1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Паради на гордоста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LGBT, 3 август 2012.

?

Дали поддржувате одржување на паради на гордоста?

  1. Да

    113 глас(а)
    41,7%
  2. Не

    104 глас(а)
    38,4%
  3. Не ме интересира

    54 глас(а)
    19,9%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    Ја читав темава одјавена и како и секогаш, повторно наидов на многу нелогичности и небулози.

    Како прво, од кога тоа луѓето со анти-геј став станале толкаво мнозинство?
    Далеку од точен го сметам и податокот дека 97% се религиозни. Понатаму, заборавате дека верниците денес ни приближно не се *сите* поддржувачи цврсто на традиционални вредности - напротив, ги има многу на кои не им пречат ниту гејови, ниту вакви настани, т.е. не се хомофоби (што го гледаме и на форумов).
    Така што жалам, но подобро ви е да се држите до типот аргументи дека „колку и да сте (а тоа е - сè помалку :inlove:), никој не може да ви го смени мислењето“.

    Друга работа е дека закоравеноста на народот за уште поосновни и „нормални“ работи, не е оправдување за хомофобијата како очекувана појава која не треба да се менува.
    Не, не треба да се гледаат попреку ниту жени кога се малку поразголени, ниту кога си го хранат бебето т.е. дојат во јавност, ниту пак некој да се гади и од најдискретен знак на љубов меѓу луѓе од ист пол во јавност.

    Трето... пак истите луѓе се осврнуваат само на екстремни моменти, егзибиционизам и велите провокација се парадиве. Како провокација ги гледале порано и жените кои марширале за своите и нашите права денес, и црнците, и сите можни маргинализирани групи. Да, валидна е и секогаш точна споредбава.
    И реално, дури и да си претпоставиме дека конзервативците се центар на светот (а не се), провокација е баш токму тоа што заслужуваат луѓе кои не почитуваат туѓи права. Па побогу, мене како стрејт хејтер на вакви назадувања ми е satisfying што ви пука душата (како што би рекол Варошлија) оти светот оди напред, та што останува за самите ЛГБТ луѓе кои на своја кожа што сè не доживеале заради такви ко вас.
    За егзибиционизмот веќе е излишно и да се коментира, само ќе кажам дека и најекстремните моменти кои и според мене не се потребни - сепак во моето мерило за праг на толеранција не се мерат со кулминациите на партиски националистички собири (протести, маршови) кои во последниве години се секојдневие кај нас, т.е. говор на омраза и повик за насилство и смрт на малцинства.

    И за крај, баш би сакала во скоро време да наидам на ваква парада и тоа кај нас во Македонија, како доказ дека и тука нешто мрда напред. Па да фоткам шарености и да ставам арт моменти на сите социјални мрежи, па од секаде да ме отследат и откачат хомофоби :l: милина.
     
    Последна измена: 19 септември 2018
    На Rose-tulip, Ketchup, Lella и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Така ти ќе си ја задоволиш својата потреба да им пркосиш на твоите неистомисленици и да изгледаш за кратко на фб европски или светски, а проблемот со своите корени останува жив. И пак ќе дојдеш на форумот и ќе се расправаш пасивно агресивно и ќе пишуваш постови за вакви и онакви и за жал, тоа ќе е доказ дека не сакаш ти да просветлуваш народ, туку да се докажуваш. Повеќе штета им правиш на тој начин отколку корист на хомосексуалците.
     
    На Harper, orevokrsacka, dm1991 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.605
    Па скрено, да се излезе да се протестира за барање на своите права, или па да се прослави денот кога се добиле правата поддржувам, со траспаренти, шарена облека, држење за рака и културен бакнеж на геј двојка, све тоа е супер и културно, али чепатење, трљање на суво и шетање со голи гзои и цицки, од никој не одобрувам, сеедно на шо му се дига.

    Одвратно е, евтино е, срамота е , геота е, патетично е, нема благе везе со настанот.

    Фмп.
     
