1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Паради на гордоста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LGBT, 3 август 2012.

?

Дали поддржувате одржување на паради на гордоста?

  1. Да

    113 глас(а)
    41,7%
  2. Не

    104 глас(а)
    38,4%
  3. Не ме интересира

    54 глас(а)
    19,9%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Можеби постојат истражувања, ама валидноста на истите треба да биде 100% докажана, за да стане факт. Чим некој спори, значи има поинакви резултати од други истражувања. Така оди тоа во научната заедница.

    Не мора да има никаков 'циркус' на парада на гордоста. Може да биде и обичен марш, да заврши со бина со музика и забава, да има говори, предавања и трибини... што всушност веќе се случува (мали собири, предавања и трибини), за време на геј-викенд или геј-недела. Сум била 2-3 пати. Едниот настан беше надвор, во парк.. сите си седеа на трева, пристојно облечени и си разговараа за теми поврзани со правата на ЛГБТ заедницата и се дружеа.

    Иначе. Има нели и марш на сексуалните работнички последниве години во Скопје.Во нив секогаш има 2-3-4 девојки кои се по долна облека, па никој до сега не се побуни. Последно имаше 'инсталација' како во ред лајт дистрикт во Амстердам... и тогаш не се бунеше никој.. напротив, одеа да 'ѕирнат' многумина :)
     
    На CameliaMiller и Someonespecial им се допаѓа ова.
  2. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Факт е дека целиот свет(освен мал број) сеуште не ја прифаќа хомосексуалноста. Можеби ќе ја прифати еден ден па никој нема да се крие и да се плаши да каже дека е хомо. Бидејќи сигурно не сите хомосексуалци се изјаснуваат јавно како такви. Хетерото е одсекогаш прифатено и постојано и побројно, ако сама не ми кажеш дека си хомо јас ќе мислам дека си хетеро.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.418
    Чим во некои држави е дозволен бракот и посвојувањето на деца, значи дека се направени истражувања и дојдено е до заклучок дека нема ништо ненормално или неприродно во хомосексуалноста. Не е тоа така, искочиле на парада, па ајде ќе им дадеме брак и деца.
     
    На CameliaMiller, Lolo5, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Тоа е она што кажува дека се опресирани.
    Ако ние не се плашиме да ги обзнаниме јавно нашите љубовни врски, а тие ги кријат... се' е речено.
     
    На CameliaMiller и worrieddd им се допаѓа ова.
  5. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Па сигурно би било исто и во обратна ситуација. Сигурно хомосексуалците ако се побројни и поприфатени од хетерото не би не прифатиле туку така. Тоа е.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Секако.. И во таква ситуација, би ги поддржувала хетеросексуалците да се изборат за рамноправност.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    @worrieddd, хомосексуалноста е официјално тргната од листата на ментални нарушувања од страна на СЗО пред цели 28 години :) И значаен дел од таа нивна борба против хомофобијата на која се горди (а не на сексот како што многумина мислат), е укинувањето на ужасните конверзиони терапии како за лечење на ментална болест, во повеќето цивилизирани земји.
     
    Последна измена: 21 септември 2018
    На CameliaMiller, Lolo5, WildMk и 8 други им се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.689
    Допаѓања:
    10.120
    Пол:
    Машки
    Секое дете во својот развој има потреба од татко и мајка, од психолошки здрави и созреани родители кои ќе го/ја љубат и ќе се грижат за него/неа.
    Еве на пример, ќерките кои растат без татко, често пати знаат да ја бараат татковската фигура во дечковците. Затоа и најчесто се заљубуваат во постари мажи во кои ја бараат татковската сигурност, татковската прегратка, татковските зборови на охрабрување, татковските комплименти кои ќе ја зајакнат нивната самодоверба и ќе им дадат до знаење дека се вредни, убави, значајни, сакани. Така најдобро се развиваат девојчињата на пример. Девојката може да расте и со жив татко, ама ако таткото не се грижи за неа, не поминува време со неа, виси по кафани или кладилници, последиците ќе бидат како да нема татко.

    Слично и за децата што растат без мајка. Ако растат со "двајца татковски", колку сакате рационализирајте, мажот никогаш не може да биде нивна мајка.

    Не дека децата не можат да растат без еден родител или без два родители, ама овде зборам како е најдобро за нивен правилен развој.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Кој си па ти да знаеш што е најдобро ?
    За кој *** си придаваш себеси толкава важност ?
     
