Паради на гордоста

Discussion in 'Општи дискусии' started by LGBT, Aug 3, 2012.

?

Дали поддржувате одржување на паради на гордоста?

  1. Да

    113 vote(s)
    41.7%
  2. Не

    104 vote(s)
    38.4%
  3. Не ме интересира

    54 vote(s)
    19.9%
Thread Status:
Not open for further replies.
  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Joined:
    Jul 13, 2017
    Messages:
    18,279
    Likes Received:
    226,782
    Gender:
    Female
    Не знам дали си приметила но грото хомосексуалци патат од комплекс на нижа вредност па сакаат на било каков начин да се истакнат. Тоа е во прашање. Мене ми е смешно.
     
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Joined:
    Dec 29, 2013
    Messages:
    9,703
    Likes Received:
    134,973
    Замислувам како ли би изгледало. Сите "купуваат карти" да фатат први редови во публика за парадава за да се види кој е геј и да се фаќа сеир :D Оние што ќе парадираат ќе се без самодоверба туку напола усрамени, и наместо бодрење од страна ќе имаш тетки ко на свадба кои седат на страна, гледаат под око и оговараат. Или тогаш за тогаш ќе има бодрење ама заврши ли парадава и имаш муабети по дома -абе виде кој е геј? Лелееее....:D
    Се си мислам дека наместо парада на гордоста ќе е парада на срамот.
     
    Nigredo Odor, Ketchup and crimson like this.
  3. petar.mk

    petar.mk Истакнат член

    Joined:
    Jan 14, 2016
    Messages:
    21
    Likes Received:
    32
    Gender:
    Male
    Очигледно не ги разбираш работите и проблемите со кои се соочуваат ЛГБТ доколку каузата ја изедначуваш со секс. Се работи за елементарна почит на правата кои ги немаат во хетеронормативното општество.
     
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Joined:
    Jul 16, 2015
    Messages:
    5,676
    Likes Received:
    14,201
    Gender:
    Female
    Тоа така во Србија може доаѓа, овде потешко. Утре да известат дека во Македонија се легализираат геј-браковите, ниту еден „хомофоб“ со прст нема да мрдне против одлуката.
     
    Last edited: Feb 15, 2018
    CrazyGirl15 likes this.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    11,757
    Likes Received:
    141,717
    Немаш право да имаш секс со кој сакаш?! Кој ти дошол у кревет да ти рече не тоа дупче?!
     
    Abeja and DzingrlakaDzikica like this.
  6. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Joined:
    Jun 30, 2011
    Messages:
    4,905
    Likes Received:
    25,570
    Gender:
    Female
    I ti si vo pravo donekade .
     
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Joined:
    Nov 17, 2012
    Messages:
    13,119
    Likes Received:
    163,768
    Gender:
    Female
    „Гордоста“ не им е за сексот со пол од кој се привлечени, туку поради борбата против хомофобијата. Да ја немало хомофобијата (и да ја нема сѐ уште – од основно непочитување па сѐ до една таква трагедија како терористичкиот акт во Орландо во не толку далечната 2016) – нема да имало потреба ниту од било какви организации за правата на луѓе со некаква сексуална ориентација, како што нема потреба и нема за нас хетеросексуалците.

    Anyway, и јас како голем хејтер на хомофобијата – сепак сметам дека парадите во голема мера се контрапродуктивни, посебно во поконзервативни држави и општества како балканските. Затоа што поради нив како појава, за сите луѓе со различна сексуална ориентација се создава слика на потреба од публицитет, потоа целата таа заедница се поистоветува со по некој екстремен акт на егзибиционизам којшто новинари сензационалисти ќе го издвојат најинтензивно од целите тие паради... и најнакрај еве и ова со апла финансирање од влада, ако е точно – предизвикува уште повеќе гнев кај конзервативни луѓе кон сите припадници на таа заедница. Велам ако е точно, бидејќи не верувам баш на изворите од кои читнувам за ова :)

    Секако тука е и насилството кое би можело да се случи (и се случувало и ескалирало во други земји). Не би рекла баш дека сме подобри од Србите во овој аспект. Кога можеше толпа со иста идеологија и омраза и кон вакви ствари да влезе и направи хаос во Собрание, што останува па за потенцијални инциденти по улици на потенцијална геј парада... Јас баш не би ја „потценила“ „моќта“ на наши екстремни конзервативци со вжештени глави во толпа.
     