    На Ketchup, Harper, WildMk и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Живееш во паралелен универзум каде што цветаат рози, или играш курташак со цитатов?
    Ај жити се, не можеш да извадиш уште една статистика како во претходната тема за ХПВ за да ја докажеш поентата. :D
    Као, мнозина сме стрејт ориентирани, логички е дека ако направиш реципроцитет на физичкото насилство годишно, хетеро популација ќе биде во предност.

    Yeah, sure. ;)
    Затоа токму полицијата преклани беше онаа која се стави во улога на агресор кога се случи првиот напад врз LGBT центарoт во чаршија. Дури постоеа и индикации дека нападот се случил под команда и покровителство на тогаш актуелната влада. Можеш да негираш, и кажеш дека пренесувањето на информациите од медиумите било хајка, но не можеш да негираш дека ниту едно цивилно лице и покрај тоа што знаеа дека објектот треба да биде заштитен, не одреагира соодветно ниту тогаш, а ниту за неколку месеци подоцна кога се случи вториот напад, и покрај тоа што беа предупредени дека постои опасност од повторување. Значи пази, нема везе што е објектот финансиран и потпомогнат од Хелсиншкиот комитет, државата тој центар како легитимен правен ентитет има облигација да го заштити доколку постои можност од закана.
    Као, можеа да стават џандар пред објектот макар темпорално, ама беа у фазон meh кој ја ебе педераната, нема потреба.
    Другари од таму ми кажуваа (а нема потреба да ме лажат), дека полицаецот кој наводно бил ставен да го штити објектот по цел ден седел во соседната сендвичарница Тетекс. Eте, буквално толку од превенцијата и одговорноста.

    Треба да го имаме тоа право. Тој збор треба менува многу, зошто моментално не е така.
    Дали сериозно мислиш дека поголемиот процент од македонската гарда цајкани кои мразат гееви, би излегле во пресрет и би ги заштитиле хомосексуалците во моментот на нападот доколку притоа знаат дека истите се во сексуална или романтична врска? Одговорот е негативен. Колку и да се законски обврзани на тоа многу добро знаеме како се заврши гореспоменатиот напад во Скопска чаршија, и во геј клубот во Орландо, и како ќе се заврши секој следен во кој полицијата ќе треба да интервенира.
    Да не праиме муабет само колку полицијата во Македонија дури и при рутински контроли не ја извршува должноста, на страна од овие изолирани случаи.

    Политичките фигури секогаш треба да бидат преиспитувани, критикувани па и менувани доколку не ја вршат својата функција во служба на народот.
    Ти пробуваш да направиш паралела меѓу сериозно лејбрирана таргет група која минува низ мал милион проблеми заради својата природа или избор, со одредени wanna be личности од естрадата и политичката сцена кои курац не ги боли што мисли народот за нив бидејќи меѓусебно се подржуваат и опстојуваат сосема солидно на финансиско ниво.
    Изгледа не ја разбираш разликата меѓу тоа да биде некој критикуван, (макар и иронично), со тоа да друг биде тепан, заебаван или само омаловажуван, а притоа да не прави никому штета ради тоа што одбрал да е.
    Па, еден рендом педер, или дебел bullied лик од основно, и да сакаат нема никогаш да го достигнат стадиумот на гомнарско дереџе до кое не донесоа двете најактуелни политички партии. Што значи тој рендом педер или дебелко кој бил малтретиран во средно, нема никогаш да може да се компарира со горенаведените карикатури, дури ни хипотетички.

    Точно, не може правно, но може етички.
    Нашата држава ниту правно, ниту етички ги има точно дефинирано правата на хомосексуалците.
    Дури и оној исечок/извадок кој го постирав погоре е како што кажав, сеуште премногу општ и важи само формално на лист хартија.

