток. Децата кои се феминизирани или обратно, секогаш се мета на игнорирање, вреѓање, закачање, потсмевање, тепање... Што, според мене, е крајно тажно! Како тоа дете, кое се чувствува различно од нешто за кое другите мислат дека е вистината, научило да биде такво? Мислиш дека идело на курс за да почне да го привлекува ист пол? Не ми е јасно како тоа се доживува, стварно не ми е јасно. Не е тоа избор, желба...

    2.Да, секој може да биде мета на исмејување. Но, хомосексуалците не е дека се бунат за тоа толку, колку што е лошо тоа што не можат да се вработат и слично, поради такви размислувања.

    Башка, зошто толку сигурни за луѓе кои се однесуваат мачо и се оженети дека се стрејт тоталка? Не смее да се мисли дека секој што е феминизиран по автоматизам е хомосексуалец. Некои дури и имаат жени/мажи само за маски. Да не сте им влегле по дома па да ја знаете вистината?

    3.Како тоа си сигурен за дефиницијата „Брак“ ? Па и кучиња венчаваат и тоа го сметаат за брак, Ги облекуваат во алишта и буквално прават свадби. Прогуглај си малку. Wikipedia прочитај што има да каже за брак, како дефиниција.

    4. Тотални глупости! Ама ТОТАЛНИ! Не можеме да тврдиме дека секоја жена и секој маж се исти, па од таму да произлезе тоа како детете ќе се однесува. А што правиме со дете кое има татко и мајка, а таткото е пијаница? Која е фигурата? Или, колку да има фигура? Не се хомосексуалците изроди со две глави и различни мозоци. Исти сме сите.

    5. Никогаш не сум чул да ги исмеваат хомофобите. Само не можат да сфатат како, од каде и зошто таква омраза, кога не прават никому ништо?

    ШТО тебе или на било кој друг ќе му смета ако некој сака да се ожени со некој друг? Што тоа на една индивидуа може да му смени у животот? Стварно не разбирам... Секој треба да си ја гледа својата куќа, својата чергичка. Ќе си живеат среќни они, ќе си живееме среќно сите.
     
    На Ketchup, Lella, Lolo5 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.241
    Допаѓања:
    163.072
    Пол:
    Женски
    Има разлика од исмевање зошто си хомосексуалец до исмевање зошто си идиот. Идиотов сеуште можи да биди исмеван зошто е хомосексуалец, ама можи и да е хетеросексуалец, а да е исмеван за втората причина. Ама од личностите кои ги наброја @EvAngelos никој не е исмеван зошто е хетеросексуалец туку за нешто шо рекле, направиле, застапиле, шо не е случај кај хомосексуалците кои се исмевани и дискриминирани чисто ради сексуалноста. Just saying tho.
     
    На Ketchup, Lella, Lolo5 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.643
    Допаѓања:
    2.755

    Да.

    Додека пишував, сакав ова да го пишам ама никако не можев да најдам соодветна реченица за да го срочам ко што ти го срочи.
    Тотално си во право. Да, да, да !!! Па и уз муабет, коа зборуваат, и коа ќе се спомене некој хомосексуалец, одма фаците им се менуваат, одма се смеат, одма наоѓаат „соодветни“ прекари. Страшно. Тажно.

    Ама се сложувам и со тоа дека глобално, а особено тука, на Балканов, сите знаат се околу себе да исмеваат. Тоа ни е у крвта. Многу знаеме сите, секој е најарен сам за себе. Комедии.
     
    На Lolo5, 1209, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Направи анкета, па да видиш дека малцинство се таквите што би збореле така. Повеќе такви изјави ќе чуеш меѓу едни партиски активисти за други, отколку за хомофобите. Па сепак никој никого не запалил до сега затоа што е геј.

    Ајде извади некоја релевантна статистика колку проценти од хомосексуалците не се вработени, па да ја споредиме со статистиката на невработените хетеросексуалци па да видиме дали навистина се дискриминирани? Се разбира овде можеме да збориме само за државен сектор. Приватен кој што сака си вработува и законот не може да те принудува да мора да вработиш вакви или такви.

    Остави ти Википедија. Така е дефиниран бракот во законот на РМ, во законот за семејство.
    http://www.mtsp.gov.mk/wbstorage/files/zakon_semejstvo_osnoven.pdf

    Во светот можат и две коли да венчаат ако сакаат, тоа нас не треба да не занима. Знам дека и кучиња венчавале негде. Знам и човек што се венчавал за дрво :D Ама тоа за тебе нормално е?

