1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Паради на гордоста

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LGBT, 3 август 2012.

?

Дали поддржувате одржување на паради на гордоста?

  1. Да

    113 глас(а)
    41,7%
  2. Не

    104 глас(а)
    38,4%
  3. Не ме интересира

    54 глас(а)
    19,9%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Касниме.
    Стартуваме парада на гордоста во време кога ЛГБТ движењето го дрмаат внатрешни конфликти, кога постои борба, несогласување и осудувања во самото движење.
    Ако следите и наши луѓе кои се претставуваат како активисти на еден или друг огранок од движењето, ќе видите дека истите тие плукаат по самото движење, што реално е контрапродуктивно и искрено се надевам дека нема внатрешните конфликти да ја уништат парадата туку ќе биде од место на љубов, толеранција и разбирање.
    Би излегла, може и ќе излезам, зошто да не. Т.е. ако сум во државата сигурно ќе излезам.
    А обвинителство треба да се позанимава со профили на интернет кои повикуваат "да земеме ножевите и да излеземе на улица". Знаеме дека само на зборови се јаки, ама јок, така не. Не со закани по живот.
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, WildMk и 8 други им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Да.
    Секогаш има " ама".
    А тоа значи дека не ми пречи и нема да викам "уа" ама нема да се придружам.
    Ќе си стојам на страна.
    Не припаѓам во ЛГБТ заедницата и немам полно право ,еквалите со нив.
    Значи пола хомофоб.
     
    На Tanjamm и LiliBoz им се допаѓа ова.
  3. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    @referentka и да си хомофоб нема што да и се правдаш.

    @Oxymoron
    Кој те напаѓа? На кој не му се даваш? Дали ти си имала проблем со твојата сексуална определеност низ годините? Како ќе биде загрозена твојата благосостојба со ваква парада?

    Дали според тебе е нормално ваква парада?
    Ако е нормално за тебе тогаш бадијала ке дискутираме.
     
  4. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    Груевски е народен херој на кого во Септември и кифлички со ајвар може ќе му се прати, ама битно да ги заколеме луѓето кои сакале личност од ист пол :drunk:
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, 1209 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Уау, супер аргументи :clap: А форумот е за дискусија, па ако не сакаш да дискутираш, одјави се од тука и почни да си пишуваш споменарче.

    Да, нормално е. Мене не ми менува ништо, а на тие луѓе ќе им смени многу, ќе им го смени животот. Не оваа една парада, но и ова е добар почеток за да бидат поприфатени, а понатаму да добијат и право на брак. И ова ќе се случи многу порано од што очекуваш ;)

    Хомофобија ти е океј, следно што е, расизам? Или омраза кон други луѓе според нивната религија, социјален статус, надворешен изглед? Каде ја црташ линијата?
     
    На CameliaMiller, Mr. Right, Purplelilac и 18 други им се допаѓа ова.
  6. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.486
    Допаѓања:
    24.203
    Пол:
    Машки
    - може некој да ми објасни зошто има pride паради
    - *објаснуваат*
    - која е потребата
    - *објаснуваат*
    - кои права им се ускратени
    - *објаснуваат*
    - што им фали
    - *објаснуваат*
    - зошто има потреба од јавно нагласување на сексуалноста
    - *објаснуваат*
    - стварно не ми е јасно

    *од твитер
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, ecka.da.wiz и 18 други им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.224
    Допаѓања:
    162.796
    Пол:
    Женски
    Амин. :lol:



    Ако седиме на форум и дискутираме зошто треба да има парада, најверојатно треба да има зошто не гледаме на луѓе со различна сексуална ориентација како нешто што се случува секојдневно, низ цел свет, туку како ретки случаеви и нешто чудно.

    Луѓе на кои им смета ќе има, и тоа е во ред. Но, момент кога плукаат по како некој друг си живее свој живот - не е во ред. Тоа не е нормално, а сосем е нормално да сакаш некој, од било кој пол.
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, ecka.da.wiz и 8 други им се допаѓа ова.
  8. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    И очекувајте дека на парадава нема да има голем собир како што би се колонилизирале навивачките ботови пример, ами организаторите, out of closet момци и девојки, по некоја фамилија за подршка, по некој другар другарка и по некој странски гостин и тоа ќе е тоа. Ќе си измаршираат културно, ќе си кажат што бараат т.е тоа што им е ускратено. Повеќе од 500-600 луѓе не очекувам, но очекувам политичари и пратеници помеѓу маршерите.
     
  9. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.486
    Допаѓања:
    24.203
    Пол:
    Машки
    Ај некој шо го познава Сашо Тасевски нека му ја влепи една.
     
  10. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Што поточно те загрижува та да мора да му се влепи ? Човекот си кажал убаво кој е каков е и во име на тоа и ќе збори.
    USER_SCOPED_TEMP_DATA_orca-image-2072478152.jpeg_1558466187742.jpeg
     
    На Abeja, Tanjamm и Ма.нев им се допаѓа ова.
  11. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    После толку закани, лоши коментари, викање дека се ненормални и болни, секој чест на тие што ќе излезат.
    Јас да бев геј немаше шанси да излезам. Некој да лечи фрустрации врз мене само дека сакам личност од пол? Не фала, ќе седев дома и ќе ќутев...посебно во Македонија.

    Знам дека парадата е за тоа.
    Да престанат заканите и притисоците, да се освестат луѓето дека сите се исти, дека освен што се заљубени никому не наштетуваат, ама во Македонија луѓето се загавени со години назад и никогаш нема добро да помине нештово.

    Ете и сами читате на темава колку се назад со менталитет.

    Свесна сум дека премногу погрешно размислувам, ама длабоко во себе знам дека ништо нема да се промени.
    Освен што ќе бидат гаѓани со предмети, свиркани, пцуени и навредени друго ништо нема да постигнат во Македонија...Низ светов да, ама во Македонија не.

