1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Паради на гордоста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LGBT, 3 август 2012.

?

Дали поддржувате одржување на паради на гордоста?

  1. Да

    113 глас(а)
    41,7%
  2. Не

    104 глас(а)
    38,4%
  3. Не ме интересира

    54 глас(а)
    19,9%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Брак

    Еве ти го со задебелени. Среќен?
     
    На theowndemon, Lella, KateKane и 5 други им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Пу, пу, со другар му да се фати па да кажуваат дека педер е. Се слушаш ли што збориш?
     
    На Ketchup, theowndemon, Lella и 8 други им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Нема тука дискриминација. Зборот „брак“ е веќе дефиниран во законот на РМ како заедница помеѓу еден маж и една жена. Хомосексуалците правно МОЖАТ да си регистрираат свои граѓански заедници што ќе ги уживаат истите права како и хетеросексуалната заедница (брак), но под различно име.

    Македонската азбука има 31 буква и од неа можат да се состават:
    31*31*31*31 = 923,521 зборови со 4 букви
    28 милиони зборови со 5 букви
    887 милиони зборови со 6 букви
    27 милијарди зборови со 7 букви
    Итн.

    Значи хомосексуалците имаат преголем избор на имиња со кои можат да си ја именуваат нивната граѓанска заедница. Зошто би инсистирале да се именуваат исто како и хетеросексуалната заедница? :^)
    Можам јас да отворам телевизија и да ја именувам како онаа на Боки 13ка (tv.mk) ? Не можам. Ќе ми речат извини тоа име е зафатено, ама можеш да си ја именуваш било како поинаку. Дали врз мене е извршена дискриминација? Се разбира дека не.
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos престани бе жити бога, па нели гледаш дека тие се контрашки, не дека ги сакаат педерите или ги обожуваат парадите..едноставно сакаат да им одат контра на тие што не им се миленичиња на форумов.....

    Кога јас би била некоја ѕверка во државава, никогаш нема да дозволам било какви права луѓето да си ги бараат со смешни неморални и срамни парадирања по улици.
     
    На buba4e89 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Пак да се вратам дека вчера ти докажав дека паралелата не ти ја бива? Т.е. сам си потврди. Никој не ти брани да отвориш телевизија. Тоа би било еквивалент на забраната на брак. Нормално дека не можеш да отвориш телевизија со име кое постои, исто како што не можеш да стапиш во брак со човек кој е веќе во брак.
    Меморија бетер од златна рипка имаш. Не спиеше? Не ти се претворило краткотрајното помтење во долготрајно :D
     
    На theowndemon и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Оти така велиш бе?
    Имам пријатели кои се хомо и би... јас сум би. Не е муабетот дали ги 'сакаш', туку да ги почитуваш.
    Луѓе сме сите да му се сневиди.

    И ако си на власт и забрануваш паради за било какви права, тогаш, претпоставувам и маршот за 8ми март ќе го забраниш? А таман почнаа мал број да маршираат.

    И јас не сум за голотија, искрено.. и не мислам дека такво нешто во Македонија ќе видиме некогаш. Ама луѓе во костими (дека парда), да маршираат и има музика.. не ми пречи воопшто. И јас би се приклучила со маж ми и ќерка ми.
     
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    На некој ќе му се гади, на некој ќе му изгледа ок. Ствар на вкус е. Не можеш со закон да им ги смениш чувствата и вкусовите на луѓето. Не можеш со закон да ги натераш граѓаните да уживаат да го гледаат тоа што не им е убаво како убаво, ниту пак можеш да им забраниш да не го тргнат погледот од двајца мажи што се лапаат, или држат за рака. Законот може само да ги заштити некој да не крене рака врз нив. Не може законот да ти нареди: „Оваа слика мора да ти биде убава и мора со раширени зеници да ја гледаш!!“
    Оставете ги луѓето слободно да живеат. Што сакаат нека сакаат, а од што сакаат нека се гадат.