    Не знам дали ги исмеваат хомофобите. Мислам дека на нив им се плашат (да не ги претепаат), па затоа не ги ни исмеваат. Јас погоре зборев за луѓе што не се хомофоби, туку едноставно не се согласуваат со родовата идеологија и верувањата на ЛГБТ активистите. Овие луѓе ниту ги мразат хомосексуалците, ниту имаат нешто против двајца мажи или две жени да си водат љубов заедно. Едноставно не размислуваат исто како нив. Е за овие ти велам дека се исмејувани и етикетирани како „хомофоби“ од страна на ЛГБТ активистите. Зошто? Затоа што активистите на ЛГБТ не сакаат исти права (кои веќе ги имаат нели), туку сакаат доминација на нивните убедувања врз сите граѓани во државата, па и во светот и затоа ги мразат, етикетираат и исмејуваат сите што не се согласуваат со нивните убедувања.

    Цело време ти велам дека не ми смета, ниту пак верувам дека на @Роберт 7 му смета, или на било кој на форумов кого што го етикетирале како „хомофоб“.
     
    На Роберт 7 и Cosmi им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    А зошто да ги дискриминираме идиотите? Зарем некој е крив што се родил со потпросечна интелигенција или послаб когнитивен капацитет? Едноставно така се родил. Зошто да го исмеваме? Зошто да ја исмеваме поради тоа? Зошто да не ги прифатиме и луѓето со потпросечна интелигенција?
    Зошто некој да е исмеван заради таа „втора причина“ каква и да е? Зошто некој да е исмеван заради политичката определба? Зошто да е исмеван само затоа што дтка?
    Зошто да е исмевана затоа што е дебела или низок или многу слаба или со големи уши итн?
    Зошто верниците да се исмевани од атеистите или обратно?
    Зошто луѓето што не ја веруваат родовата идеологија да се исмејувани од ЛГБТ активистите и етикетирани како „хомофоби“?
    Зошто исмејувањето заради „сексуалноста“ да има примат над останатите причини за исмејување и единствено таа причина да се заштити со закон?
     
    На jacqueline.s и Cosmi им се допаѓа ова.
  8. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.643
    Допаѓања:
    2.755
    Ама па ако не ти смета, зошто мислиш дека бракот помеѓу 2 лика од ист пол е ненормална работа?????
    Тебе нешто тоа ќе ти смени ли?


    Леле не можам на вакви теми... Страшно.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Не ми смета и ништо не ми менува. Проблемот е користењето на исто име за таквата граѓанска заедница - брак.
    Еве, пробај исцеди сок од портокал, додај му јаглерод диоксид, стави го во шише и продавај го како „Фанта“. Можеш да го направиш тоа? Не. Зошто? Затоа што „фанта“ е веќе резервиран збор и ќе ти пуштат тужба така?
    Значи ако си правиш некој нов сок, нема да одиш со копи-пејст, туку ќе си смислиш ново име од нашата богата азбука и така ќе си го наречеш тој сок, за да нема конфузија. Епа исто е и со граѓанските заедници, верските заедници, фирмите итн. Има закон за верски заедници кој важи за сите подеднакво, но сите верски заедници не се со исто име така? Епа слично треба да е и со граѓанските заедници. Нека си има едно име за „маж-маж“ или „жена-жена“, друго име за заедница на „тројца мажи“, трето име за заедница на „повеќе мажи и повеќе жени“ итн. Се разбира, како ќе се појават вакви заедници, така ќе оди и потребата за евентуално ново име за нив.
    Се надевам сега е појасно.
     
    На Роберт 7 и baba Rada им се допаѓа ова.
  10. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.643
    Допаѓања:
    2.755


    Не, не е појасно, зашто хомосексуалците не се сокови. Не се ниту бренд, ниту патентиран пронајдок. Не се сокови луѓето, уствари, за да споредуваме со нешто такво. Едноставно е : СИТЕ, секој ЧОВЕК треба да ги ужива истите права!

    И, цело време велиш дека не ти смета и слично, а упорно си одиш контра себе. Просто... Во една реченица ставаш во контекст и споредуваш врска помеѓу две човечки единки - со тројца, четворица, пет... И сето тоа изгледа као демек тотално си океј а уствари треба да биде смешно, пошо, нели, како ќе се појават вакви заедници, така ќе оди и потребата за евентуално ново име за нив.

    Размислувањето ти е грешно.