    Кој рекол дека брак мора да биде заедница меѓу брак и жена? Каде постои тоа пишано правило дека мора, освен ако така не е регулирано во законикот на поедина земја, како во Македонија на пример?
    Етимолошката дефиниција која потекнува од средновековието треба да биде сметана за конзистентна покрај толку прогресивни човекови достигнувања по индустриската револуција? I don't think so. Повеќето развиени западноевропски земји каде хомосексуалците се сосема добро прифатени и браковите легализирани, се потврда дека формацијата на бракот како институционална заедница може да се менува.

    Апсолутно. Никој и не бара да биде поинаку. Никој од либералите не бара отстапка од овие правила.

    Мислам дека психологијата не ти е баш најсилна страна и аргументативно треба да се задржиш на браншата на која припаѓаш. :)
    Прво, не го разбираш зборот последица, зошто сакање постари мажи (геронтофилија) според психологијата не претставува болест која треба да се третира, туку лична преференца и феноменолошка состојба, која again - не мора да биде третирана. Психологијата не е ниту егзактна, ама тоа е друг муабет, а и имам веќе пишувано за нејзината релевантност низ форумов, па така да нема да се повторувам.

    ..Наспроти оваа твоја теза, постојат многу девојки и момци кои растеле во релативно мирна семејна атмосфера, но тоа сепак не ги спречило подоцна да се трансформираат во не толку добри луѓе. Па, се поставува прашањето како овде држи вода тезата дека се неопходни биолошките или хетеро старателите во развојот?

    Што се однесува до улогата на таткото или мајката од психолошка гледна точка, треба да знаеш дека современата психологија ги зима и околностите во предвид. Односно, се обидува да направи увид во тоа колку оние кои го зачнале детето се всушност подготвени да одговорат на предизвикот за родителство.
    ..Која е ползата ако на пример био. родителите се убијци, наркомани или едноставно неодговорни луѓе кои одлучиле да имаат дете само затоа што општеството и биолошкиот часовник одредиле дека треба така? Живееме во време во кое имаме избор, не во middle age for fuck's sake. Се менуваат работите, а тоа никако не значи дека нужно одат во негативна насока. Само значи дека динамиката остава простор за индивидуализам во однос на некои сегменти.


    Хомофобијата доаѓа во многу облици и форми, и е најчесто прикриена или индиректно посочувана. Секое негодување на lgbt правата кои првенствено ги конципираат граѓанските слободи во нивниот најтесен облик, се еднакви на страв од непознатото, осудување и фобија. Омразата несекогаш мора да биде манифестирана со физичко, туку и вербално насилство. Она што вие го правите, (кога зборовите ги увивате во роденденски кутии и памфлети) апсолутно се граничи со обрасци на нетолерантност и осуда.

    Меѓудругото, во твоите цитати нема почит кон хомосексуалната раја, туку арогантен тон и негодување. Да се обидеше да рационализираш така што ќе напишеше макар една добра работа за нив наспроти десетте илјади кои ги наведе можеби ќе речев дека имаш критички осврт кон целокупната проблематика, вака и не баш.
     
    Последна измена: 19 септември 2018
    На Ketchup, KateKane, Lella и 8 други им се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Во Македонија ЛГБТ лицата ги уживаат истите права како и останатите жители. На ЛГБТ лицата не им е ускратено ниту едно законско право што хетеросексуалците го имаат, а тие не. Како што хетеросексуалците можат да си формираат граѓанска заедница - наречена брак, така и хомосексуалците можат да си формираат граѓанска заедница (без разлика како ќе си ја наречат).
    Нема никаква дискриминација во законот на РМ по однос на сексуалноста на граѓаните. Даноците се исти, имотниот законик е ист, кривичниот законик е ист, правото на здравство, пензија, боледување итн. сите закони подеднакво исто важат за ЛГБТ лицата како и за хетеросексуалците.

    Така што кога ЛГБТ лобито организира парада со каузата „се бориме за нашите права“ или „се бориме за рамноправност“, тоа е всушност манипулација на неинформираните кои се наведуваат да поверуваат дека на нив навистина им се уксратени некакви права, што не е вистина.