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Joined:
    May 31, 2010
    Messages:
    13,817
    Likes Received:
    80,667
    Gender:
    Female
    Нежни јуникорнчиња во розеви гаќички, кој сака тоа да го гледа? :tmi:
     
    elimkd, orevokrsacka and SummerGirl like this.
  9. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Joined:
    Jul 23, 2013
    Messages:
    2,472
    Likes Received:
    8,587
    Ако добро се сеќава, последната парада на гордоста кај нас помина скоро неприметено за голема жал на парадистите, кои веројатно очекуваа барем малку мала пажња од јавноста, плукање, пцуење, евентуално и ќотече како во Србија, ама ништо. Никој жив не ги проесапи, па нема како да го свртат вниманието и да докажат на светот дека и во Македонија има уште хомофобија. Ај повеќе среќа идниот пат!
     
    baba Rada and sjdgo like this.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    11,757
    Likes Received:
    141,717
    Кај нас им успеа ред лајт дистрикт да направат до кафич со малолетници, не па владата да даде пари за парадава...
     
  11. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Joined:
    May 17, 2015
    Messages:
    1,146
    Likes Received:
    14,447
    Gender:
    Female
    Не сум против хомосексуалците,ниту против нивно живеење во заедница.Сексуалната ориентацјиа се детерминира преку гените уште во развитокот во матката,во најголем дел од случаите.Ама парада? Сметам дека е претерано.Можеби е ок во Германија или Франција.Ама кај нив менталниот склоп е подруг,полиберално гледаат на тоа.Кај нас менталниот склоп е поинаков.Не гледам негативна конотација во тоа.Премногу либерализам не е добро.Се почести се случаите во ЕУ,каде што геј парови бараат да посвојат деца.Мислам дека тоа не е ок.Од причина што,како ќе се развива тоа дете? Ако е целта наменски да се воспитуваат децата...тогаш немам коментар.Исто е и со парадата на гордоста,каков пример ќе им оставиме на децата? Каква е таа гордост? Ако сме еднакви,нека се организира и парада на хетеро парови.Апсурдно е,во секој случај.Ме напаѓале во многу случаи,од типот на: ама ти им ја ограничуваш слободата,не се однесуваш современо...Напротив,ако основниот начин за опстанок на човекот е однос маж-жена,тогаш тоа треба да е примарно.И во воспитување на децата,и во општественот живот.Се друго како сексуално задоволство,фантазии,фетиши,сексуални ориентации,се убава и интересна работа.Ама од нив не зависи нашиот опстанок,ниту се клучни,за да се трујат децата од најмала возраст.Можеби звучи оф топик,ама децата се исто така дел од општеството,и ова најмногу ќе се рефлектира на нив.Не сакаме негативни последици,нели? Не правам дискриминација,ама никој не може да демантира дека во природата на човекот е однос маж-жена.Добро,има и исклучоци,како хомосексуалците,ама мнозинството не се хомосексуалци,ниту асексуалци.Едноставно,хомосексуалците нека си општат меѓусебно,нека си живеат во заедница...Не би ми сметало ако ги видам низ град,ниту би го сменила односот доколку некој пријател е хомосексуалец.Но,доста е со фаворизирање на хомосексуалноста и со пропагандите по филмови.Не треба да се наметнуваат и да го деструктурираат општеството.Ако сите бидеме хомо,како ќе опстоиме? Во рок од 50 години би не снемало.Претерано е нивното наметнување,и обидите да го прикажат тоа како најправилно.Дискриминација е кон хетеро односот,во западот,веќе и на потсмев се хетеросексуалците.Девијантна појава,нема друго што да се каже.
    П.С.Во Македонија има многу посериозни проблеми на кои треба да се трошат пари,отколку на паради на гордоста.Бездомници,ранливи групи,катастрофални услови по студентски домови,сиромаштија,невработеност,ниски плати,преголем процент на високообразовани...Овие проблеми ги срозуваат луѓето секојдневно,а не регулирањето на хомосексуалните односи.
     