    Дали мислиш дека хомосексуалноста се појавила деновиве? Годиниве? Прогресирала ли? Не сфаќам. Како прогресирала? Не ми е јасно што сакаш да кажеш, какви тоа заедници ќе се појавуваат? Се разбира дека не може да биде брак/заедница ако јас посакам да се оженам со верверичка и да одам во црква да ме венчаат. Или ај, нека биде да се оженам со Фанта, коа веќе со неа ги споредуваме луѓето.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Ова со терминот "брак", " фрак" "крак" , ти е многу глупаво, оти ти во суштина си ПРОТИВ тоа да имаат исти права. И за посвојување мислиш така? Може тоа да биде "мосвојување" или " косфојување" ??
     
    На Ketchup, Lolo5, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.241
    Допаѓања:
    163.072
    Пол:
    Женски
    Сфаќам дека имаш проблем да разбериш нешто и професионално извртваш зборој, ама мојата реченица не е наменета за loophole да дискриминираш некој па те молам не ја користи како таква, туку целта е да напрајш разлика дека кога се вели дека се дискриминираат хомосексуалци, тие се дискриминираат ради сексуалноста. Кога се дискриминира Трамп, или Заев или не знам ти кој таму, не се дискриминира ради сексуалноста. Тоа е разликата и поентата. Не ти велам јас дискриминирај некој, туку ти креирам разлика за да ја увидиш.
     
    На Ketchup, Lolo5, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  13. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    1.643
    Допаѓања:
    2.755


    Така е! Дискриминација има насекаде! И ќе биде прекрасно ако тоа го снема, ама нема да го снема, така што...
    Меѓутоа! Човек кој седи во кафана, пијан, гледа или збори за туѓи жени или девојки и зборува отворено што би им правел, се дрзнува од ниге некаде да почне да говори за некој кој е хомосексуалец и да употребува изрази дека тоа треба да се запали, убие, не знам што... Тоа веќе е малце вон границите од шалата, не знам дали се разбираме. Едно е да се насмееш за некој што има, не знам, да речеме големи патики, а друго е да се занимаваш со тоа кој со кого сака да живее, каква е неговата дефиниција за љубов и слично. Неспоредливо е тоа со физички изглед, избор на партија, политичка определеност, омилена музика, начин на облекување и слично. Сите тие нешта МОЖАТ да се променат (а и не мора), на ваков или онаков начин. Ова е природа, како да објаснам? Ова е нешто што не може да го промени парче облека, скапа операција, консултација со лекар, таблети или тепање. Затоа оваа дискриминација не смее и не може да се рамни со останатите.
    Би можел да видиш некој/а на улица и да почнеш да се шегуваш и дискриминираш поради коса, облека, нос, уши, нозе (да речеме), а да немаш појма дали е стрејт или не. Разбираш? Не им пишува на хомосексуалците на чело дека се тоа што се. Не е тоа боја, капут, кондура. Не е стил. Не е мода. А од тука ми текна и на тоа дека некои луѓе се дружат со некого без да имало повод да знаат за сексуалната определба. Откако ќе дознаат дека се дружат со хомо, веднаш се оддалечуваат.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Хетеросексуалци кога се нападнати, не се нападнати оти се хетеросексуалци, туку од разни други причини.
    Хомосексуалец кога е нападнат заради неговата сексуална ориентација, е друго ниво на криминал, криминал од омраза, и (треба да) повлекува поголема одговорност.

    Секојдневно хомосексуалци се самоубиваат поради булинг, посебно деца и тинејџери, а вие ми зборувате исмевање е исмевање.

    Еве ви едно инфо од моите интеракции со мажи кои изневеруваат: Од прилика, 50% од тие што сум зборела, се во брак и имаат афери со мажи и со жени, односно се (барем) бисексуалци. Еј.. седите со нив на маса, си славите родендени на децата, си одите по одмори... а тие се плескаат и со мажи.. Уач аут ;)
     
    На Ketchup, Lolo5, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Не разбирам зошто ми ја потенцираш разликата, кога 3 пати и јас истото го велам погоре :)
    Ок, значи се согласуваме дека луѓето се исмејавани за различни причини. Е сега ти кажи ми, зошто да се криминализира исмејувањето заради сексуалноста, а секое друго исмејување да биде правно дозволено?
    Дали ЛГБТ лобито сакаат привилегии или рамноправност? Ако сакаат рамноправност, тогаш треба исти права да важат за нив како и сите граѓани т.е. ако се криминализира исмејувањето, да се криминализира секакво исмејување со законот на РМ, а не таа привилегираност и ексклузивност да ја имаат само ЛГБТ лицата. Тоа не е рамноправност, туку привелигии т.е. права над сите други.
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.241
    Допаѓања:
    163.072
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos напротив, јас сакам секој чоек да е свесен дека не треба никој да дискриминира. Simple as that. Кој срам ако со закон треба да ти забрани некој да не дискриминираш, место да се сетиш сам.