    Лани на Тајмсквер во Њујорк, две лезбејки стоеа на тие популарните скали каде што се собира многу народ и се лапаа и триеа ама онака мрсно. Луѓе од страна ги гледаа чудејќи се до каде ќе одат. Се лапаа повеќе од пола саат. Пола саат мастика да џвакаш ќе ти се умори устата, а не па да се лапаш непрестано пола саат. Нејсе, на сите им беше јасно дека зад тој егзибиционизам не стојат страсти и дека не се таму за да водат љубов, туку дека се таму за да пренесат порака. Пораката беше: Ова што го правиме не е гадно, иако сега ви изгледа гадно, ама полека полека ќе легнете на брашно и нема да ви биде гадно, туку ќе се навикнете на оваа глетка.
    Ваквото проповедање на „ЛГБТ нормалноста“, можам да го разберам. Нивно право и нивен начин да пропагирање на своите вредности, се додека во земјата е дозволено лапање и драпање у јавност за сите граѓани. На мене останува дали ќе ги гледам, дали ќе ми изгледа тоа убаво или ќе се гадам до тоа. Сепак повеќе го почитувам ова, отколку манипулирање со јавноста дека тие бараат некакви права што наводно ги немаат.
     
    На orevokrsacka и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  6. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Порно гледаш?
     
    На WildMk и Lolo5 им се допаѓа ова.
  7. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Абе нас државава ни цвета, саглам болница, пат, шахти и школи немаме, па до ЛГБТ права и паради стигнавме...за 20 30 години ова може ќе се дискутира, ако би постоеле услови, а менталитетот на овие простори е башка работа што тешко се искоренува.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    А зошто едното го исклучува другото ?
     
    На WildMk и Someonespecial им се допаѓа ова.
  9. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    Парада на содома и гомора.
     
    На baba Rada, Роберт 7, carangigia и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Било која влада оди на повеќе популистички мерки (или глумат дека одат, ама ај во контекст на муабетот) за да привлечат што повеќе гласачи и со тоа повеќе да се задржат, а посебно на овие простори што до вчера пеплосани и разурнати од војни беа, мислиш дека просечен македонец ќе се пали на ветувања за поголеми плати или за ЛГБТ права?
    Мислам вака на форум ние може да си дискутираме бајковито што треба и што не (не дека јас не ја сфаќам таа кауза) ама во реалноста ниеден политичар тоа нема да си го дозволи баш ради тоа кај што сме.
    Не за џабе само развиени држави го имаат уредено ова прашање.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Криминализирано е:

    Говор на омраза е термин кој означува говор чија намера е да деградира, вознемири, или предизвика насилство или активности врз основа на предрасуди против лица или групи луѓе врз основа на нивната раса, род, возраст, етничка припадност, националност, религија, сексуална ориентација, родов идентитет, хендикеп, јазична способност, морални или политички ставови, социоекономска класа, занимање или изглед (како висина, тежина и боја на коса), ментален капацитет и било која друга особина. Терминот се однесува и на пишана и на усна комуникација, како и некои форми на однесување на јавно место.

    И за религија... ти текнува.. религија...


    Биди геј еден ден.. онака, како социјален експеримент... изјави наоколу дека си геј, па ќе видиш дали и колку има дискриминација, напади и исмевање.

    Зошто се парадира?? Хмммм... зошто и денес се парадира, после еден век, за борбата за правото на глас на жените??? Зошто сеуште се парадира за рамноправноста на жената во глобалното општество??? 8ми март.. и тие работи.. ти текнува?

    Што мислиш ти? Борбата заврши пред 100 години, умре која умре, фала-пријатно, се' е завршено?

    Гласаме, друго што го тркалаш.. Иако во 50тите имаше прирачници за: пристојна жена и домаќинка... за како градникот 'ги ослободува' жените... И какви уште не глупости.
    Види.. и денес мнозинството жени во светот, живеат како пред 100 години, а половина од рестото (ако не и повеќе) како пред 60..