    Jane.Birkin likes this.
  12. Lella

    Lella Форумски идол

    Joined:
    Jan 2, 2013
    Messages:
    5,335
    Likes Received:
    29,194
    Gender:
    Female
    На ист начин како што се развиваат сите други деца. Од кој пол се родителите не влијае на воспитувањето.

    Самата кажа дека хомосексуалноста не се стекнува, туку е вродена работа. Дури и да им наметнуваат сексуална ориентација на децата, тоа нема да има никаков ефект, исто како што хетеронормативноста немала ефект врз сексуалноста на гејовите.

    Парадите не се одржуваат за да им се остави каков било пример на децата. Друга работа, децата имаат многу поголема толеранција отколку возрасните, така што доволно е со две реченици да им се објасни и сè ќе сфатат. Ако не ми веруваш пребарај на јутјуб kids react to gay marriage.
    Трета работа, што ќе помисли некое дете не е проблем на хомосексуалците, туку на родителот што не знае (и не сака) да му објасни. Ист случај е и со доење во јавност, бакнување во филм и останати работи кои родителите сметаат дека не треба да постојат само бидејќи нивното дете може да ги види.

    Гордост против борбата со хомофобијата.

    Може да се организира, секако, ако постои хетерофобија во светот. Само што јас не гледам некој да тврди дека стрејт луѓето се абоминации, биолошки отпадок и не заслужуваат да склучат брак и да имаат деца.

    Сфаќам. Само што ќе се согласиме дека природно не е по дифолт еднакво на добро. Има многу работи кои во текот на еволуцијата се покажале како клучни за опстанок, но не се морално правилни. На пример, силување. Тоа е основниот начин на кој се размножуваат другите животни и се покажува како најефикасен за репродукција. Но ние знаеме дека не е во ред, нели? Исто така во природата има и канибализам, инцест, потоа разни болести како рак, беснило итн. Сите овие работи се природни, а не се ,,добри" и ќе се сложиме дека не треба да им се наметнуваат на децата.
    Додуша, ништо не треба да им се наметнува на децата, секако, освен она што им е потребно за живот (храна, вода, живеалиште, вакцини...).
    Дали ова значи дека хетеросексуалноста е лоша? Не. Тоа е поентата. Природно не е еднакво ниту на добро, ниту на лошо.
    И хомосексуалноста се јавува во животинскиот свет, но не е тоа причината зошто е добра, т.е. зошто не е лоша. :)

    Како што кажав, децата не треба да се трујат со ништо од најмала возраст. Само што ако геј парадите ги сметаме за труење со gayness, тогаш митинзите треба да ги сметаме за труење со политика, турските серии труење со мелодрама, носењето деца на свадби труење со турбофолк итн.
    Не можеме да ги изолираме децата од ништо, а не ни треба да ги изолираме, бидејќи еден ден ќе треба да станат возрасни кои ќе се справуваат со вистинскиот свет.

    Негативни последици од геј парада што може да биде? Само насилство, кое веројатно ќе доаѓа од стрејт луѓе. Ако мислиш на тоа дека детето ќе стане геј ако види виножита по улица, прво, не е возможно (како што ти самата кажа), второ нема ништо лошо во бидувањето геј.

    Во природата на човекот е исто така и силување и насилство и стерилност. Повторно, природно ≠ добро.

    Дали тоа ти кажуваш дека има премногу хомосексуалци во филмовите? :D
    Дури и надвор од mainstream media репрезентативноста на LGBTQ+ е на многу ниско ниво, дури и сега. Да не зборуваме за филмови и серии што одат на телевизија. Смешно е да се каже дека се наметнуваат во телевизијата кога одвај ги има. Не само што е смешно, туку игнорантно. Хетеронормативноста е всадена толку длабоко во медиумите што уште се вртат тие ужасни холивудски вредности од педесеттите. Да почнам сега да вртам на каналите како едно петгодишно дете, што мислиш, на колку гејови ќе налетам?
    Не зборувајте вакви работи напамет, посакувам репрезентативноста да беше толку голема на телевизија колку што кажувате вие, не само за хомосексуалци, туку за сите minorities. Така барем хомосексуалците кои сега се мали деца нема да мислат дека нешто не е во ред со нив и ќе знаат дека има и други такви.