    На CameliaMiller, Independent Girl, DAngel и 5 други им се допаѓа ова.
  10. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Ок :)
     
  11. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    3.601
    Пол:
    Женски
    Значи не сум имала јас daddy issues , како што ми кажа некој погоре, ако тоа го подразбира ова што си го напишал. Напротив сум имала дечковци кои се моја генерација или помлади и секогаш мислев(и сеуште мислам)дека е така поради тоа што сум израсната само со мајка , научена да се грижам сама за себе , да имам некоја женска (мајчинска љубов) која ме тера да се грижам и за партнерот. Друго ако човек сам не си се сака и не си кажува сам на себе колку е важен, значаен, убав ... џабе другите ко ќе му кажуваат. Тоа е мое мислење. Каков психолошки профил сум јас Евангелос пошто гледам сета ја разбираш? :)
     
    Последна измена: 21 септември 2018
    На DAngel и Lella им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Идеално би било.. требаше да речеш: Идеално би било.
    Реалноста е сосема поинаква.
    Ако ги земеш сите параметри и влијанија на семејството врз децата... од 2 милиони во Мк, 1,5 милион ќе испаднеме 'неправилно израстени'.

    Ај сега разлаз.
     
    На CameliaMiller и Lolo5 им се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.003
    Допаѓања:
    48.815
    Пол:
    Женски
    Е брат мислењето ти е за ОВДЕ.
    Првин со тоа што одржуваат паради не ни штетат на нас што сме хетеро.Второ тоа е нормално веќе во целиот свет.Зашто да не се покажат јавно кои се и што се?Ние можеме јавно да се лапаме и да се држиме за рака со спротивниот пол они не можат?Имам еднаш пишано и пак ќе пишам, они шират ЉУБОВ на тие паради не шират насилство.
    Стрејт гордост има секој ден со тоа што се лапате и драпате на јавни места, ние хетеросексуалците сме во МНООООГУ поголем број од хомосек.Така што тоа го експонираме секој ден.
    Нека си направат жолта или црнечка парада никој не им брани.Ама ФАКТ е дека црнците и жолтите се повеќе прифатени него тие што се хомо,бидејќи во светот уште има луѓе со ЗАКРЦАНИ мислења како ТВОИТЕ.Може дрска ќе ви личам на другиве што ќе читате ама баш ми е гајле.
    Доста више со предрасуди, со секоја земја има хомосексуалци, да ги истребиме ако не?
    Не гледаш дека во земјава секој ден има покољ, оскревнување на свети храмови, убивање невини суштества, силување на мали деца ти за хомосексуалците си се фатил..Пази во продавница да не ти падне нешто па да станеш обратен е**го беља.
    Хомофоб еден..
     
    На CameliaMiller и WildMk им се допаѓа ова.
  14. Bianconerosempre

    Bianconerosempre Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Машки
    Штo имa лoшo вo мoетo мислење декa пaрaдите се глупoст... Вo штo oд нaпишaнoтo не се слoжувaш, имa или немa двoјни стaндaрди, и кoјa е пoтребaтa oд лaпaње нa улицa и кaј стрејт, јaс би гo прaвел тoa мoжеби aкo сме нaсaмo, тoa е личнo вoспитувaње, дaли држaвaтa ги пoпречувa дa бидaт штo сaкaaт не, прикaжувaње декa ние сме зaoстaнaти и ги нaпaѓaме јaс нигде не сум гo видел тoa.
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Ти ги попречуваш, а државата не казнува по законите кои ги има за украс.
     
    На CameliaMiller и Feminka22 им се допаѓа ова.
  16. Bianconerosempre

    Bianconerosempre Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Машки
    Сo штo ги пoпречувaм ?
     
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Со тоа што ти се одбивни, поради еден и единствен факт.. дека се хомосексуалци.

    п.с. во хомосексуалците има и жени.
    Дркаш на лезбејки?
     
    На Lolo5 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  18. Bianconerosempre

    Bianconerosempre Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Машки
    Вooпштo не ми се oдбивни мене, креирaш зaкличoци зa мене вo глaвaтa.
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Епа зошто ти сметаат парадите тогаш?
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.003
    Допаѓања:
    48.815
    Пол:
    Женски
    Е ради таквите ко тебе се самоубиваат млади и се селат од државава.
    Ај оди земи си ја дрогата почнуваш да халуцинираш од апстиненција.
    @WildMk не му враќај веќе ТЕ МОЛАМ.Се воздржувам многу..
     
    На CameliaMiller, Lolo5 и WildMk им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.