    А тоа што сметам дека заслужуваат право на брак, и на деца, не е поврзано со дискриминација каква шо ти споредваш, каква што доживуваат *сите* луѓе, не само хетеросексуални, и во тој аспект хомосексуалците се дискриминирани. Па сега како сакаш сфати. :)

    Супер ако ја увиде разликата шо ја праев погоре, оти во твое мислење беше каде велеше дека Трамп и Заев, хетеросексуалци, биле дискриминирани. Јас само напрајв разлика, другото го додаваш ти, не јас.
     
    На Ketchup, Lolo5, Nausicaa и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.048
    Допаѓања:
    87.231
    Пол:
    Женски
    Инсинуација е ,кога се бараат и прогласуваат хомофоби .
    Тешко е да се одговори ,а да не бидеш прогласен за хомофоб од лгбт заедницата.

    Кога веке се спомна 2014 ,трба да се спомне и нападот истата година на лгбт активистите во Италија на мирниот протест на конзервативците кои читаа книги на плоштад? Да гледаме глобално на оваа тема.
    Тоа веке не е пасивна туку отворена агресија.

    Во Мк колку и да е нашата држава традиционална со сите предности и недостатоци не сме толку нетолерантни наспрема геј заедницата.
    Нит има секојдневни напади нит исмејувања,ниту се дискриминирани по основ вработување,ниту па по било кој друг основ ниту им е загрозено правото на јавно и слободно движење,но постојат друштвени норми на однесување па секс на јавно место и шетање гол по улица не се прифакаат.

    И тоа нема врска дали си геј или не,туку почитување на тие норми и чувство на средината каде живеат.

    Ако си геј ,ти си геј и дома и надвор,не мора да парадираш гол на парада за да си го пишеш тоа на чело ида бараш права.

    лгбт заедницата мора да сфати и дека не може да наметне допаѓање и прифаќање кај некој што не сака да ги прифати поради свои причини.

    Правото на брак е дефинирин како е,но тој не е основно геј човеково право па им е прекршен.
    До каде ке оди дефиницијата на брак тогаш ?
    Зошто да се ограничи бројот,зошто не брак помеѓу 3 лица и повеке?
    Ако постои вонбрачна заедница која остварува права како брачна,зошто не и истополна заедница со исти права како брачна.
    Геј двојките имаат право да не бидат малтретирани што се геј, и тоа е сè, ако нивниот однос не може да се нарече брак, и ако тие немаат право да посвојат , тоа не е малтретирање.

    Посвојувањето на децата доколку се дозволи ке биде дискриминаторски и сепарациски за детето,тие деца немаат двајца родители, туку двајца чичковци или тетки кои играат улога на родители за да имаат сличност со семејството. Наместо да имаат сила да прифатат дека се она што се, сакаат да симулираат она што не се.
    Детето ке биде лишено или од мајка или од татко.Природна средина за секое дете е хетеро заедница од која настанало.
    Од трансексуалци kako наконтраверзна лгбт категорија,никако.Бидејки постои можност на повторна конверзија на полот.
    https://www.dailymail.co.uk/news/article-5185209/An-entire-family-four-transgender.html

    А децата не смеат да бидат алатка ниту експлоатирани за никакви лгбт цели.

    http://www.sloboda.hr/europske-vrijednosti-u-norveskoj-odrzan-djecji-gay-festival/

    МК е нормална држава со наплив на либерализам но тој не не одведе до преверзии.

    Зошто еден геј пар би добил експериментална главна улога во животниот филм на едно дете?

    И не, не разбирам апсолутна подршка кога тоа не е во границите на разумот и никако во интерес и добробит на детето.
    Идеја темелена на апсурд односно основа за семејство како (2мајки +0 татко) и (2 татковци +0 мајка) не е ни хумана ниту напредна.
     
    На orevokrsacka, EvAngelos и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Може да ми одговорите едно прашање? Чисто вака ме интересира оти викате здрава средина за дете е во хетеросексуален брак, му требале и мајка и татко.
    Едно дете расте само со самохрана мајка, друго расте со две мајки. Кое од овие две расте во понездрава средина?
     
    На Ketchup, WildMk, Lolo5 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Жал ми падна дури ;( Кутриот он исмејуван ;(
     
    На Ketchup, Lolo5, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.025
    Допаѓања:
    48.906
    Пол:
    Женски
    Ќе ти кажат дека е исто бидејќи расте и ваму и таму со мајка, АМА да растеше со двајца мажи guess what?И детето ќе станеше хомо.
    Fuck logic
    *добро прашање баш ме интересира одговорот:?:
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.