    Apparently, хомосексуалците се причината зошто светов ни е хаос. :D Сериозно, не те сфаќам, на почеток викаш дека хомосексуалноста е вродена работа, а сега имплицираш дека без репродукцијата на хомосексуалците ќе ни пропадне човечкиот род.
    По не знам кој пат, не можеш да станеш хомосексуалец, ниту ни, ниту некој друг. Хомосексуалците постоеле отсекогаш и бројот на населението нема да падне нагло ако им се дозволат браковите. Да те потсетам, деца раѓаат стрејт парови, не хомосексуалци.
    Патем, на човештвото добро би му дошло да се намали бројот на луѓе, бидејќи наскоро сите ќе изумреме од глад. Сепак, ако ти си загрижена за неговиот опстанок, најдобро би било да почнеш уште веднаш да се репродуцираш, а не да чекаш хомосексуалците да го продолжат човечкиот род. :)

    Би рекла дека единствено наметнување вршат хомосексуалците кои велат ,,мојата сексуалност е основната, примарната и сите луѓе треба да ја имаат таа сексуалност, затоа и моето дете ќе го 'воспитувам' на тој начин".
    Само што ова, чудна работа, не го кажува никој хомосексуалец, туку најголемиот дел од хетеросексуалците, вклучувајќи те и тебе.

    На потсмев се хетеросексуалците, да, но само оние што се хомофоби. И треба да бидат.

    Ниту еден од овие проблеми не е работа на хомосексуалците, не знам како успеаја да се најдат во оваа тема.
     
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Joined:
    Jan 6, 2013
    Messages:
    4,859
    Likes Received:
    23,735
    Gender:
    Female
    Дојдов онлајн на форумов после долго време за да најдам нешто во моите поранешни пораки и случајно наминав на оваа тема и... што да кажам. disappointed but not surprised (facepalm)

    Секако сакам да прокоментирам затоа што навистина многу глупости се изначитав и мислам дека е потребно малце светлина на темата.

    Прво, зошто LGBT луѓето организираат парада на гордоста? Затоа што е потребна. Правата на геј луѓето (ке користам геј како umbrella term иако тука спаѓаат сите други букви од LGBT) се загрозени и овој начин е борба против хомофобијата. Начинот на кој тие се прославуваат не треба да биде ама ич ваша работа кога нема никакво насилство ни навредување, туку баш напротив, многу виножита и позитивност.

    Вашето дете нема да стане геј ако види геј особа на улица како се бори за права или пак геј пар во филм. Геј луѓето се израснати во хетеронормативно опшество и 99% од филмовите се со романса меѓу маж и жена, па ако одиме по таа ваша логика, зошто геј луѓето не „станале“ хетеро? Напротив, доколку едно дете види парада на гордост нема да му се случи ништо друго освен што ке прифати да почитува некој поразличен од него.

    Секако дека паради на гордости би ви се чинеле како наметнување на „начин на живот“, но на човек кој е научен на привилегии, еднаквоста му изгледа како опресија. Размислете си малку зошто вие би дискриминирале одредена група на луѓе и би лишеле толку многу луѓе од нивните права.

    Newsflash, доколку кажете дека „секој си има право да си прави што сака меѓу 4 ѕида“, не почитувате никого, вие сте хомофоб. Геј луѓето не се само за меѓу 4 ѕида, и не се нешто што треба да се крие, па не го изнесувајте како такво. Оваа не мислам на љубовни интеракции во јавност, тоа е невкусно и кога стрејт луѓе се превише афективни во јавност, но зборувам за општи работи, како изнесување на сексуалност, претставување на сопствен партнер и сл.

    Геј парадите се дел во поразвиените држави уште од поодамна. И сите вие што велите дека тие држави се спобудалени, сте најголемите хипокрити на интернетов бидејќи вие сте истите кои први ке се пожалат што сме „100 години назад“ и дека треба да бидеме повеќе како западните држави. Ако сакате прогресивност, тоа не треба да значи бирање работи кои ке ве привилигираат само вас, туку сите, вклучувајќи ги луѓето кои го љубат истиот пол.