    Во Македонија само ќе им дадат повод на сељаците да се изживуваат.

    Сочувствувам со геј луѓето кои живеат во мали земји.
    Навистина секоја чест што се борите...Јас одамна би се откажала и би ќутела ако сум геј...Воопшто не земајте пример од мене.
    За поддршка на други би излегла, ама лично за себе не.

    Ви се восхитувам на храброста што кажувате јавно кои сте и што сте :muscle:
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, 1209 и 13 други им се допаѓа ова.
  12. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Лика и прилика на овој добродушен и мирољубив народ, алфа мажјаци со крст на градите и избричени глави, бескорисно смоки меѓу нозете и интелигенција еднаква на онаа од амебата. Позади нив горда женка која едвај го чека јунакот да дојде од борба што потепал педерана, па да му ги измасира нозете и да ги заплакни во лаворче и да му се сврти отпозади.
    Гледам почнале со претњи и закани, не ме чуди, групирања, џукелите секогаш напаѓаат во чопор. :inlove:

    Драги хомофоби, секакви објаснувања ви се дадени, дури и понизни, полни со надеж за одобрување, за прифаќање на нешто кое едноставно не штети никому, најмалце вам и пак ви е малце, и пак не ви е јасно зошто ќе има една ваква парада. Јас ќе ви кажам.
    Пошто така ни сака *******.
    Парада ќе има, убав сончен ден, мирен марш, и дружба со некои ваши кои 'случајно ' ќе се најдат таму или ќе sиркаат одстрана. Ваши дечковци, мажи, браќа, сестри,синови и ќерки, другари и другарки.
    Можете само да пукате по сите шавови, преку тастатурата нормално, и да имате потешкотии да заспиете навечер, јер педераната сонот ви го зема и допрва ќе ви го зема.
    Ете толку можете.
    :handshake:
     
    На CameliaMiller, x.Daisy.x, Mr. Right и 20 други им се допаѓа ова.
  13. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    59.814
    Пол:
    Женски
    Абе нигде ги нема да се тепаат за мито и корупција, премали казни или никакви за луѓе што имаат усмртено индивидуи во Македонија, за сиромаштија, за нефункционална администрација, за крадење како глодање на коски, лажни ветувања, иселувања кои имаат земено преголем замав, утре нема кој да ги лекува, за даноци кои растат а поповите кои се против овие луѓе кои им сметаат си шетаат слободно и од нивни пари џипови возат, за нефункционално образование, за тоа дека новороденчиња ни умираат небаре во плевна со сено се раѓаат, за булинг во училишта, за луѓе кои трујаат животни, за закони за абортуси, за насилство врз жени, за шетање на криминалци на слобода, за штитење како бели мечки одредени луѓе кои треба да скапуваат во затвор...

    Ама затоа палки, колнења, крв и најголеми гадотии искажани за хомосексуалците.

    Д
    Н
    О

    Д
    Н
    А.
     
    На CameliaMiller, LejlaD, Avery и 20 други им се допаѓа ова.
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    Што ќе се бунат Кејти, кога многу од истиве овие силеџии што би се тепале - се дел од пола од проблемиве кои ги наброја... од такви ко нив поповите трупаат пари за џипови, се воспитуваат деца што многу веројатно ќе вршат булинг во училиштата, се согласуваат и со законите за абортуси, па и кучиња трујат оние најголемите агресивци...
    Таа агресивна хомофобија може да е само дел од целокупен џган од луѓе, што на секој начин го туркаат општеството назад...
     
    На CameliaMiller, Avery, Mr. Right и 15 други им се допаѓа ова.
  15. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.083
    Допаѓања:
    110.808
    Пол:
    Женски
    За што ГОРДО ќе парадираат луѓево? :?:
     
    На Shalitra, EvAngelos, Abeja и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    :rofl: :rofl: :rofl:

    Знаеш дека те обожавам.

    Парадата е за пофалба, но не е во ред луѓе да настрадаат, што е можно да се случи со оглед на тоа какви хомофобични и автохомофобични стоки држи напатената земја. Нивниот поглед кон овој настан е со мисла дека станува збор за курчење, иронија и наметнување ,,нездрави" стандарди. Трошење буџет и шарада.
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, 1209 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. 1992g

    1992g Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    9.624
    Пол:
    Женски
    Истите тие хомофоби што ги чека жена дома да им измасира нозе, в прва прилика гледаат да прцнат некој маж у некој ќош :mm:
    Така да на 29 ти ќе има 2 паради, една на латентни педери друга на горди хомосексуалци.
     
    На CameliaMiller, WildMk и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  18. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Не би рекла дека тука ќе се случи такво нешто. Бар не наредни 10год.
    А за што парада? Кој им брни да се сакаат?
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Срамота бе, модератор си
    'ненормални' е говор на омрза, што е против правилата на форумот, кој демек ти го модерираш...

    Катастрофа сте
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, candy.cane и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.438
    Допаѓања:
    15.433
    Пол:
    Машки
    Насилство,зошто не ја подржува парадата?

    И само едно не ми е јасно зошто мотото е ,,Парада на гордоста",кога тука се парадира за се само не за гордост,неможеш да парадираш за нешто за кое молиш а тоа да го представуваш како гордост.
    Поправилно според мене би требало да гласи ,,Протест за правата на ЛГБТ" или ,,Протест за ЛГБТ лицата да бидат прифатени во опшеството",и сл.
    И да сите имаат право на свој став околу ова прашање, како тие што ги подржуваат така и тие што не ги подржуваат и не треба никому да се "правдаат" за тоа!
     
    Последна измена: 22 мај 2019
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.