    Ете така. Затоа ќе си смислиш ново име за твојата телевизија и секако дека нема да бидеш дискриминирана затоа што истите закони за медиуми ќе важат и за твојата телевиција како и за сите телевизии. Затоа велам дека и хомосексуалците можат да си регистрираат граѓански заедници, ама не можат да ги именуваат како веќе регистрираната хетеросексуална заедница со име „брак“.

    И ова не е така само за граѓанските заедници. Ти не можеш да направиш ни верска заедница и да ја именуваш МПЦ или ИВЗ. Од комисијата за верски заедници ќе ти речат „сори, тоа име е зафатено, мора друго име да си смислите“.
    - Ама не ние сме малку тупи у тоа креативноста и затоа сакаме копи-пејст
    - Сори, не може.
    - Дискриминација! Дискриминација! Немаме права! Ајмо на парада! :drunk:(mooning):D
     
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.003
    Допаѓања:
    48.815
    Пол:
    Женски
    А уствари зашо се замарате?Лично некој хомо или би ви наштетил?Ако ви наштетил не ги ставајте во ист кош сите.Барем на ЛГБТ парадите експонираат љубов а не насилство.
    Тие си ги бараат прватата не бараат сите да бидеме хомо или би.
    И џабе мешате верата вака верата онака сите да бевме толку чисти верници ќе ставевме прст на чело и немаше никого за ништо да омаловажуваме/навредуваме.
    Пред Бога сме исти сите нели?Било да е криминалец, убица, би или хомо.Не се вадете на Господ и религијата само поради тоа што ви пречат луѓето со ваква сексуалност.Зборите како сме 21ви век технологија ова она а ширите анти-ЛГБТ пропаганди овде.Аман
     
    На WildMk и buba4e89 им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Ти изгледа вчера пијан си бил кога и самиот се согласи дека ти е изместена паралелата за еден степен :drunk::drunk::drunk:
    Пак ќе си кажам. Никој не ти брани да регистрираш телевизија, ни домејн, ни верска заедница(како што бранат да стапиш во брак). Ти бранат да регистрираш со постоечко име, како што ти бранат да стапиш во брак со некој кој е во постоечки брак.
    Логички операции се учеа на електро, оти така не ти иде логиката?
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Кој тоа ги навредува или омаловажува?
    Кој тоа шири анти-ЛГБТ пропаганда?
    Кој тоа вели дека пред Бога не сме сите исти?

    Кое тоа право го немаат хомосексуалците па го бараат? Правото на граѓански заедници го и имаат, само не е дозволено таа граѓанска заедница да ја именуваат со хетеросексуалната заедница „брак“, исто како што и мене не ми е дозволено да отворам телевизија со веќе постоечно име (Сител, Телма, Канал 5), или исто како што не би можел да отворам веб сајт со име femina.mk итн. Тука нема никаква дискриминација.
    Дискриминација би било доколку на хомосексуалците им е забрането да формираат граѓански заедници, доколку не им следува пензија, социјално, здравство, доколку има поголеми даноци за нив, доколку не им следува слободно образование, слободен градски превоз на средношколците. Но тие ги уживаат СИТЕ ПРАВА како и останатите граѓани во Македонија. Така што немој те молам и ти да паѓаш на таа финта „си ги бараат правата“.
     
  11. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Било дискриминирано според изглед, вера, етничка и расна припадност. Добро утро Колумбо, ние додека ти не нѐ просветли немавме поим дека и овие луѓе имаат проблем при општествено вклопување.
    Темата е парада, сфативме дека имаш недостаток на аргументи и експликации, у реду е. |(
     
    На Ketchup, ane.bella, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Доста бе! Доста верглаш со истиот муабет!
    Ние Анте, ти Анте-ку*але!