    Исто така, ако ги прочитате сите овие негативни мислења во темава, може многу добро да се забележи кој на кого наметнува сексуалност, а не обратно.

    Поентата ми беше, се додека една геј особа може да истапи и да се изјасни како геј без нивните права да бидат загрозени (Што значи ова: ако зборуваме за Македонија, дефинитивно или ке сакаат да ја претепаат таа личност, ке ја отфрлат од општеството, ке ја навредуваат, понижуваат и сл., што е прекршување на нејзините права), е до тогаш ке се потребни паради на гордоста.

    Но тоа ме доведува до нешто друго, организирање на парада во Македонија е многу ризично. Навистина може да има жртви, што не значи дека не треба да има паради, но би можело да се реализира доколку соодветни мерки за безбедност се превземени. Жално е што има луѓе што навистина би можеле да ви ја загрозат безбедноста додека сте на улица не правејќи ништо насилно, но тоа е реалноста.

    Also, сите мислења што почнуваат со „Не сум хомофоб, НО...“ се bullshit, бидејќи, да ако морате да кажете такво нешто, вие сте хомофоб. Не може да бирате кој аспект од LGBT ке подржувате, а кој не, затоа што на не можете да ги етикетирате СИТЕ геј луѓе какви се.
     
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Joined:
    Jul 16, 2015
    Messages:
    5,676
    Likes Received:
    14,201
    Gender:
    Female
    Малку е патетично, ми предизвикува исти реакции како запросувањето во јавност.
     
    Abeja and baba Rada like this.
  15. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Joined:
    Jul 26, 2016
    Messages:
    2,593
    Likes Received:
    4,649
    Gender:
    Male
    Средетего здравството, образованието и сиромаштијата во државчево кое не постои повеќе бидејќи поради тоа Македонија е 100 години назад, само така може да дојдете на некое рамниште близу западните земји а не со паради на изопаченоста. Има западни земји кои се 10 пати поразвиени од Македонија и истовемено хомофобијата таму е уште позастапена.
     
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Joined:
    Jan 6, 2013
    Messages:
    4,859
    Likes Received:
    23,735
    Gender:
    Female
    Како што реков, не можеш да бираш по што треба да бидеме (прво) слични со западните земји, не ти држи вода аргументот.
    Единствена развиена држава што ми текнува каде што значително е застапена хомофобијата е Русија, ај просветли ме молим те во која западна земја хомосексуалноста е по табу тема од овде?
     
  17. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Joined:
    Jul 26, 2016
    Messages:
    2,593
    Likes Received:
    4,649
    Gender:
    Male
    Полска.. А што Русија не е поразвиена од Македонија?
     
  18. Lella

    Lella Форумски идол

    Joined:
    Jan 2, 2013
    Messages:
    5,335
    Likes Received:
    29,194
    Gender:
    Female
    Amen to that!
    Исто така, не е ова само за хомосексуалноста туку и за #AllLivesMatter.
    Привилегираните едноставно не можат да си дозволат нешто да не се врти околу нив, па секое движење за обраќање внимание на проблемите на група луѓе кои се различни од нив, го сфаќаат како напад кон нивната група. Се сеќавам кога се разви и #HeterosexualPrideDay.
    Замисли колку треба да си self-centred и игнорантен за да се преправаш дека ти е загрозена твојата слобода од едно малцинство кое е опресирано секој ден. Па и упорно да им ги расипуваш тие неколку одбрани денови со rubbing in the face на изнасилени повредени чувства.
     
  19. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Joined:
    Jan 6, 2013
    Messages:
    4,859
    Likes Received:
    23,735
    Gender:
    Female
    Хм, тогаш да си останеме со Русија неразвиени и хомофобни држави, м? :D

    Така е! Можеби мене геј парада или пак #BlackLivesMatter движењето не ми менуваат ништо, но треба да се фокусираме на тие што им се потребни вакви нешта бидејќи може да сменат многу.
     
  20. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Joined:
    Jul 26, 2016
    Messages:
    2,593
    Likes Received:
    4,649
    Gender:
    Male
Thread Status:
Not open for further replies.