    Е сега... смени го жени со ЛГБТ, пренеси го 80 години поназад во борбата... и да видиме до каде сме..

    Јас ќе ти кажам: ДО НИКАДЕ!

    Не бе.. не се пренесва се' во пост на форум.. Не се пренесва ни во 1000 поста на форум!
    Ова се учи! Со месеци, години!
    Цивилизирано општество демек... а уште се дебатира за: рамноправност.
    Да ти се плукнам во 'цивилизацијата'.
     
    На Lella и Lolo5 им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Фала за цитатов. Ете гледате дека ЛГБТИ лицата не се изоставени во законот на РМ дури ни по основ на говор на омраза? Затоа ви велам, дека имаат еднакви права т.е. тие се рамноправни.
    Е сега у пракса знаеме дека законов многу ретко се применува, ама тој слабо се применува за сите граѓани подеднакво. Така што сите се рамноправни, де јуре и де факто.
     
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Уште да им дадеме да можат да стапуваат во брак.. и тамам ќе биде..
    По закон и по факт.

    Ај сега, доста дискриминираш... Промената почнува од нас
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Пробај да креираш нов домејн со име time.mk ќе ти каже не може, зафатено е тоа име, избери си друго. Дали тоа е дискриминација? Не. Истите правила, истите букви за конструкција и оперирање на домејнот важат и за твојот нов домејн и за веќе постоечиот time.mk. Едноставно бесмислено е сите сајтови да ги именуваш time.mk, бидејќи така ќе настане конфузија на итнернетот. Не е тоа дискриминација.
     
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Пааааа, не....
    Аналогија на ова што ти кажуваш би било ако сакаш да направиш нов сајт и ти рече ооо чекај, не можеш сајт да направиш. Сајт е веќе зафатено од хетеросексуални сајтови. Бирај шо ќе правиш ама не може да е сајт.
     
    На Nigredo Odor, Lolo5, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Паааа, не. Граѓански заедници или граѓански партнерства можеш да регистрираш колку сакаш. Бракот би бил само еден вид на таква граѓанска заедница. femina.mk, time.mk, idividi.mk kagana.com итн. сите овие се сајтови, но со различни имиња, за да нема непотребна конфузија.
     
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Да, така и брак помеѓу двајца е помеѓу двајца и не може тој истиот во уште еден брак. Како што не може исти сајт два пати :D
    Сфаќаш колку глупа ти е споредбата?
     
    На Lella, lovestoneddd и Lolo5 им се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Не ми е глупа. Со законот на РМ не можеш да бидеш во два брака истовремено. Мора од едниот да се разведеш, за да влезеш во друг брак. Исто е и со домејните. Ако time.mk го откаже домејнот, ти ќе можеш да си креираш домејн time.mk. Во спротивно ќе мора да ја уклучиш твојата креативност и да смислиш друго име - што и не е така тешка работа нели?
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Епа чекај, тоа јас го зборам. Значи мојата логика е во ред?
    :D Нели (според твојата споредба) домејнот беше институцијата брак, а не бракот на индивидуата :D
    Нешто се изгуби :rofl:
    Ај, врати се кога ќе си ги средиш мислите :makeup:

    [​IMG]
    Гем, сет и меч :D
     
    На Lella, Nigredo Odor, lovestoneddd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Не, тоа јас го зборев, а ти се надоврза небаре со твоите реторички акробации ќе ме збуниш :)
    Значи веб сајт е генерален поим и дозволува повеќе различни домејни.
    На ист начин поимот „граѓанска заедница“ е општ поим и дозволува повеќе такви:
    маж-жена = брак (веќе дефинирано во законот на РМ)
    жена-жена = уште немаат смислено име
    маж-маж = уште немаат смислено име
    маж-жена-маж = уште немаат смислено име
    Итн.

    Абе ти фали уште да си го лајкнеш сама коментарот, пошто другарките од ЛГБТ ти заспале :D
    Добра ноќ и од мене :* ево ти рука, ти победи и најјака си :handshake:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.