    Се повторуваме на 15 страници исто - па исто.
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.003
    Допаѓања:
    48.815
    Пол:
    Женски
    Значи не зборев за тебе ама ако си се пронашол не е моја кривица, јас немам против тие луѓе замисли а христијанка сум оу ем џи.
    И да ги вреѓате.И да не им е дозволено да стапат во брак зато бегаат по Малта и Америки бидејќи нема живот овде.Тоа што знаеме е устата наа толкава да ја отвориме како аждаји некои.Ако ги уживаат сите права зашто да нема парада у сред Скопје?Можете да се буните против Грујо и Заев, може да шкртате споменици, можете да кампувате пред Влада ама они не можат да имаат парада?Алоо свестете се дека сами од себе правите парада и тоа мноогу лоша.
    Тие луѓе се луѓе за мене бар не му штетат никому
     
    На theowndemon, Someonespecial и WildMk им се допаѓа ова.
  14. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    59.814
    Пол:
    Женски
    Исто кога девојка ќе се дотера во прејак фустан и во прејака штикла и се шета сама по улица навечер. Па после силувања имало|( па ќе ги силуваат кога провоцираат, што се облекле така.

    Или зела му се спротиставила дома на маж, на алфата, на стопанот, го испровоцирала, како тоа бара да и помогне он? Па после оти тепана, па да се знае кој е маж во куќа бре.

    Ти вриштат компарацииве. Секако дека има други зла во светов, никој не вика дека лгбт се единствени жртви. Ама тоа не значи дека нивниот проблем е помалце сигнификантен. Исто така не се криви што има и други неправди. Ама исто како и тие што се жртви, дали на булинг, тепања и малтретирања, така се и лгбт луѓето. И сите заслужуваат подобро. Интересно е како можеш да разбереш за секоја група малтретирани луѓе освен за нив. Па еве има и други жртви не го прави нивниот бол помал. Еквивалент на муабетот од некни, со велење ама сите се депресивни енд лајф сакс не му помагаш на депресивен човек.
     
    На WildMk, Ketchup, Harper и 6 други им се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Твоите компарации со моите немаат врска. Жал ми е што не си ги разбрала или не си сакала да ја разбереш поентата.

    Во никој случај па не е ни повеќе сигнификантен. Па оттука зошто они да бидат привилегирани со повеќе законски права од останатите жртви на насилство, булинг, исмејавање, навреди итн? Рамноправност значи сите да имаат еднакви (рамни) права. Оттаму и зборот „рамно-правност“. Ако сите останати граѓани кои исто така подлежат на секаков вид насилство, исмејување, навреди уживаат да речеме 326 права во државава, тогаш и ЛГБТ лицата треба да уживаат 326 права. Зошто тие би биле привилегирани со 381 права? Тоа не е рамно-правност, бидејќи 381 > 326.
    *Знакот > е знак за поголемо во математиката.

    Не е точно. Ајде цитирај ме и подвлечи ми ја реченицата од каде го вадиш овој заклучок дека не ги разбирам нив? Никаде не ги релативизирам ниту негирам нивните проблеми, само по 6-ти пати кажувам дека сите граѓани на РМ имаат исти права и одговорности пред државата и хомосексуалците не се исклучени тука за да бараат некакви посебни права (кои другите жители ги немаат).
     
  16. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    39.439
    Би, би биии?)))) Готова си сега, на ломача со тебе Вајлдке:doh::devil:
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    Баш така. Насилство е насилство, напаѓачите во секој случај се насилници, а нападнатите жртви. Не би оправдала тепачи дури и порно во живо да изведуваат овие од парадата.
    Ако поединци ги преминуваат границите со голотија и вулгарност, тука е полиција да реагира соодветно според закони, а не вжештени хомофобични глави.
    Ама во пракса на ваквите и не им треба некоја екстремност за да реагираат насилно. На парада во Солун годинава или лани имаше вест дека четворица турнале во море двајца најнормални учесници.
     
    На WildMk, Ketchup, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  18. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    59.814
    Пол:
    Женски
    Јас твоето го сфатив како "кој си го бара ќе си го добие". Се ежам кога ќе приметам таков феномен, затоа што никој не треба да си зема правда во свои раце, никој човек не "си бара" да е некако повреден. Ако земе некој да провоцира, треба да си има соодветна институција каде ќе биде казнат за нарушување на јавен ред и мир. Ниту ти, ниту јас не треба да делиме правда.

    Ама кој ти бара привилегија тебе? Рамноправност ≠ привилегираност. Ти цело време викаш дека не треба да бидат привилегирани, мислам дека не сфаќаш што ти алудираме цело време. Рамноправност нема по тема на брак, делење на имот, законско наследување на се што се стекнало со партнерот во случај на најлошото. Дискриминација има при барање на работно место (слободно нека се направи тест каде openly gay person оди да бара работа во фирма, да видиме како ќе се понашаат Македонскиве газди), па и за пружање на здравствена помош (нажалост не се само оваа група на луѓе, го има и по социјален статус и по тоа кој курац фактор е во општеството).


    Со ова автоматски прифаќаш дека имаат проблеми. Решение би било да се обрне внимание на СИТЕ обесправени групи, нешто за кое фактички треба сите да се залагаме, а не да се фаворизира или деградира одредена група. Ме сфаќаш што ти викам? И пак ќе те прашам, кои се тие посебни права што ги бараат лгбт луѓето? Пошто цело време спомнуваш дека бараат ПОСЕБНИ права, кои се тие права?
     
    На WildMk, lovestoneddd, Tan4ence и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Страв ви е да се согласите дека за многу работи муабетот на Евангелос држи логика, од страв дека некој ќе помисли дека скриени хомофоби сте, па затоа и не дискутирате како треба. Логично, затоа што и сами ставате етикети -хомофоб за секој што ќе стави нешто под прашалник за хомосексуалците. Може да го заборавите законот што вели за бракот и да се осврнете на побитни (за почеток во Мк) проблеми со кои се соочуваат тие, оти мање битно дали бил брак или мрак кога луѓе уште не излегуваат во јавност со својата сексуална определба. Дури стигнат до брак и деца посвојување уште многу треба да се стори. Може еден пример или два ќе има колку да се претстави дека еве, тргнати сме, решен проблем, а уствари ќе биде за сензација или потплатено од организации а проблемот во основа уште ќе стои.
    Кажете реални примери, имате колега геј кој трпи тортура на работа чисто заради сексуалната определба? Имате син или близок роднина кој е тепан на школо или избркан од дома, пријател кој живее со партнерот па му кршат прозори со камења редовно? Ако да, имаат право да излегуваат на протести, паради, на тв, да зборат за менталитетот на луѓето, подигање на свест и дискриминации. Нека излезат сите што ги наброја Евангелос, и оние исмејувани на училиште заради разни причини, и оние чија вера не се почитува од околината, оние со ментални и физички недостатоци...сите. Нека не ве фаќа на финти -закон, речете ете дека законот (освен бракот) е ок сега засега и немате проблем со него. Признајте му го тоа.
    Свртете се на останатите проблеми со кои се соочуваат и ако ви каже дека тоа се проблеми со кои се соочуваат разни луѓе без оглед на тоа дали се геј или стрејт, кажете му дека вие би излегле на паради за сите нив.
     
    На joy1, Cosmi, baba Rada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Знаете кога во Америка пред 1967 бракот подразбирал унија меѓу маж и жена од иста раса?

    Гарант се наоѓал некој расист што викал ако сакаат овие мешани парови да го имитираат бракот, слободно, ама нека не го викаат брак, нека го викаат, што знам расак. Или евентуално пфктќшк.

    Нека биде нивната заедница иста како бракот законски, ама нели не може брак да се вика, бидејќи во него учествуваат луѓе од различна раса. Кај се видело тоа? Очигледно е различно. Едното (бел маж бела жена) е кока кола, другото (црн маж бела жена) е вода и шеќер. Различни се како apples and oranges. Што не е јасно?

    @Bridget Да, баш така, Евангелос го проби кодот на гејоста, па еве ние не знаеме што да кажеме. Еве реален пример: сè додека другар ми чувствува потреба да разгледа наоколу и да се осигура дека не го слуша никој кога збори за симпатии, џабе е уште 16 вакви ко Евангелос да појават и да нè убедуваат дека гејовите изигравале жртви и сакале привилегии.

    Не, не е законот океј сега засега, бидејќи не е еднакво непрактичен за сите, како што сака тој да потенцира. Не треба equality, треба equity.
     
    На WildMk, Ketchup, KateKane и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.